ЈП „Градски паркинг“- Скопје не сака на лице со попреченост да му дозволи бесплатно паркирање - Канал 5

ЈП „Градски паркинг“- Скопје не сака на лице со попреченост да му дозволи бесплатно паркирање

Гледач на Канал 5 се обрати до напата редакција со молба да го објавиме неговото писмо , во кое наведува дека од Паркинг- Скопје, не му овозможиле да добие бесплатно паркирање со образложемние дека не бил од Скопје.  

ЈП „Градски паркинг“- Скопје не сака на лице со попреченост да му дозволи бесплатно паркирање

Писмото на гледачот во го пренесуваме во целост:

„Поднесов барање за ослободување од плаќање на паркинг на територијата на град Скопје врз основа на мојата попреченост, до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. И покрај доставената комплетна документација (наод, оцена и мислење од три надлежни комисии, потврда за редовен работен однос во Скопје и постојано здравствено следење на територија на градот), моето барање беше одбиено без писмено образложение, а по телефон ми беше соопштено дека ослободување од плаќање важи исклучиво за жителите на градот Скопје.

Потоа, поднесов приговор, но и по изминатиот временски период како што предвидува законот се уште не добив писмен одговор. Следствено на тоа, се обратив и до Општината на Градот Скопје со барање да ми биде доставена правна основа или одлука според која се ограничува правото на повластено паркирање само на скопјани. Одговорот беше идентичен – дека ослободување се однесува само на лица со постојано живеалиште во градот.

Се поставува прашањето:

Дали кога се движам од Тетово кон Скопје, мојата попреченост исчезнува? Како е можно институции на државно ниво да ја признаваат и третираат мојата попреченост како трајна, а институции на локално ниво како што е ЈП Градски паркинг – Скопје, да си земаат за право да ја ограничуваат пристапноста врз основа на живеалиште? Ваквото однесување не само што претставува дискриминација, туку и флагрантно кршење на загарантирани човекови права.

Во овој контекст мора да се истакне дека европската паркинг картичка е создадена согласно Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) со цел да овозможи меѓусебно признавање на правата на лицата со попреченост во сите земји-членки на Европската Унија, вклучително и земјите кои ја ратификувале КПЛП. Оваа картичка не смее да биде предмет на локална ограниченост, ниту условена со постојан престој во одредена општина. Ваквото постапување е спротивно на основниот дух на европската интеграција и мобилноста на лицата со попреченост.

Прашање за размислување:

Доколку лице со попреченост од земја-членка на Европската Унија пристигне во Скопје со важечка Европска паркинг картичка за попреченост, како Градот Скопје ќе постапи? Ќе му биде ли признато ова право согласно меѓународната пракса на заемно признавање на картичките, или ќе му биде одбиено со образложение дека нема постојано живеалиште во Скопје?

Во случај на непризнавање, дали тоа значи дека Град Скопје свесно не ги почитува европските стандарди за мобилност и пристапност за лицата со попреченост, иако Македонија се стреми кон целосна хармонизација со ЕУ регулативите?

Во оваа насока, мора недвосмислено да се напомене дека Македонија ја има ратификувано Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, и не само што има обврска да ја почитува, туку и е должна да ги спроведе сите фундаментални начела во целост.

Се поставува и прашањето:

Дали пристапноста до јавна инфраструктура – како што се обележани паркинг места, тактилни патеки, рампи, звучни семафори и други мерки за пристапност – е резервирана само за жителите на Скопје? Државата и локалната самоуправа имаат обврска согласно КПЛП и домашното законодавство да обезбедат пристапна средина за сите лица со попреченост, без разлика на нивното административно живеалиште. Ако се следи логиката на сегашната одлука, тогаш излегува дека лице со попреченост од друг град не смее да користи рампа, тактилна патека или обележано место, само затоа што не е жител на Скопје. Тоа е апсурдно и претставува флагрантна повреда на човекови права. Со вакви одлуки се создава впечаток дека се спроведува самовластие, каде што поединци самоволно ги толкуваат законите и самоволно ускратуваат загарантирани права, кршејќи ги и меѓународните договори кои обезбедуваат еднаков пристап за лицата со попреченост.

Дополнително, сакам да укажам на уште еден случај на системска дискриминација со кој се соочив неодамна. Поднесов барање за ослободување од плаќање на патарина врз основа на мојата попреченост. Во одговорот кој го добив, беше наведено дека не може да ми биде одобрено ослободување бидејќи немам возило во сопственост.

Се поставува суштинско прашање:

Дали постои возило што може да го управува лице со потполно оштетен вид и бело стапче?

Дали слепо лице може да чита сообраќајни знаци и самостојно да учествува во сообраќајот како возач?

Јас како лице со 100% оштетен вид не можам да бидам возач, ниту тоа некогаш ќе биде возможно според законот. Секогаш сум и ќе бидам патник, што не значи дека немам потреба од ослободување од патарина, бидејќи трошоците и ограничувањата на мобилноста ми се исто така реални и секојдневни, а правото се остварува врз основ на попреченост.

Покрај тоа, ми беше побарана членска книшка од здружение како задолжителен документ за реализација на ова право. Овој услов е во директна спротивност со Член 20 од Уставот на Македонија. Исто така, е спротивен и на Член 20, став 2 од Универзалната декларација за човекови права, каде е утврдено:

„Никој не смее да биде принуден да припаѓа на некое здружение.“

Се поставува прашањето:

Кој и со кое овластување во Македонија им дава право на институциите или службениците да ги игнорираат уставните и меѓународните норми, и да условуваат остварување на право со членство во здружение, наместо со валидна медицинска документација и призната здравствена состојба?

Ваквите одлуки и услови претставуваат флагрантна повреда на човекови права, дискриминација и повреда на правна сигурност. Лицата со попреченост не смеат да бидат казнети со дополнителни административни бариери, туку напротив – треба да им се овозможи пристапност и еднаков третман, како што тоа го бараат Уставот, Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и Универзалната декларација за човекови права.

Стојче Иваноски

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, размислува за враќање во Спортинг Лисабон откако ќе му истече договорот со саудискиот клуб ова лето, објави „Калчомеркато“, повикувајќи се на „беИН Спортс“.

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

Според изворот, Роналдо (40) би можел да го замени напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓекереш, за кој има интерес од многу европски клубови. Роналдо е подготвен да се согласи на намалување на платата за да ја заврши кариерата во клубот од кој ја започна.

Оваа сезона, Роналдо одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 33 гола и имаше 4 асистенции.

Роналдо е дете на Спортинг, каде што беше член од 1997 до 2003 година.

Собранието повторно на едночасовна пауза

Собранието повторно не може да го утврди дневниот ред на 48-та седница, бидејќи на барање на пратеникот Сашо Јанчев од Левица е на пауза до 14:30 часот. 

Собранието повторно на едночасовна пауза

Јанчев, како што посочи, во процедурално барање на секоја седница ќе бара едночасовна пауза се додека генералниот секретар на Собранието не одговори на барањето на пратеничката Јована Мојсоска од Левица за добивање информација за висината на патните трошоци и станарината што им е платена на некои пратеници.

Собранието и претходно до 13:00 часот беше на едночасовна пауза која во процедурално барање ја побара координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски. Тој го обвини претседателот на Собранието Африм Гаши за злоупотреба на процедурите при утврдувањето на дневниот ред на денешната седница и побара пауза за да се утврди тоа.

На почетокот на седницата пратениците одлучија по скратена постапка да се донесат предлог законите за изменување и дополнување на Законот за оружјето и на Законот за употреба на македонскиот јазик, како и предлог законот за дополнување на Законот за работни односи.

Не помина барањето за ставање по скратена постапка законското решение за утврдување надомест за семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и за повредените од тој немил настан, како и барањата од денвиот ред да се тргнат Предлогот за разрешување и именување претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање.

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Македонија

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри новата  Стратегија  за Македонија за следните пет години (2025-2030).

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Македонија

Канцеларијата на ЕБОР во Скопје денеска соопшти дека стратегијата се фокусира на стратешките приоритети на земјата: Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина и Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија

Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Македонија, истакнува дека новата Стратегија ја определува јасната и амбициозна визија на ЕБОР во следниве пет години, фокусирајќи се на продлабочување на регионалната интеграција, забрзување на зелената интеграција, и градење на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија.

- Преку инвестирање во отпорна инфраструктура и поддршка на развојот на ланецот на вредности, се стремиме да ѝ помогнеме на земјата да ја зајакне улогата во регионалната економија. Во исто време, нашата определба за декарбонизација и одржливи јавни услуги ќе го поддржи патот на земјата кон позелена иднина. Ќе продолжиме да го промовираме растот на приватниот сектор, демографијата, ќе го подобриме владеењето и ќе ја зајакнеме економската инклузија, особено за жените, младите и помалку застапените групи. Со силно локално партнерство и заедничка реформска агенда, уверен сум дека Македонија е добро позиционирана да го отклучи целосниот потенцијал и да постигне уште подраматичен и инклузивен раст во годините кои следат, вели Туркменоглу.

ЕБОР е водечки инвестициски инвеститор во Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.

притисни ентер