Јовева, прва пратеничка со македонско потекло во ЕП : Во Брисел владее оптимизам за датумот - Канал 5

Јовева, прва пратеничка со македонско потекло во ЕП : Во Брисел владее оптимизам за датумот

Франција не е априори против влезот во Европската унија на државите кои ги исполнувата критериумите.

Јовева, прва пратеничка со македонско потекло во ЕП : Во Брисел владее оптимизам за датумот

Париз не се противи, но таму фокусот во моментов го става на реформите на самата Унија.

Ова во интервју за МИА го порача европратеничката од Словенија, Ирена Јовева, која е прва пратеничка со македонско потекло во Европскиот Парламент. Таа вчера беше избрана за прва потпретседателка на делегацијата помеѓу ЕУ и Македонија.

Во интервју за МИА, таа говори за нејзините очекувања за нашата земја во октомври како и во наредните пет години и изразува оптимизам дека кон средината на следниот месец Европскиот совет ќе одреди датум за почеток на преговорите, нагласувајќи оти тој оптимизам е мошне видлив во Брисел.

Како единствена пратеничка со македонско потекло во овој мандат на Европскиот Парламент и член на делегацијата ЕУ-Северна Македонија, кои се вашите желби или амбиции за земјата во наредните пет години?

Јас сум родена во Словенија со македонско потекло и горда сум и на Словенија и на Северна Македонија. Мојата прва желба е сега Северна Македонија да добие зелено светло за да почнат преговорите, сите знаеме дека ќе биде долг пат, сигурно нема во наредните пет години да стапи во ЕУ, прво што треба за луѓето е некаков позитивен сигнал и мојата желба е сега да се добие тоа зелено светло и да се оди напред.

Дали мислите дека е изводливо сега на 15-ти октомври да се добие тоа зелено светло, кои се вашите информации?

Мислам дека да, по ходниците ако можам така да кажам, се зборува со оптимизам, барем за Северна Македонија, сега очекувам дека ќе се даде зелено светло и дека ќе се почне да се оди напред.

Мислите дека ќе се одвои од Албанија?

Има различни информации, има сценарија според кои ќе се одвојат на крајот, не знам што ќе се случи.

Бидејќи сте дел од групата на Либералите каде членува и партијата на претседателот Макрон, а знаеме дека Франција е еден од противниците, какво е расположението кај вашите француски сопартијци околу преговорите?

Не знам дали можам да кажам дека се баш противници, колку што гледам од разговорите со нив, дали е затоа што разговараат со мене, но немам чувство дека се баш против, само сакаат ЕУ да се реформира и после тоа да почне да се проширува, но тоа не значи дека тие не се за да влезат тие држави што ги исполнуваат критериумите, но тоа е сѐ, тие не се априори против.

А дали се против датумот во октомври?

Порезервирани во смисла не сакаат јавно да расправаат околу тоа, но јас мислам на крајот Макрон – ќе биде сѐ во ред.

Доколку нема датум, или повторно биде одложен, мислите ли дека постои ризик Северна Македонија да се оддалечи од европските цели?

Да, јас мислам дека веќе неколку години постои тој ризик, сега само може да се продлабочи бидејќи луѓето, и кога разговарам со мојата фамилија, се многу разочарани, навистина заслужуваат нешто да добијат да има некаква надеж, да се почне. И мислам дека ЕУ толку време, ако ветиш нешто и ако една држава го направи сето тоа, го смени името, мислам дека нема никаква причина да не се почне. Секако дека се тука и реформите, не е сѐ перфектно, но треба да се почне.

Во однос на внатрешната ситуација и на реформите, кои би биле вашите главни забелешки кон Македонија во овој момент?

Најактуелната афера ја знаеме сите, за жал. Иако сега е малку смирена работата и тука во Брисел, во ЕУ нема голема причина да кажат дека нема да има ништо во октомври, но секако е некаков доказ дека Македонија има уште многу, многу работа со реформите.

Претпоставувам дека се однесува на законот за јавно обвинителство... бидејќи преговорите се закочени меѓу власта и опозицијата и дека има ризик да не биде изгласан законот до 15-ти, дали велите дека тоа нема да спречи позитивна одлука?

Треба опозицијата и власта да бидат согласни. Тоа ќе биде најголем сигнал, иако не е сѐ во ред со законот, тоа ќе биде знак, да не бидат скарани, дали е тоа можно не сум сигурна но тоа би било најдобро.

А ако не?

Не знам, подобро да не збориме за тоа сценарио, да бидеме оптимисти и да кажеме дека ќе биде сѐ во ред.

Последно прашање, кои се вашите планови за време на вашиот мандат, некакви иницијативи во однос на Македонија?

Прво да кажам мојата примарна цел, мојата примарна држава и интереси се Словенија. А за Северна Македонија јас секако кога ќе проценам дека можам да помогнам ќе помогнам, еве сега формираме група Пријатели на Македонија со други европратеници, јас ќе бидам во делегацијата со Македонија, ќе бидам прва потпретседателка и ќе почнеме сигурно, и не само за Македонија туку за Западниот Балкан, тука има многу негативна конотација кога ќе се спомне Балканот, сакам да се смени тоа, не е сѐ негативно, сакам добрите работи што се од „долу" да ги донесам тука и да видат луѓето дека не е сѐ така лошо./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж среде бел ден киднапира девојче пред безнинска, ја зграпчи за врат- драма во Флорида (ВИДЕО)

Неидентификуван маж бил снимен на надзорна камера како се обидува да киднапира 13-годишно девојче пред бензинска пумпа „Шел“ во Флорида, откако ја зграпчил за вратот, соопшти полицијата.

Маж среде бел ден киднапира девојче пред безнинска, ја зграпчи за врат- драма во Флорида (ВИДЕО)

Кратко по инцидентот во градот Мирамар, на 32 километри од Мајами, властите го именуваа осомничениот како Мајкл Поланко, 32, објави „Дејли меил“.

На вознемирувачката снимка се гледа маж со кацига за велосипед, беж маица и темни шорцеви како се приближува кон девојчето.

Потоа тој покажал во правец на нешто што изгледало како скутер на паркингот, потоа ја обвил раката околу нејзиниот врат и ја одвел во друг дел од областа.

Сепак, девојчето успеало да се ослободи. Не е познато дали е повредена, а мажот веднаш избегал од местото на настанот, соопшти полицијата.

Сведок кој работел во блиска автосервис изјавил дека видел маж како го зграпчува девојчето, кое изгледало како да ќе заплаче.

Таа втрчала во продавница на бензинската пумпа и се јавила на 911 откако сведокот му се развикал на мажот, се вели во извештајот.

Други сведоци ѝ кажале на полицијата дека го слушнале мажот како дава вознемирувачки коментари.

„Девојката рекла дека осомничената ја замолила да го бакне неколку“, според аудио-снимка од разговорот со диспечер, објавена од WSVN.

„Детето се борело, успеало да се ослободи, втрчало во продавницата на бензинската пумпа, врескало најсилно што можело и го привлечело вниманието кон она што се случувало, што им овозможило на луѓето да повикаат помош“, рече началникот на полицијата во Мирамар, Делрих Мос.

„Не знам зошто дошол тука, но ни е мило што бил уапсен пред да може да направи нешто позлобно“, додаде тој.

Полицијата брзо го уапсила осомничениот, откако добила дојава за маж што одговара на описот, а кој бил вмешан во друг инцидент во областа.

Полициските службеници го лоцирале осомничениот и го уапсиле откако сведок и девојчето позитивно го идентификувале, се вели во соопштението.

YouTube video

Тој се соочува со повеќе обвиненија, вклучувајќи напад, телесна повреда и киднапирање, или нанесување телесни повреди или заплашување на жртва.

Судијата во вторникот ја одбила кауцијата за време на судското рочиште. Локалната полициска станица вели дека Поланко има историја на претходни правни проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца мажи загинаа во бизарен ритуал- се удавија поради парче земја (ВИДЕО)

Се претпоставува дека спорот за земјиште е за тоа кој е сопственик на одредена парцела земја. 

Двајца мажи загинаа во бизарен ритуал- се удавија поради парче земја (ВИДЕО)

Сепак, на реката Гламанг во Барангај Датал Ангас, општина Алабел, покраина Сарангани, Филипини, двајца земјоделци наводно влегле во водата за да решат таков спор. Ниту еден од нив не излегол жив, објави Дејли Трибјун.

Тони Буланон Мансаг, 69, и Гаспар Тусан Паласанон, 49, двајцата жители на селото, починаа во петок, 16 октомври, откако учествувале во традиционална церемонија позната како „сулиф“, која наводно имала за цел да помогне во решавањето на споровите околу парцела земја.

Според прелиминарните информации од полициската станица Алабел, двајцата мажи влегле во реката околу 10 часот наутро и останале под вода приближно 12 минути. Не можеле да излезат на површина, објави Трибуна.

Тие биле извлечени од водата и итно префрлени во медицински установи. Мансаг бил прогласен за мртов во покраинската болница Сарангани, додека Паласанон бил однесен во болница во градот Генерал Сантос, каде што подоцна починал.

Според првичните извештаи, церемонијата се одржала откако страните во спорот не успеале да најдат друго решение за нивниот спор за земјиштето. Сепак, точните околности на смртта на двајцата мажи, како и деталите за самиот спор, остануваат под истрага.

Нивната смрт покрена прашања за тоа што се случува кога споровите за земјиштето не можат да се решат преку конвенционални средства. Достапните извештаи не објаснуваат зошто мажите се согласиле да учествуваат на церемонијата, какви правила биле во сила за време на нејзиното изведување или дали биле свесни за ризиците на кои се изложувале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешкиот претседател е загрижен за Путин: Има опсесивен страв дека ќе го убијат, параноичен е и лошо информиран (ВИДЕО)

Чешкиот претседател Петр Павел, поранешен началник на Генералштабот на чешката армија и поранешен висок генерал на НАТО, изрази длабока загриженост за односите со Русија.

Чешкиот претседател е загрижен за Путин: Има опсесивен страв дека ќе го убијат, параноичен е и лошо информиран (ВИДЕО)

Во големо интервју, тој предупреди на можноста за војна и ја повика Европа да преземе иницијатива во преговорите со Владимир Путин, за кого вели дека е параноичен и лошо информиран, пишува германскиот Билд.

Европа мора да ги дефинира целите на преговорите

Павел верува дека Европејците мора да разговараат за безбедноста на континентот.

„Како можеме да зборуваме за европската безбедност без да ги вклучиме Европејците во неа? Затоа мислам дека ние Европејците прво треба да развиеме јасно дефинирана визија за преговорите“, рече тој.

Според него, на Европа ѝ е потребна „внатрешна дискусија за поширока европска позиција“ за да ги дефинира целите.

„По таа дискусија, треба да се назначи лице или група луѓе да зборуваат во име на Европа. Тие не мора нужно да бидат претставници на ЕУ или НАТО, туку политички лидери на кои би им бил даден мандат од други да ги водат преговорите“, објасни Павел.

Понуда до Путин како поттик

Чешкиот претседател верува дека Русија и САД не ја сфаќаат Европа сериозно.

„Тие гледаат колку сме поделени, колку сме слаби и колку време ни треба за да донесеме одлука. Ако не се промениме толку брзо, ќе станеме ирелевантни“, рече тој.

Тој ја гледа економската соработка како можен поттик за преговори.

„Ако започнеме процес што би ја завршил војната во Украина, нема да има причина за понатамошни хибридни напади, особено ако на крајот чека некаков поттик. Со тоа мислам на повторно воспоставување на економски односи, соработка и трговија, што е доста примамливо за Русија“, рече Павел, додавајќи дека прекинот на огнот во Украина е услов за ова.

„Путин е погрешно информиран и параноичен“

Павел верува дека ресурсите на Русија се исцрпени по конфликтот што траеше многу подолго од Втората светска војна. Тој истакнува дека социјалната и економската состојба во Русија е многу лоша. Тој, исто така, ги наведе специфичните проблеми на Москва во војната.

„Русија губи десетици илјади војници секој месец. Само во септември имаше околу 50.000 убиени и ранети војници. Тоа далеку го надминува темпото со кое Русија може да ги надомести своите загуби преку регрутирање“, рече тој.

Тој, исто така, коментираше за менталната состојба на Путин.

„Тој не им верува на многу луѓе. Покрај тоа, има речиси опсесивен страв дека ќе биде убиен. Опкружен е само со мал број луѓе кои затоа можат многу успешно да ги филтрираат информациите што му доаѓаат.“

Како резултат на тоа, Павел верува дека Путин останува убеден дека операцијата оди добро, веројатно врз основа на извештаите од военото раководство.

„Мислам дека е погрешно информиран на многу начини“, заклучи тој.

Целта на Москва: Нов бран бегалци

Според Павел, целта на Кремљ е „да го направи животот во Украина неподнослив, а можеби дури и да предизвика нов бран бегалци кон европските земји.“

Тој верува дека целта е да се покаже дека Украина не може да биде поразена и дека Русија ќе ги постигне своите цели со тоа што ќе го направи животот невозможен за луѓето таму.

„Со ова темпо, војната би можела да продолжи бесконечно бидејќи ниту една страна не победува. Тоа е еден вид модерна Прва светска војна со „зона на смртта“ каде што практично нема никаков напредок.“

Грешката на Европа во вооружувањето на Украина

Павел ги критикуваше европските земји за нивното двоумење во испораката на воена опрема во Украина.

„Некои земји се двоумеа да испорачаат оклопни возила, потоа муниција со долг дострел, потоа ракети и конечно авиони. Ова ја чинеше Украина не само територија, туку пред сè илјадници и илјадници човечки животи. Да ја поддржувавме Украина во иста мера од самиот почеток, војната ќе изгледаше сосема поинаку“, тврдеше тој.

Ризик од отворен воен конфликт

Тој предупреди дека сегашниот пристап може да доведе до ескалација и „отворен воен конфликт“. Тој ја опиша сегашната ситуација како хибридна војна.

„Целта на оваа кампања е првенствено да сее раздор во ЕУ и НАТО, да се всади недоверба во нашите институции, но и да се одврати поддршката за Украина“, рече тој.

Тој ги отфрли тврдењата на Путин дека НАТО сака да ја нападне Русија.

„Можам да потврдам дека никогаш, иако имав највисоко ниво на безбедност во НАТО, не сум видел план насочен кон напад врз руска територија. Никогаш не сум видел таков план. Сите планови на НАТО се одбранбени.“

Пропуштена можност за прекин на огнот

Павел верува дека можноста за прекин на огнот е пропуштена во време кога Русија беше под силен притисок од санкциите.

„Верувам дека бевме доста блиску до таа ситуација“, вели тој.

Тој објасни дека координираната акција на САД и Европа против руската економија покажала резултати и ја ставила Русија под силен притисок.

„Мислам дека имаше шанса да се принуди Русија на прекин на огнот ако успееме да го задржиме истото темпо. Сега Русија повторно доби простор за дишење. Ова се случи поради американските пари за нафта и индикациите дека може да се постигне договор без Европа и без Украина. Сега ќе биде многу потешко бидејќи Русија ја користи оваа можност за да избегне притисок, а тоа им го зголемува моралот“, заклучи чешкиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер