КултураЈован Филипоски и Лилјана Михајлоска се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“, најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас која ќе се одржува од 11 до 13 јули. Младенците ќе се венчаат в недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди. Годинашните младоженци, Јован Филипоски – потомок на старото галичко семејство Филипоски и Лилјана Михајлоска, велат дека учеството во манифестацијата за нив претставува исполнување на животен сон. -Уште од мали нозе мечтаев да бидат зет на галичката свадба, традиција која треба да се негува која мене ми беше пренесена од моите баба и дедо, а потоа и од моите родители кои секоја година учествуваат и се дел од традицијата, честа е огромна и се надевам дека што повеќе посетители ќе не посетат и ќе ја видат оваа убава традиција, рече Филиповски. Михајлоска вели дека голема е честa, но и одговорноста доследно да се пренесе традицијата. - Како што кажа Јован огромна чест и задоволство е што сме избрани за зет и невеста на овогодинешната свадба се чувствуваме среќно и гордо, но истовремено голема е одговорноста доследно да се пренесе оваа традиција, но веруваме дека се ќе помине во најдобар ред, рече Михајлоска. Претседателот на месна заедница Галичник Огнен Караѓозовски изрази задоволство што се уште постои интерес кај младите да бидат дел од оваа манифестација. -Оваа година имаме богата програма, фестивалот почнува во петок, ние се одлучивме да наравиме претстава од Ѓорѓија Пулевски по повод 150 години издавање на тијазичникот, потоа во петокот по претставата ќе има забава за помалдите со диџеј и веќе во сабота почнуваме со свадбените обичаи, рече Караѓозовски. За време на одржување на манифестацијата организаторот најавува посебен сообраќаен режим во селото, а беше повторен и апелот за одговорно однесување, особено во поглед на консумирањето алкохол и грижата за природата. Тридневната манифестација ќе започне во петок, 11 јули, со премиерна изведба на монодрама во чест на 150 години од издавањето на Тријазичникот на Ѓорѓија Пулески, што ќе биде изведена на мијачки дијалект. Потоа ќе следува забава со диџеј сет за помладите посетители. Во сабота, на 12 јули, започнуваат свадбарските обичаи, со пречек на тапаните, китење и поставување на свадбениот бајрак, симболичното „фрлање пушка“ од куќата на зетот и изведбата на свекрвиното оро. Особено впечатлив момент ќе биде изведбата на ората кои го симболизираат печалбарството и непокорот на луѓето од овој крај - „Невестинското“ и „Тешкото“ – од страна на националниот фолклорен ансамбл „Танец“, на платото пред прочуената чешма Упија. Во вечерните часови, невестата придружувана од свадбарите, со борини и факели во рака, ќе оди да полни вода од прочуените три чешми во селото: Секуличе, Динговиче и Упија – обичај поврзан со семејната среќа. Во недела, 13 јули, денот ќе започне со традиционалните „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување по невеста“, во чии рамки е и прочуениот обичај „гледање низ прстен“. Потоа следуваат испраќањето на невестата и дарувањето, како и венчавањето во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“. Настанот ќе заврши со свеченото испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, кое го означува симболично затворање на свадбената церемонија. Целата програма, која ги вклучува сите традиционални свадбарски обичаи, ќе биде емитувана преку видео-екран поставен на централното плато во селото, а ќе биде емитувана „во живо“ и на социјалните мрежи, со што манифестацијата се доближува и до оние кои немаат можност да бидат физички присутни на настанот. Институционален покровител на „Галичката свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, поддржувач е Министерството за култура и туризам, а „Пивара Скопје“ веќе 50 години е партнер во организирањето на манифестацијата.Тагови: Галичка свадба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агендаДенеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда.Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда, на кој се разговараше за тековните активности, постигнатиот напредок и следните чекори во реализацијата на предвидените реформи. Нашата определба останува јасна, доследно исполнување на преземените обврски, забрзување на реформските процеси и создавање поефикасни институции, посилен систем и подобри услови за живот на сите граѓани, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)Џони Деп ќе добие хонорар од пет милиони долари за неговата улога во новиот филм „Ебенезер“, што е значително помалку од сумата што ја заработувал во Холивуд. Извор близок до продукцијата тврди дека актерот се согласил на таков договор затоа што верува во проектот и сака да има удел во сопственоста на филмот. „Тој се согласил на креативниот договор затоа што се грижи за проектот и сакал да обезбеди значителен дел од заработката. Не станува збор за потенцијален бонус, туку за фактичко сопствеништво на филмот“, рече изворот. „Ебенезер“ е нова адаптација на познатото дело на Чарлс Дикенс „Божиќна приказна“. Се претставува како потемна, готска верзија на приказната и ќе биде режирана од Ти Вест, позната по хорор филмовите „X“, „Pearl“ и „MaXXXine“. Некогаш заработувал толку многу што Форбс го прогласил за најпреплатениот актер Деп некогаш беше меѓу најплатените холивудски актери, но списанието Форбс во 2015 и 2016 година го прогласи за најпреплатениот. Причината беше разликата помеѓу неговите хонорари и заработката на филмовите во кои глумеше. Според анализата на Форбс, филмот од 2016 година „Алиса низ огледалото“ заработи само 2,80 долари на кино благајните за секој долар што му беше платен на Деп. Уште во 2011 година, актерот отворено зборуваше за големите суми што ги добил за улогата на капетанот Џек Спероу. Потоа призна за „Венити фер“ дека прифаќа такви пари поради своите деца, ќерката Лили-Роуз (27) и синот Џек (24), кои ги има со поранешната партнерка Ванеса Паради. „Ако се подготвени да ми платат толку луда сума пари, секако дека ќе ги земам. Морам. Гледате, тоа не е за мене. Го правам тоа за моите деца во овој момент. Звучи смешно, но на крајот на денот, тоа не е за мене. Тоа е за нив“, рече тој во тоа време.Тагови: Џони Деп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВработени во „Nvidia“ бараат враќање на Џенсен Хуанг по скандалотНекои вработени во „Nvidia“ бараат коосновачот и поранешен извршен директор, Џенсен Хуанг, да се врати на чело на компанијата, откако тој поднесе оставка среде скандал поврзан со вонбрачни афери.Според „Wired“, кои имале увид во внатрешната комуникација, една објава на интерната мрежа – во која се повикува Управниот одбор да го земе предвид мислењето на вработените – собрала повеќе од 1.600 коментари, од кои повеќето го поддржуваат неговото враќање. Објавата била напишана од долгогодишен инженер во „Nvidia“ уште пред оставката на Хуанг, со барање до Управниот одбор да ги сослуша вработените пред да донесе одлука. По неговото заминување, почнале да пристигнуваат пораки за поддршка и повици тој да се врати на чело на компанијата. Вработените бараат да му се даде втора шанса Еден од вработените изјавил дека Хуанг треба да биде вратен доколку компанијата сè уште верува во својата мисија, додека друг напишал дека сите луѓе прават грешки и дека Хуанг, со оглед на сè што направил за „Nvidia“, заслужува втора шанса. Еден вработен отишол и чекор понатаму, испраќајќи е-порака до сите колеги во која побарал транспарентност околу заминувањето на Хуанг. „Застанувам зад Џенсен. Не затоа што верувам дека некој е безгрешен, туку затоа што одбивам да прифатам дека борбата за правда значи дистанцирање од човекот чие лидерство ни значеше толку многу“, напишал тој. Според „Wired“, некои вработени биле изненадени од оставката на Хуанг, бидејќи очекувале Управниот одбор прво да спроведе внатрешна истрага. Еден вработен тврди дека постои значителна поддршка за враќањето на Хуанг и изразува загриженост дека компанијата би можела да се соочи со сериозни проблеми без својот основач. Од „Nvidia“ и од новиот претседател на Управниот одбор, Харви Џонс, немаше одговор на барањата за коментар од страна на „Wired“. Хуанг заминува по откритијата за вонбрачни афери Да потсетиме, Хуанг поднесе оставка откако се појавија информации за негови вонбрачни афери – вклучително и врска со жена за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека има врски со кинеското разузнавање. На 8 ноември, Хуанг призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, иако не го откри идентитетот на жената за која станува збор. Подоцна се појавија детали за врска со една од жените на раководни позиции во „Nvidia“, а Ројтерс извести и за трета наводна афера со вработена во компанијата. Хуанг не ги коментираше овие дополнителни обвинувања. Управниот одбор покрена истрага за да утврди дали Хуанг можеби бил цел на операција на странска разузнавачка служба. Досега, „Nvidia“ нема изнесено докази дека деловните тајни на компанијата или националната безбедност на САД биле загрозени. Колет Крес го презема привременото раководство на „Nvidia“ По заминувањето на Хуанг, долгогодишната финансиска директорка Колет Крес – која е дел од компанијата уште од 2013 година – го презеде привременото раководство на „Nvidia“. Таа одигра значајна улога во растот на компанијата и нејзината трансформација во еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција. Крес ќе раководи со „Nvidia“ сè додека Управниот одбор не пронајде траен наследник на Хуанг, кој беше еден од основачите на компанијата во 1993 година и ја водеше повеќе од три децении. Оставката на Хуанг предизвика голема неизвесност меѓу инвеститорите и вработените. Од почетокот на скандалот, „Nvidia“ изгуби околу еден трилион долари од својата пазарна вредност. Извор: Индекс.хрТагови: Nvidia Џенсен Хуанг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter