МакедонијаЈован Филипоски и Лилјана Михајлоска годинешни зет и невеста за Галичката свадба Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се овогодинешните зет и невеста за Галичката свадба 2025, соопштија денеска од Месна заедница Галичник.-Јован, потомок на галичкото семејство Филипоски, уште како дете чекорел низ Галичник облечен во носија, сонувајќи еден ден да ја води свадбата. Од најрана возраст активно учествува во сите обичаи. Неговата избраничка, Лилјана, веќе ја почувствувала магијата на Галичката свадба во 2022 година и ова лето ќе заигра во улогата на невеста – со срце полно љубов и почит кон традицијата. Зетот и Невестата – Симбол на Љубовта и Традицијата. Во срцето на Галичник, под сенката на Бистра, секое лето љубовта добива посебна форма, се вели во соопштението. Како што посочуваат, зетот и невестата не се само млад пар – тие се симболот на вековната традиција, на непрекинатото предание што низ генерации се пренесува со чест и гордост. -Тие чекорат низ Галичник не само како двајца вљубени, туку како чувари на обичајот. Секое движење, секој поглед, секоја песна – сè е длабоко вкоренето во духот на Галичник. Манукот ја носи гордоста на предците, додека мануката со раскошната носија ја раскажува приказната за момичките од овие планински височини – достоинствени, вредни, горди и полни со љубов. Заедно, тие не се само пар – тие се огледало на Галичник. Во нивниот поглед се препознаваат љубовта и ветувањето дека традицијата ќе продолжи. И токму затоа, секој што ќе ги види, не гледа само свадба – туку гледа историја што живее, велат од Месна заедница Галичник. Тагови: Галичка свадба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа пленарна седница помина предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читањеНа пленарна седница попладнево помина предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање.Од говорница можеа да се слушнат спротивставени мислења, меѓусебни обвинувања, различни толкувања на законските одредби. Пратениците од власта со пофалби, а пратениците од опозицијата со критики на законското решение, кое треба да го замени укинатиот балансер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: За првпат откако е изграден, го реконструираме мостот „Естакада“Најфрекфентниот мост во градот добива нов живот, градиме инфраструктура што ќе служи на генерациите, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.Целосно го реконструираме мостот „Естакада“ - важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје! „📍 Денес, заедно со мојот колега Бобан Стефковски, го означивме почетокот на санацијата на мостот „Естакада“ во Гази Баба, проект кој со години беше барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот. ✔️ Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел. Тука минуваат работници, ученици, семејства, компании, транспорт и затоа нашата обврска е оваа сообраќајна артерија да биде безбедна, функционална и достоинствена. 👷♀️ Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 м², од кои 3.800 м² ќе бидат целосно обработени со гребење и вградување два нови слоја асфалт, додека на делот од мостот ќе се постави нов асфалтен слој. 🫵 Дополнително, ќе се изврши замена на рабници, изработка на асфалтни тротоари, чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на постоечките капаци за шахти. Вкупната должина на делот што се санира изнесува 1,5 километри коловоз. 📍Ова е вложување во безбедноста, во подобрата поврзаност и во секојдневието на илјадници граѓани. ♥️ Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура. Затоа најавувам дека ќе продолжиме со санација на сите мостови во градот каде што има потреба. 🫡 Продолжуваме да го градиме Скопје - чекор по чекор, проект по проект, со дела што се гледаат.“- стои во објавата. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОгромен пожар избувна во близина на Мостар; Паника (ВИДЕО)Голем пожар избувна денес во областа на Мостар, а пожарот би можел да го блокира главниот пат, бидејќи пожарот сè уште не е ставен под контрола, ниту пак е утврдена неговата причина, објавија локалните медиуми.Пожарот избувнал на Буна, спроти Намекс, во правец на реката Неретва, а Професионалната противпожарна служба на Мостар потврди дека екипи се на терен и работат на гаснење на пожарот, објави веб-страницата на Требињеданас. Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или колку површина е зафатена од пожарот, но фотографиите од терен покажуваат дека пожарот се заканува да го блокира главниот пат Мостар-Сараево, додека целата област е покриена со густ чад. Požar na Buni, vatrogasci na terenu. Opširnije pročitajte na portalu https://t.co/ulFqWb6hu6 pic.twitter.com/F07QflzkyJ — Bljesak.info (@Bljesak) June 15, 2026 Извор:Б92Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook