3Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
РакометЈовиќ: Крајот на 2017-та да го прославиме со победа заедно со нашата публикаРакометарите на Металург утре ќе го одиграат последниот натпревар пред својата публика 2017 година.Тимот од Автокоманда во рамките од 11. коло на регионалната СЕХА лига, ја пречекува екипата на Динамо од Панчево, тим кој е зад македонскиот вицепрвак на осмото место на табелата со два бода помалку. Динамо е едена од трите екипи кои Металург успеа да ги победи во единаесетте натпревари одиграни досега во СЕХА конкуренцијата, па затоа тимот од Автокоманда овојпат ќе ја има улогата на фаворит, за која тренерот Александар Јовиќ смета дека е дополнителен товар за неговите избраници. - Не очекува тежок натпревар со Динамо Панчево. Но, кога и да сме фаворити на некоја средба играме многу тешко, додека, пак, кога играме со поквалитетни екипи играме добро само 45 минути, а потоа имаме голем пад. Натпреварот против Динамо Панчево можеме да го добиеме само со дисциплинирана одбрана и брза транзиција во напад. Ќе треба да постигнуваме лесни голови во контра, во нападот да имаме дисциплина и да се знае што играме од првата до последната минута. Се надевам дека крајот на 2017 година ќе ја прославиме со победа, заедно со нашата публика, изјави тренерот на Металург, Александар Јовиќ на денешната прес-конференција. Според Александар Гуглета не смееме да се опуштиме, без разлика што победивме во Панчево. - Викендов и тие играа дерби натпревар со Војводина и победија. Не смееме да дозволиме големи падови во играта. Се надевам дека ќе играме дисциплинирано, исто како што одредено време игравме против Вардар и дека ќе славиме победа. Сакам да ги повикам сите навивачи да дојдат во салата и да помогнат, бидејќи натпреварот е од хуманитарен карактер, рече Гуглета. Утрешната средба меѓу Металург и Динамо ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во терминот од 16:15 часот. Ден подоцна шампионот Вардар гостува во Словенија, кај Горење Велење, во меч во кој црвено-црните важат за апсолутни фаворити, односно ќе се обидат да го задржат максималниот ефект во оваа конкуренција./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПорше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!Порше ќе ги пресметува своите емисии на CO2 во Европа заедно со кинескиот производител на автомобили „Xpeng“ наместо со групацијата Фолксваген во 2026 и 2027 година.Овој потег треба да ѝ олесни на групацијата Фолксваген да ги исполни европските цели за емисии и да го намали ризикот од големи казни, според нов извештај во кој се цитира аналитичарот Матијас Шмит. Со исклучување на Порше од просекот на групата, Фолксваген ќе може да го подобри својот вкупен резултат. Просечните емисии на групацијата Фолксваген во Европа во 2025 година, вклучувајќи го и Порше, беа 100 g/km, додека целта на Европската Унија беше 93,6 g/km, објавува „CarScoops“. Доколку производителите не ги исполнат целите, казната е 95 евра за секој грам CO2 над дозволената граница по возило. Вкупните казни за групацијата Фолксваген за периодот од 2025 до 2027 година би можеле да достигнат дури 1,5 милијарди евра. Порше би можел дополнително да влијае на просекот на групата, бидејќи продажбата на неговите електрични автомобили во Европа ослабе. Побарувачката за „Taycan“ и целосно електричниот „Macan“ особено е намалена, додека компанијата се насочува повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување. Не е познато колку „Porsche“ ќе му плати на „Xpeng“ за обединување на емисиите. Сепак, очигледно се проценува дека таков договор е финансиски поповолен од ризикот „Volkswagen Group“ да ги надмине дозволените вредности и да плати високи казни. „Xpeng“ продаде околу 19.000 електрични автомобили во Европа во првите шест месеци од оваа година, што е раст од 126 проценти во споредба со истиот период минатата година. Алијансата „Porsche-Xpeng“ останува отворена за други производители на автомобили кои сакаат да се приклучат. Производителите можат да формираат или да ги менуваат овие групи до 31 декември. Извор: Б92Тагови: Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнглеов: Спречена е голема катастроф во битолско ЛозаниОгнена линија долга неколку километри.Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае. Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа. Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување. Тагови: ДЗС стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружбаГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00