Јованка Јолиќ пронајдена мртва во снегот: Познато од што починала интернет-ѕвездата - Канал 5

Јованка Јолиќ пронајдена мртва во снегот: Познато од што починала интернет-ѕвездата

Јованка Јолиќ починала на 4 јануари. Ѝ се слошило додека била надвор, по што едноставно се срушила на земја.

Јованка Јолиќ пронајдена мртва во снегот: Познато од што починала интернет-ѕвездата

Телото на жената било пронајдено таа вечер на Вождовац, а бидејќи полицијата не пронашла лични документи, дополнително било утврдено дека станува збор за Јованка Јолиќ (69), пренесува Блиц.

Таа ќе биде погребана на 10 јануари во Белград, на гробиштата Лешќе.

Којa била Јованка Јолиќ

Инаку, Јованка Јолиќ стана апсолутна вирална ѕвезда благодарение на настапите во подкасти, каде без задршка споделуваше теории на заговор кои никого не оставаа рамнодушен.

Додека едни ја исмеваа и им беше симпатична, други беа згрозени од говорот на омраза и опасните невистини што ги изнесуваше.

Јованка стана хит на мрежите по неверојатната изјава дека најбогатиот човек на светот, Илон Маск, всушност влече корени од Република Српска, што предизвика лавина коментари и потсмев.

Исто така зборуваше за тоа дека Србите се најстариот народ, што на многумина им беше чудно, но таа тврдеше дека за сè постојат докази, додека во исто време нејзиниот снимок стана вирален на социјалните мрежи.

Тврдеше дека Кинезите извршиле геноцид врз Србите и дека „под Кинескиот ѕид има најмногу српски коски“.

Нејзината изјава дека на Србите „прво им го зеле Египет“ е една од најсподелуваните на социјалните мрежи.

Иако во медиумите се претставуваше како историчар на уметност и „експерт за конспирологија“, официјални потврди за нејзиното образование – нема.

Извор: Блиц

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.

Насилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)

Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело.

Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“.

Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Украинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.

16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана

Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица.

Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути.

Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер