Јовиќ пред натпреварот со Нексе: Од моите играчи барам лавовска борбеност - Канал 5

Јовиќ пред натпреварот со Нексе: Од моите играчи барам лавовска борбеност

Тренерот на РК Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ побара максимално залагање од неговите ракометари на секој натпревар, почнувајќи од утрешниот со Нексе.

Јовиќ пред натпреварот со Нексе: Од моите играчи барам лавовска борбеност

- Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар па на секој нареден ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барам лавовска бобреност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена. Битола е најракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата.

Гоце Ојлески верува дека новиот стручен штаб ќе донесе позитивни промени во играта.

- Знаеме дека Нексе е квалитетен противник и квалитетна екипа. Секоја година цели високо и не треба да трошиме зборови за нив. Не сме комплетни, но со нов стручен штаб и со нова енергија ќе се обидеме да дадеме максимум и ќе се обидеме да издвојуваме позитивен резултат.

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Нексе од 4. коло во регионалната СЕХА-лига ќе се игра утре од 18 часот во Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.

Сиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес.

Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности бараат храбро и одговорно лидерство, водено од заедничките интереси и солидарноста, а не само од парцијалните.

Според неа, процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.

Повикувајќи се на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов дека „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, таа предупреди на потребата од дебалканизација преку европеизација.

За неа, европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа.

Сиљановска-Давкова повика на регионална одговорност, како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Учениците ќе учат основи на програмирање и сајбер безбедност преку micro:bit уреди

Проектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година.

Андоновски: Учениците ќе учат основи на програмирање и сајбер безбедност преку micro:bit уреди

Во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница денеска беше означен почетокот на проектот „Училишта на 21 век – Фаза 2“, партнерска иницијатива насочена кон развој на дигитални вештини, критичко размислување, практично учење и примена на современи технологии во образовниот процес.

Проектот се реализира во партнерство меѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком, со заедничка поддршка од над 350.000 евра. Проектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година.

Во оваа фаза ќе бидат опфатени 100 училишта од целата држава, повеќе од 20.000 ученици на возраст од 9 до 10 години, како и околу 1.000 наставници од одделенска настава. Наставниците ќе поминат обуки за користење на micro:bit уреди и современи дигитални алатки во наставата, а учениците ќе развиваат знаења и вештини од програмирање, сајбер безбедност, критичко размислување, решавање проблеми и основни концепти на вештачката интелигенција.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека проектот е важен чекор кон вистинска дигитална трансформација во образованието, преку која технологијата станува алатка за учење, создавање и развој на самодовербата кај учениците.

„Проектот ќе биде наменет за цела Македонија, опфаќа вкупно 100 училишта и повеќе од илјада наставници кои ќе поминат обука каде ќе се стекнат со вештини како да ги користат овие micro:bit уреди во нивната настава. Зборуваме за четврто и петто одделение, а уредите ќе се употребуваат во сите наставни предмети. По сите наставни предмети ќе може да се прават проекти со micro:bit уреди, преку кои учениците ќе учат основи на програмирање и основи на сајбер безбедност. Очекувам од материјалите што ќе ги произведеме, меѓу кои и прирачници, и наставниците во погорните одделенија да ги користат micro:bit уредите и да работат на реални проекти“, изјави Андоновски.

Целта е учениците да не бидат само корисници на технологија, туку да учат како да создаваат, да размислуваат логички, да решаваат проблеми и да работат со современи дигитални алатки.

Во рамки на партнерството, Македонски Телеком дополнително ќе опреми пет училишта низ Македонија со компјутерска опрема. Првата донација на компјутери беше реализирана токму во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница, каде што се одржа и настанот за почеток на проектот.

Проектот предвидува и онлајн консултации, онлајн micro курс, како и два Coding Challenge настани, преку кои учениците ќе можат да ги претстават своите идеи, креативност и стекнато знаење.

„Училишта на 21 век – Фаза 2“ придонесува кон модернизација на образованието и подготовка на младите за дигиталната иднина. Програмата ќе им помогне на учениците да стекнат вештини кои сè повеќе се бараат на идниот пазар на труд, меѓу кои аналитичко размислување, креативност, технолошка писменост и иновативност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Роаминг наместо реформи

ВМРО-ОКГ и Мицкоски денес се фалат со „Роаминг како дома“, како да се тоа нивен голем успех и како да го покренале токму тие.

СДСМ: Роаминг наместо реформи

Да разјасниме: Ова не е проект покренат и реализиран од ВМРО. Ова е европска политика која важи во целата ЕУ и која ја спроведуваат сите земји кандидати за членство.

Процесот е потпишан и започнат уште во времето на владата предводена од СДСМ.

Наместо да работат на она што е навистина важно, на реформите - ВМРО се фали со нешто што и онака мора да се направи.

Додека се фалат со роминг, граѓаните немаат пари за патувања, а оние кои сепак одат мора да чекаат и по 10 часа на граница.

Толку за „олеснување на животот на граѓаните“.

На реформите работеле толку „успешно“ што единствениот закон што се обиделе да го протуркаат - Законот за судскиот совет, Европа го врати на повторно реформирање. Толку за нивната посветеност на европскиот пат.

Мицкоски и неговата банда не сакаат правосудство затоа што тоа значи независно европско правосудство. А независно правосудство значи дека повеќе нема да можат да наредуваат на обвинителите од собраниската говорница, преку медиуми или по телефон. Нема да можат да најавуваат пресуди во живо во своите програми.

Тогаш доаѓа одговорноста и некој ќе мора да одговара за грабежот на државата.

Затоа Мицкоски и ВМРО не сакаат реформи. Затоа нема напредок кон Европа.

Затоа што Европа носи правда, а правда значи крај на заштитата на криминалот и корупцијата.

Доста е со лаги. Реформи сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер