Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)
ДЗР: Утврдени неправилности во управувањето со имотот, инвестициите и човечките ресурси во АД МЕПСО- Скопје
1Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)
2ДЗР: Утврдени неправилности во управувањето со имотот, инвестициите и човечките ресурси во АД МЕПСО- Скопје
3Сообраќајот на државните патишта се одвива непречен, nа ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила
МакедонијаЈовева за Канал 5: На македонскиот народ и јазик не му треба дозвола од никој за да постоиИдентитетот не може да се земе ни со лоборање, ни со гласање порача словенечката европратеничка Ирена Јовева со потекло од Македонија во ексклузивен разговор за Канал 5 телевизија.Со неа разговараше Јован Ѓорговски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДва разорни земјотреси ја потресоа Венецуела се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен (ВИДЕО)Два разорни земјотреси ја потресоа Венецуела загинаа најмалку 32 лица , а најмалку 700 се повредени,се проценува дека бројот на жртвите ќе биде огромен.Земјотресите соборија голем број згради. Луѓето во урнатините бараат помош. Во Каракас прогласена е вонредна состојба. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според рихтеровата скала. Главниот аеродром во Каракас е затворен, возовите не сообраќаат, обемот на штетата сè уште се проценува, но се верува дека е огромна. Зградите се без струја, а метрото е целосно затворено, јавува Ванеса Силва од Би-Би-Си од Каракас. Земјотресите, можеа да се почувствуваат дури до Богота, Колумбија. Венецуела славеше национален празник , а многу луѓе биле дома кога се случија земјотресите. Тагови: Венецуела земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
МакедонијаДЗР: Утврдени неправилности во управувањето со имотот, инвестициите и човечките ресурси во АД МЕПСО- Скопје АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електропреносниот систем. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Операторот на електропреносниот систем на Република Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост Скопје, (АД МЕПСО Скопје) за 2024 година. Ревизорите утврдија дека, иако надлежните служби во континуитет преземаат активности за усогласување на работењето на друштвото со позитивните законски акти, утврдени се слабости во евиденцијата и регулирањето на сопственоста на електропреносната инфраструктура, вклучително и земјиштето. Дел од имотот нема уреден правен статус, a има и имот за кој нема точна сметководствена евиденција. Преносната мрежа на АД МЕПСО Скопје интегрира 112 далекуводи, при што за 53 далекуводи запишано е правото на сопственост во Агенцијата за катастар на недвижности, додека за 59 далекуводи друштвото не располага со имотни листови . За овој имот отпочнати се постапки за утврдување на правниот статус, но истите се сложени и долготрајни поради големиот број локации и нерешените имотно-правни односи, а во одредени случаи не може да се утврди основот за стекнување на правото на сопственост. Сѐ уште, постојат нерешени имотно-правни прашања во врска со 33 трафостаници кои се во заедничка сопственост на АД МЕПСО Скопје и ЕВН Македонија АД , при што за истите запишано е право на сосопственост само на ЕВН Македонија АД или се во постапка на запишување на права на сопственост/постапка на преземање. Друштвото во повеќе наврати иницирало постапки за решавање на сопственоста на трафостаниците. Во 2025 година формирана е заедничка работна група, која договорила процесот да се реализира во два фази, преку меѓусебен пренос на право на сосопственост (соодветен идеален дел) на трафостаниците запишани на име на секое од друштвата, додека за неизложените трафостаници утврдување на фактичката состојба и конечно уредување на сопственичките права продолжува. Дополнително утврдено е дека со расположливите податоци во воспоставената сметководствена евиденција на далекуводите и трафостаниците (евидентирани се по делови, на различни сметки за градежни објекти, постројки и опрема и со неусогласени називи) не е можно да се потврди нивниот број и вредност. Оваа состојба влијае на висината на тарифата за пренос на електрична енергија, која се утврдува со одлука од страна на РКЕ, а врз основа на сметководствените податоци и финансиски евиденции доставени од страна на АД МЕПСО Скопје. Материјалните средства во подготовка не се правилно признати и евидентирани , при што дел од нив се однесуваат на завршени проекти кои не се ставени во употреба (74.176 илјади денари или 1.202.200 евра), а за дел не може да се потврди нивната состојба, потреба и оправданост поради недостиг на документација (19.100 илјади денари). Поради ненавремено признавање на овие средства не бил пресметан и признат трошок за амортизација во претходниот и тековниот период, што влијание и на остварениот финансиски резултат од работењето. Исто така, на остварениот резултат од работењето за 2024 година влијае и не искажаниот трошок по основ на расходувани средства со сегашна вредност од 16.386 илјади денари утврдени по попис, како и непресметаната амортизација на дел од ново набавените материјални средства и инвестициите со кои се зголемува корисниот век на употреба, капацитетот и функционалноста на средствата во вкупен износ од 16.419 илјади денари . Ревизорите во извештајот обелоденуваат дека во изминатите тринаесет години АД МЕПСО реализира значајни инвестициски активности за изградба, реконструкција, ревитализација и модернизација на електропреносната мрежа , при што е утврдено дека степенот на нивна реализација се движи од 9% до 62% . Кај дел од проектите постои зголемување на вредноста на склучените договори, пролонгирање на рокот за нивната реализација, а два договори кои делумно биле реализирани се раскинати. Kај три проекти има зголемување на вредноста на првично склучените договори, при што најголемото зголемување од 51% (1.481.657 евра) е кај проектот "Ревитализација на 110kV ДВ ТС Скопје 4-ТС Велес" чиј износ по зголемувањето изнесува вкупно 4.393.609 евра, додека најголемото пролонгирањето од пет години и осум месеци е кај проектот “Реконструкција на 110kV Далекувод ТС Битола 1-ТС Прилеп”. Истовремено за проектот "Изградба на ДВ 110 kV ТС Валандово - ТС Милетково", иако во јуни 2024 година одобрен е заем од ЕБРД во износ од 26.400.000 евра, сè уште не се започнати активности за изградба, поради што за одобрување на заемот и провизија за неповлечени средства платени се 155.672 евра (22.205 евра во 2024 година). Овие состојби негативно влијаат врз модернизацијата и сигурноста на преносната мрежа и упатуваат на потреба од поефикасно управување со инвестициските проекти. АД МЕПСО Скопје користи повеќе кредитни линии од меѓународни финансиски институции за финансирање на инвестиции, при што значителен дел од одобрените средства не е повлечен, што резултира со дополнителни трошоци за провизии и камати. Вкупниот износ на одобрени тековни заеми изнесува 102.400.000 евра, од кои 52% или 53.434.992 евра не се повлечени, за што во 2024 година платена е провизија во износ од 245.629 евра (2.633.953 евра за периодот откако се одобрени заемите, се до крајот на 2025 година) . Заклучно со 2024 година, за земените заеми, платени се провизии за одобрување и неповлечени средства, како и камати во вкупен износ од 8.996.052 евра, што претставува 8,8% од вкупниот износ на одобрени заеми. Ненавременото користење на заемите го зголемува финансискиот товар и ја забавува реализацијата на стратешките проекти за електропреносниот систем. Побарувањата по дадени заеми на акционерски друштва во државна сопственост изнесуваат 591.990 илјади денари (приближно 9.594,652 евра) и истите се повеќе од 10 пати зголемени во однос на 2020 година. Давањето заеми не е основна дејност на АД МЕПСО Скопје, поради што ваквата практика негативно влијае врз ликвидноста и финансиската состојба на друштвото. Дел од побарувањата на друштвото (12%) се постари од три години , при што најголем дел од нив се побарувања по основ на предизвикан дебаланс од страна на правни лица – трговци на електрична енергија (БОС), како и на побарувања за користење на прекугранични преносни капацитети. За наплата на доспеаните побарувања преземени се мерки преку репрограмирање и извршни постапки, но за одредени предмети кои се од постар датум не беа образложени причините кои довеле до состојба побарувањата да не се наплатат. Имајќи ја во предвид старосна структура на побарувањата, како и неизвесноста на долготрајните извршни постапки, истакнуваме дека постои неизвесност во однос на нивната наплата. Со извршената ревизија утврдивме дека приходите од основната дејност – пренос на електрична енергија бележат раст , главно поради повисоките тарифи за пренос, иако количината на пренесена енергија има благ пад. Истовремено, приходите од прекуграничните преносни капацитети значително се зголемуваат, дебалансите во преносната мрежа покажуваат тренд на стабилизирање, а загубите во мрежата се намалуваат, иако трошоците за нивно покривање остануваат под влијание на цените на електричната енергија. Кај 65% од нововработените лица (45) утврдени се неправилности во однос на исполнувањето на условите од јавниот оглас и актот за систематизација и распределбата на работните места, а кај дел од нив кратко по вработувањето е извршено прераспределување или унапредување. Во 2024 година АД МЕПСО Скопје беше цел на сајбер напад кој предизвика привремена недостапност на дел од ИТ системите и податоците, без притоа да биде нарушен преносот на електрична енергија. Настанот укажа на потребата од дополнително зајакнување на сајбер безбедноста преку технички и организациски мерки. Во извештајот ревизорите ја потенцираат потребата од санирање на оштетената фасада во 2020 и 2021 година, за чија реконструкција и адаптација во периодот од 2013 до 2018 година биле потрошени 547.058 илјади денари, односно приближно 8.866.400 евра . Со ревизијата утврдени се и други состојби кои се однесуваат на извршениот попис, расходувани средства, пријавената кражба, реализацијата на Годишната инвестициона програма, начинот на финансирање на синдикалните организации при АД МЕПСО Скопје, отчетноста на ангажираните лица преку авторски договори, начинот на доделување спонзорства и донации и други состојби кои имаат влијание врз работењето на друштвото.Тагови: ДЗР мепсо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречен, nа ГП Богородица има зголемена фреквенција на возилаНа останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин “Богородица” има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter