Јовиќ го објави широкиот список од 22 ракометари пред ЕП - Канал 5

Јовиќ го објави широкиот список од 22 ракометари пред ЕП

Александар Јовиќ селекторот на младата машка ракометна селекција го објави поширокиот списокот од 22 ракометари, кои од денес ги започнува подготовките за настап на Европското првенство во Данска, кое ќе се игра од 28 јули до 7 август.

Јовиќ го објави широкиот список од 22 ракометари пред ЕП

Очекувано, најголемиот дел од ракометарите доаѓаат од двата тима на Металург, и тоа предводени од Филип Талевски и Филип Кузмановски на кои овојпат ќе им се приклучи Марко Нелоски кој подолг период поради повреда беше надвор од терените.

На поширокиот список на Јовиќ се следниве ракометари:
Голмани: Мартин Томовски (Металург), Никола Даниловски (Пелистер), Илија Трпевски (Вардар), Марко Кизиќ (Вардар 2)
Кружни напаѓачи: Андреј Маркудов (Пелистер), Филип Арсеновски (Металург) и Милан Лазаревски (Металург 2).
Бекови: Филип Талески (Металург), Филип Кузмановски (Металург), Горан Крстевски (Металург), Марио Танкоски (Металург 2), Марко Нелоски (Металург), Тоше Ончев (Вардар 2), Александар Димовски (Вардар 2), Мартин Велковски (Металург), Мартин Серафимов (Металург), Стефан Трпчевски (Вардар 2),
Крила: Давор Палевски (Металург), Глигор Гајиќ (Работнички), Димитар Димитриоски (Металург 2), Томислав Јагуриновски (Металург), Мице Шилегов (Металург 2)

Подготовките ќе стартуваат во салата во Автокоманда, во Скопје.

Македонските јуниори на ЕП за играчи до 20 годнини, се во силна група каде за протовници покрај домаќинот Данска, ќе ги имаат и селекциите на Норвешка и Холандија, а пласман во следната фаза ќе обезбедат првите две екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко и син пронашле заб, што му припаѓал на огромно чудовиште старо 3,6 милиони години (ВИДЕО)

Прошетката по плажата во Њу Џерси се претвори во неверојатна авантура за Мајкл Бауерс (42) и неговиот 11-годишен син, Бум.

Татко и син пронашле заб, што му припаѓал на огромно чудовиште старо 3,6 милиони години (ВИДЕО)

Тие случајно пронајдоа огромен заб од чудовиште и сфатија дека мора веднаш да им го покажат на експертите, објавува Њујорк пост.

Заглавени во тесен отвор

„Никогаш ни во милион години не би помислил дека ќе најдеме нешто вакво. Мојот син беше без зборови“, рече подоцна Бауерс.

Таткото и синот одеа по карпест насип кога го забележаа забот - заглавен во тесен отвор. Бауерс не можеше да ја протне раката низ пукнатината и да го извади, но неговиот син го стори тоа без поголеми проблеми.

„Колената ми се тресеа“, рече Бауерс, објаснувајќи дека експертите подоцна потврдија дека станува збор за заб од мегалодон, огромна праисториска ајкула.

Овој морски предатор можел да порасне до 18 метри и изумрел пред повеќе од 3,6 милиони години.

YouTube video

Особено значајно откритие

Фосилите од ова праисториско суштество се многу ретки во Њу Џерси. Според Државниот музеј, во таа држава се пронајдени помалку од пет мегалодонски заби.

Тоа го прави откритието на семејството Бауерс особено значајно.

Истражувачите веруваат дека забот веројатно бил исфрлен на брегот за време на проект за рекултивација и реставрација на плажата што го спроведе американската армија во јули.

За време на таквата работа, песок се носи од области далеку од брегот и се користи за проширување или реставрација на плажата. Доколку материјалот бил земен неколку километри од брегот, фосилниот заб можеби бил транспортиран со него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

И утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

20 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Маврови Анови, Претор, Берово, 32 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 33 Битола, 34 Виница, Тетово, Штип, 35 Велес, 36 Зајчев Рид, Струмица, Кавадарци, 37 Демир Капија, 38 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)

Салма Хајек (59) стана баба. Нејзиниот посинок Франсоа Пино помладиот и неговата сопруга Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк го добија своето прво дете, син кого го крстија Франсоа.

Салма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)

Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино (64), со кого има 18-годишна ќерка, Валентина, и е маќеа на неговите деца од претходни врски - Франсоа (38), Матилда (25) и Огистен (19).

Откри како ќе се вика внукот

Во неделата, актерката сподели видео на Инстаграм во кое го држи внукот во раце и му зборува на шпански. Таа откри дека момчето се вика Франсоа, со што ја продолжува семејната традиција, но и дека веќе му го дала својот прекар - Панчито.

„Благословени сме што ја пречекуваме четвртата генерација во семејството што ќе го носи името Франсоа. Сепак, ќе го викам Панчито. Се чини дека му се допаѓа и не би можела да го сакам повеќе од мене“, напиша Хајек.

Објавени се и првите семејни фотографии.

Мајката на момчето, Лара, објави неколку фотографии од својот син минатата недела, а Салма Хаек со нејзиниот внук е на една од нив.

„Мојот сопруг (најкул Франсоа на светот) и нашиот син (најслаткиот Франсоа на светот)... нашиот прв месец како родители“, напиша Лара покрај фотографиите.

„Секогаш сакав да имам многу деца“

Хаек стана маќеа откако се омажи за Франсоа-Анри Пино во 2009 година. Нивната ќерка Валентина се роди две години претходно, во 2007 година. Со текот на годините, актерката често зборуваше за тоа колку ѝ значи големо семејство.

„Отсекогаш сакав да имам многу деца, но не можев. Чудо е што успеав да родам едно дете. Голем благослов е што мојот сопруг има уште три деца. Значи, јас имам четири и сите се сосема различни“, изјави таа за списанието „Ред“ во 2017 година.

Сега малиот Франсоа, или Панчито, како што Хајек одлучи да го нарече, се придружи на нивното големо семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер