Јован Цветановски: Демант во врска со сторијата објавена од ИРЛ на МТВ - Канал 5

Јован Цветановски: Демант во врска со сторијата објавена од ИРЛ на МТВ

Ставовите во сторијата не кореспондираат со материјалните и вербални докази во цитираните предмети

Јован Цветановски: Демант  во врска со сторијата објавена од ИРЛ на МТВ

Јавен обвинител Јован Цветановски-До сите електронски и печатени медиуми.

ДЕМАНТ-РЕАКЦИЈА Во врска со сторијата објавена од ИРЛ на МТВ на 08.03.2026 година во 20,15 часот, “Цена на правдата„ го давам овој демант бидејки преставува еднострана сторија која директно се напаќа мојот личен и професионален интегритет, граден за сите овие 27 години работа во обвинителството.

Ставовите во сторијата не кореспондираат со материјалните и вербални докази во цитираните предмети, кои биле предмет и на судска анализа, а од кои произлегле и судските одлуки - одбивателни или ослободителни пресуди за обвинетите. Во сторијата не се проверени ниту еден од наводите за кој се тврди дека предметите биле намерно доделени во работа кај мене и дека за истите незаконски јас сум се повлекол.

Само ќе наведам дека ниту имало мотив тие предмети да бидат доделени во работа кај мене ниту сум имал мотив да ги решавам така како што некој би сакал. Дополнително за наведениот период во работа сум имал преку 500 предмети, многу од нив високо профилирани предмети. Ваквиот новинарски пристап престаува директен напад и директен притисок врз работата како јавен обвинител но и нарушување на правната сигурност, бидејки обврска и надлежност на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство е и законска заштита на неправо обвинети лица со констурирани обвиненија. Доказите судат и пресудуваат, а не јавните обвиниели со нивните тврдења и мислења.

Јавниот обвинител во вршењето на својата функција е самостоен и одлучува исклучиво врз основа на закон и докази. Обидите преку медиумски конструкции да се влијае врз тековни или идни постапки претставуваат недозволен притисок врз правосудниот систем. Вака објавента сторија ИРЛ ја презема улогата на „судија и џелат“ пред да се утврдат фактите во соодветна постапка. Тука пред се мислам и на изјавагта на ЈО на ОЈО Штип која поднела обвинение против мене, за кое обвинение се уште јас не сум запознат, а колешката, споротивно и на етичкиот кодекс, во интервју веќе лицитира со исходот на пресудата.

Доколку се сакало оваа сторија да биде квалитена новинарска сторија и огледало на вистината потребно е новинарите да ги имале разгледано сите списи, не само во судските предмети, туку и во обвинителските предмети како и во процесните укажувања и постапка поведена од моја страна по повод извршениот конструиран надзор.

Во конкретниот случај толкувани се селективно одредени материјали, ирелевантни за утврдување на кривично правна и процесна материја , па во оваа прилика како пример ќе го наведам материјално финасиско вештачење изговено за потребите на кривичната постапка во предметот поштенска банка, во кое спротивно на наводите од сторијата заклучокот и мислењето на вештите лица е сосема спротивен.

Ова е само еден мал пример, а ги има мноштво во истите предмети кои резутират со незаконите обвиненија. Ова сторија ја сметам како директен притисок врз мене се со цел да се заштитат од одговорност одредени обвинители кои постапувале по наведените предмети, но и да се спречи можноста во иднина обвинителството во една редовна процесна постапка да се утврдат и други незаконити постапувања во други предмети во кои им се нарушени законските права на учесниците во кривичните постапки.

На крај, јас без калкулации прифатив разговор со новинарите од ИРЛ и во целост им одговорив на сите нивни прашања, кои не беа објавени во видео објавенаа сторија, а нивната содржина само ако се објават интегрално може да ја опишат оваа комлексна состојба во обвинителството, за што во прилог препорачувам да ги погледенте.

https://irl.mk/wp-content/uploads/2026/03/integralen-odgovor-ovan-cvetanovski-.pdf

Мојот однос со јавноста е граден преку јавните медиуми кои до сега покажаа интерес за случувањата во обвинителсвото, иако за целиот овој период за притисоците кои ми се вршат повеќе од една година јас ги користам институцијалните и процедурални механизми, тука никогаш не сум претпоставувал дека ќе побарам и судска заштита преку граганскот суд за нанесени клевети, но доколку ИРЛ не се огради од наводите за мене во сторијата ќе ме примора да го искористам и тоа согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Јован Цветановски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер