Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
1Снимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаЈовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилотоОбвинетиот Стојанче Јовановски денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека неговата сопруга Ивана му признала оти, под уцена со интимни видеа од страна на Мартин Саздов, му го дала резервниот клуч од возилото.Обвинетиот Стојанче Јовановски денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека неговата сопруга Ивана му признала оти, под уцена со интимни видеа од страна на Мартин Саздов, му го дала резервниот клуч од возилото, по што, според неговиот исказ, му била подметната дрога. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, во врска со трагедијата од 2 март 2026 година, кога неговата сопруга Ивана скокнала од балконот на стан на шести кат заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја. Одговарајќи на прашања, обвинетиот рече дека на почетокот на бракот односите биле нормални и живееле во изнајмен стан, по што со финансиска помош од неговата мајка купиле стан во 2021 година. - На почетокот на бракот односите ни беа нормални, при што живеевме во изнајмен стан. По одреден период мојата мајка Цветанка ни даде пари за учество за да купиме стан. Тоа го направивме во 2021 година, потоа нормални ни беа односите сѐ до 2022 година кога бев во мобилара во Аеродром да и го земам телефонот на сопругата, при што прочитав пораки, видеа, видео клипови од колега од работа - изјави обвинетиот. По тоа, како што наведе, ја соочил сопругата, која негирала, а во домот дошла и полиција која направила записник. Прашан за настаните во текот на 2025 година, обвинетиот изјави дека на почетокот на годината, преку заедничко логирање на Инстаграм, ги прочитал пораките меѓу Ивана и неговиот колега Мартин Саздов, при што разговорите постепено преминале „во поприватни разговори“. Според неговиот исказ, тој директно ги соочил двајцата, но Ивана и Мартин негирале и го нарекле „параноичен“. Во продолжение наведе дека на 16 август 2025 година, при враќање од свадба во Штип, видел дека сопругата се допишува со Саздов на вибер, по што таа со ќерката Катја излегла од возилото на автопатот и заминала во спротивна насока. Тврдеше дека три часа ѝ ѕвонел, но без одговор и дека не се сеќава како стигнал до Скопје. - На 16 август 2025 година бевме на свадба кај моја братучетка во Штип, сопругата моја се опијани, беше видно пијана и при враќањето од Штип јас видов дека се допишува со Мартин Саздов, на вибер и неприметно застанав со колата за да прочитам убаво што разговараат. Тогаш прочитав дека Ивана му кажува „се враќаме со овој“ и дека Катја позади во колата спие. Мартин ѝ одговори „и јас се враќам од Штип бев кај другар“. Во тој момент, јас ѝ го побарав нејзиниот телефонски уред, почна да негира и ја отвори нејзината врата од колата, со намера да не можам да и го земам телефонот и да ги прочитам разговорите, при што јас ѝ кажав штом Мартин се враќа навака ти сакаш со него да продолжиш и тогаш ми рече „штом така мислиш, сега ќе ја земам и Катја со мене“. Ја отвори задната врата каде што спиеше Катја и ја зема во раце и почна да оди во спротивна насока по автопатот - рече обвинетиот. Откако мајката на Мартин Саздов лично го известила дека Ивана ноќевала кај нејзиниот син, оставајќи ја Катја кај сопствената мајка, Јовановски изјави дека почнал да ја следи Ивана. Тој ги видел Ивана и Саздов заедно во населбата Ќерамидница и им се приближил. – Ми се јави мајка му на Мартин, Маја Саздова и ми рече „се срамам од женскиот род, што постои ваква личност“. Ја прашав за што се работи и ми кажа дека Ивана била кај нив вечерта кога сме се враќале од свадба и дека секоја вечер Ивана спиела кај Мартин, а Катја ја оставала кај мајка ѝ да ја чува. Кога ми го кажа тоа, јас уште истиот ден почнав да ја следам, не отидов на работа, ја најдов пред зградата на мајка и, на „Партизанска“ бр. 45 возејќи електричен тротинет кон Универзална сала. Видов дека после Универзална сала, ја чекаше Мартин со неговото возило, го ставија тротинетот во гепек, таа се качи во неговото возило и продолжија да возат. Стигнаа во населба Ќерамидница го паркираа возилото и се упатија покрај кеј пешки. Ги здогледав од далеку како се бакнуваат и гушкаат, при што му се приближив на Мартин да се пресметам физички. Мартин ми кажа да се смирам бидејќи се собраа многу луѓе и ми кажа да одиме на друго место да се пресметаме јас и него сами. Се согласив на тоа и ми кажа да се упатам карши училиштето „Михајло Пупин“, таму стигнав сам, а тој пристигна со неговиот другар Тони. Во тој момент кога пристигнаа таму, Мартин извади автоматска пушка калашников го впери кон мене и ми кажа дека ќе ме убие. Му ја фатив цевката и му кажав да пука. На левото рамо имам се уште белег од тогаш кога ме удри со цефката. Излезе чуварот и извика дека повикал полиција и дека полицијата доаѓа наваму, при што Мартин се качи во возилото и почна да бега, а јас во намера да го спречам го удрив со моето возило во неговата задна лева врата, при што тој продолжи да вози и избега. Моето возило остана неподвижно, при што повикав пајак служба и го однесоа возилото на сервис каде што им кажав - рече обвинетиот. Јовановски изјави дека на 29 декември 2025 година, по завршување на работната смена, бил запрен од лица во цивилна облека, кои при претрес на неговото возило пронашле сомнителна материја. - Јас негирав дека тоа не е мое и дека не може да биде мое, дека првпат во животот го гледам. Ме приведоа во ПС Карпош - рече обвинетиот. Додаде дека по вештачењето на неговиот телефон не биле пронајдени докази кои би го поврзале со материјата, по што бил пуштен со мерки за претпазливост. Според неговиот исказ, по ова сопругата му признала дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов. - Ми објасни како ми ја подметнале дрогата во возилото... со мојот резервен клуч којшто стои дома, му го дава Ивана на Мартин го отклучил возилото ја ставил дрогата во возилото - изјави Јовановски. Критичниот ден Обвинетиот ги опиша и настаните на денот на трагедијата, наведувајќи дека по читање на пораки на социјалните мрежи, се упатил до работното место на сопругата, каде ја видел како излегува од возило на Саздов. - Кога се приближив пред нејзиното работно место ја здогледав Ивана како излегува од колата на Мартин Саздов... Видов дека сѐ е лага и фарса, при што изреволтиран замавнав кон нејзе - рече обвинетиот. Потоа заедно со Ивана и Саздов се упатиле кон Кривичниот суд, а подоцна и кон нивниот дом, при што имало повеќе полициски интервенции. Опишувајќи ги последните моменти, Јовановски рече дека додека бил пред зградата слушнал силен тресок. - Се упативме двајцата кон пролазот на зградата кај кафе-барот „Сома" и Мартин почна да вика „Ивана, Ивана, Ивана паднала". Кога го слушнав тоа се вознемирив уште повеќе и излегов на улица „Теодосиј Гологанов", се фрлив пред кола, ме удри колата во ногата. Потоа се јавив во брза помош со намера дека ќе им помогнат дека се живи. После тоа не се сеќавам - изјави обвинетиот. Тагови: Тафталиџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СудбинаПолицаец од Флорида пронашол мртов човек, па му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа (ВИДЕО)Полицаец од Флорида е обвинет за кражба на идентитет на маж што го пронашол мртов, а потоа се преселил во неговиот дом и го презел неговиот идентитет.Брајан Луис Сгурос, 35, полицаец од Лодерхил, Флорида, беше уапсен претходно оваа недела. Истражителите велат дека Сгурос се претставувал како починатиот Денис Вест, се преселил во двокатната куќа каде што го пронашол неговото тело, а потоа ја реновирал. Според полицијата, тој живеел во куќата на југот на Флорида со години без никој да ја открие измамата. Сгурос сè уште не се изјаснил за обвиненијата. Не е познато дали има адвокат. Полициската управа на Лодерхил го отстранила од должностите и го суспендирала, објавува Би-Би-Си. 🔥🚨DEVELOPING: A Florida man who was found dead in his home during a welfare check in July 2022 and a officer who discovered the body named Brian Louis Sguros with the Lauderhill Police Department moved into the home and spent years impersonating him. https://t.co/k5AO01IkfJ — Dom Lucre | Breaker of Narratives (@dom_lucre) October 22, 2026 Организирал кремација на телото на сопственикот на куќата Во 2022 година, полицијата добила повик да провери за 71-годишниот жител на Лодерхил, Денис Вест. Полицаецот Брајан Луис Сгурос бил испратен да помогне во истрагата. Кога го пронашол Вест, кој починал од природна смрт, наводно „смислил сложена измама за да ја преземе контролата врз домот на лицето“, се вели во соопштението на шерифската канцеларија на округот Бровард. Според соопштението, истражителите тврдат дека Сгурос му кажал на канцеларијата на мртовечникот дека е пријател на Вест, иако властите не пронашле докази дека двајцата се познавале. Судските документи наведуваат дека полицаецот е виден на камерата на телото за време на запирањето и дека нема индикации дека имал претходен контакт со Вест. Сгурос наводно му кажал и на канцеларијата на мртовечникот дека Вест нема живи членови на семејството, што исто така било неточно. Потоа Сгурос организирал кремирање на телото на Вест. Florida officer accused of stealing dead man's identity and moving into his home, police say https://t.co/SoitCwbpYg — BBC News (World) (@BBCWorld) October 22, 2026 Вели дека сакал да спречи други нелегално да се вселат во домот Заедничката истрага на канцеларијата на шерифот и Канцеларијата за проценувачи на недвижности во округот Бровард откри дека Сгурос ја презел куќата и се вселил во неа во август 2022 година. Властите велат дека тој поднел документација до канцеларијата за проценка на имотот во 2025 година во која наведува дека ја презел куќата во август 2022 година. Судските документи наведуваат дека Сгурос тврди дека ја презел куќата бидејќи била опасна и сакал да спречи други нелегално да се вселат. Тој ги плаќал сметките за комунални услуги на име на починатиот. Тој, исто така, аплицирал за дозвола за замена на надворешните врати и прозорци, што би чинело 8.000 долари. Сгурос тврдел дека ја зголемил вредноста на имотот и инвестирал повеќе од 214.000 долари во куќата. Тој плати кауција од 25.000 долари Мажот е обвинет за злоупотреба на службена должност, незаконска употреба на идентитет на починато лице, незаконска употреба на лични идентификациски информации, кривично дело против корисник на компјутер и незаконска употреба на двонасочен комуникациски уред. Тој беше ослободен од притвор со кауција од 25.000 долари. Локалните агенции за спроведување на законот дознаа за случајот кога наследниците на Вест се обидоа да го продадат имотот.Тагови: полицаец флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСнимен е моментот на судар на два борбени авиони на војската на Филипини- загинаа сите четворица пилоти (ВИДЕО)Два авиона на Филипинските воздухопловни сили се судрија за време на тренинг лет и се урнаа во воздухопловна база јужно од Манила. Сите четири пилоти загинаа во несреќата, соопштија филипинските власти. Два авиони SF-260 се судрија вчера попладне за време на лет на ниска надморска височина пред да се срушат во воздухопловната база Фернандо во Липа Сити, во крајбрежната покраина Батангас јужно од главниот град. Нема повредени на земја во несреќата, соопштија официјални лица. Филипинските воздухопловни сили не дадоа детали за несреќата, која ја опишаа како случајна. Двајца филипински службеници запознаени со инцидентот рекоа дека авионите се судриле во воздух. Тие зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени јавно да коментираат за случајот. Еден од двата двоседни авиони се урна во близина на воената касарна во воздухопловната база, изјави сведок за Асошиејтед Прес. Воздухопловните сили објавија дека привремено ги приземјиле сите преостанати авиони SF-260, набавени од Италија, во исчекување на истрага. Не е објавено колку од овие авиони сè уште се во употреба. 🇵🇭 Four Philippine Air Force pilots were killed in a collision of two SF-260 training aircraft The planes collided in mid-air and crashed within the perimeter of Fernando Air Base in Lipa, south of Manila. All four pilots on board both aircraft died. https://t.co/1WX1rNtcY1 — Visegrád 24 (@visegrad24) October 24, 2026 Филипинската војска се соочува со недостаток на средства Во мај, филипински SF-260 се урна и за време на навигациски тренинг лет во планинската покраина Бенгет на север од земјата, додека леташе со неколку други авиони од ист тип. Двајцата пилоти беа убиени. Според податоците на воздухопловните сили, во 2023 година, друг SF-260 се урна за време на тренинг лет во оризово поле во покраината Батаан, северозападно од Манила. Двајцата членови на екипажот беа убиени. Вчерашната несреќа е уште еден удар за филипинската војска, која долго време се соочуваше со недостаток на средства. Поради буџетски ограничувања, Филипините со години се борат да ги модернизираат своите воздухопловни сили, морнарица и армија. Во исто време, земјата се соочува со децениски комунистички и муслимански бунтови и сè понепријателски територијални спорови со Пекинг во Јужното Кинеско Море.Тагови: пилоти Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветНајмалку 150 лица се убиени во напад со дрон на пазар во Судан- реагира ОНСоветот за безбедност на Обединетите нации повика на истрага за нападите со беспилотни летала во Абјеи, спорна територија меѓу Судан и Јужен Судан, во кои загинаа десетици луѓе.Советот остро ги осуди нападите во близина на пазар во градот Тодах, соопшти најмоќното тело на ОН. Локалните власти велат дека најмалку 150 лица се убиени Локалните власти соопштија дека најмалку 150 лица се убиени во нападите . Обединетите нации потврдија најмалку 80 смртни случаи, а по други сè уште се трага. Нападите, исто така, предизвикаа големи пожари, од кои повеќето беа изгаснати од мировната мисија на ОН во Абјеи (UNISFA), соопшти ОН. Советот за безбедност нагласи дека Абјеи мора да остане демилитаризиран и предупреди дека намерните напади врз цивили би можеле да претставуваат воени злосторства. 🚨 Death toll from drone attack on market in disputed Abyei region between Sudan and South Sudan rises to 153, official says 📌 South Sudanese official accuses Sudanese army of carrying out attack, while 30 injured remain hospitalized https://t.co/33khVc392z https://t.co/WpKQ6QE6XU — Anadolu English (@anadoluagency) October 21, 2026 Локалните медиуми објавија дека портпаролот на владата во регионот богат со ресурси рекол дека целите биле цистерни во дел од пазарот каде што суданските трговци работеле. Владата на Јужен Судан ја обвини суданската армија за нападите, но армијата негираше одговорност. Во нападите со беспилотни летала загинаа стотици цивили оваа година Јужен Судан доби независност од Судан во 2011 година по една деценија граѓанска војна. Статусот на Абјеи останува нерешен, а мировна мисија на ОН е стационирана таму од 2011 година. Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се борат за контрола врз земјата од април 2023 година. Граѓанската војна дополнително ја дестабилизираше ситуацијата во спорниот граничен регион, според ОН. Инцидентот е дел од серија напади со дронови што драматично го променија текот на војната во Судан оваа година. Според Канцеларијата за човекови права на ОН (OHCHR), најмалку 1.120 цивили беа убиени во напади со беспилотни летала во Судан само во првата половина од годината. Тагови: дрон Судан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38