МакедонијаЈовевски: Покачувањето на пензиите кое што го направи оваа Влада е добар чекор Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика на претседателот на Владата на Македонија во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ зборуваше за платите во јавниот сектор .Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика на претседателот на Владата на Македонија во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ зборуваше за платите во јавниот сектор каде потенцираше дека владата сака да направи се да се стабилизира целиот систем на плати, а потоа и да се пристапи кон системско решение со кое ќе се обезбеди достоинствена плата за достоинствена работа. „Она што забележувам е дека оваа влада сака да ја стави под контрола висината на платите во јавниот сектор. Се случува да имате институции каде административните службеници во одредено министерство земаат една плата, а одредени даватели на услуги или друг тип на извршители кои што имаат други работни задачи земаат двократно, трократно повисоки плати. Сето тоа доведе до една какафонија во однос на платите, до една нелојална конференција, до незадоволство кај вработените, едни земаат, други не земаат, едни склучиле колективен договор веднаш, другите реагираат зошто и ние да не склучиме, па зошто се тие привилегирани и слично и сето тоа создаваше еден домино ефект на незадоволство и паѓање во продуктивноста во јавниот сектор. Она што сега се случува е да се стабилизира целиот систем на плати во државата односно она што Владата со социјалните партнери односно синдикатите се обидува да направи е да оние гранки од јавниот сектор како што е образованието, здравството, полицијата да дојде до стабилизација на платите, а потоа да се пристапи кон системско решение, законско кое ќе значи уредување на прашањето на платите од страна на владата, социјалните партнери, синдикатите на која што ќе биде обезбедена достоинствена плата за достоинствена работа“, рече Јовевски. Јовевски во текот на своето гостување се осврна на зголемувањето на пензиите кое го направи оваа Влада и укажа дека математиката за зголемување на пензиите е неприкосновена. „Јас со претседателот, но и со економскиот тим на претседателот уште во рамки на опозиција и всушност математиките, економските параметри покажаа дека во суштина зголемување на платите е можно, линеарно како што се случи на две рати, во рамки на една или помалку од една година во однос на пензиите и би рекол математиката е неприкосновена и заклучи: „Kога ќе ги видите бројките, кога ќе видите дека има одредени средства кои што можат да се вложат во рамки на покачување на стандардот и достоинството на пензионерите, мислам дека немаше друг заклучок освен тоа дека треба да се пристапи кон зголемување на пензиите“. Јовевски порача дека покачувањето на пензиите е добар чекор, а доказ за тоа е што 90% па и повеќе од населението со радост го прифатија и дека тоа влијае на стабилизација на стандардот и на достоинствениот живот на граѓаните. „Тоа што ние го направивме во овој момент е во суштина обезбедивме едно покачување на пензиите кое што навистина мислам дека 90% па и повеќе со радост ја прифатија, генерално целокупното општество и граѓаните затоа што тоа се наши фамилии, нашите пријатели така да дефинитивно сметам дека тоа е еден добар чекор и влијае на стабилизација на стандардот и на достоинствениот живот на граѓаните генерално“, заклучи Јовевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter