Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
КултураЈована Матевска Атанасова е добитничка на наградата за најдобар расказ „Живко Чинго"Јована Матевска Атанасова е авторот на расказот „Гладоморје", што беше избран за најдобар на отворениот Конкурс за наградата „Живко Чинго".Матевска Атанасова која е дипломиран психолог, е авторка уште и на романите „Тамбовските снегови" и „Писмата во библиотеката", кој е награден на конкурсот за поддршка на млади талентирани автори на фондацијата „Македоника" и УНЕСКО. Учесничка на регионални и меѓународни конкурси, добитник на повеќе награди меѓу кои најзначајни се наградите во 2015 и 2016 година, на реномираниот и традиционален конкурс за краток расказ што го распишува весникот „Нова Македонија" за насловите „Двете дланки" и „Нештовина". Во 2018 нејзиниот расказ „Индигото на бесот" влегува во збирката на регионалниот конкурс „Бибер 2" и е преведен на три јазици. Нејзиниот расказ „Гладоморје" стручното жири што ги оценуваше пристигнатите трудови го избра за најдобар во конкуренција на 71 дела, со образложение дека се работи за „расказ што претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби". На годинешната добитничка наградата ќе и биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго" што секоја година се одржува на 13 август во родното место на Чинго, селото Велгошти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
ЖивотМоцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градотОд денес, улиците, парковите и знаменитостите на Салцбург се украсени со повеќе од 300 позлатени фигурини на Волфганг Амадеус Моцарт, поставени по повод одбележувањето на 270-годишнината од раѓањето на еден од најголемите композитори во историјата. Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг. Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек. Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката. Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат. – Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“[❤️] „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09