Јотовски поразен во четвртфиналето на фјучрсот во Иран - Канал 5

Јотовски поразен во четвртфиналето на фјучрсот во Иран

Томислав Јотовски не успеа да се пласира во завршната четворка тенисери на фјучрсот во Киш, Иран. Тој денеска во четвртфиналето загуби од вториот носител Хрватот Тони Андроиќ со 2:0 во сетови.

Јотовски поразен во четвртфиналето на фјучрсот во Иран
Првиот сет му припаднал на Андроиќ со 6:1 во гемови, додека во вториот Јотовски пружил посилен отпор и сетот противникот го добил со 6:4. Јотовски мечот го заврши со два брејка од шест можности, додека противникот имаше пет од седум можности. Инаку, Тони Андроиќ се наоѓа на 291 место на АТП листата.

Јотовски ќе има настап на уште еден фјучрс турнир во Иран што почнува од понеделник, а за пласманот во четвртфиналето на овој турнир ќе добие нови два поена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница

Од 28 август до 13 септември во Маврови Анови на јавно тениско игралиште ќе се одржи второто издание на Маврово Опен – аматерски, хуманитарен тенис турнир кој од иницијатива на група пријатели прераснува во настан посветен на спортот....

Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница

Од 28 август до 13 септември во Маврови Анови на јавно тениско игралиште ќе се одржи второто издание на Маврово Опен – аматерски, хуманитарен тенис турнир кој од иницијатива на група пријатели прераснува во настан посветен на спортот, заедницата и создавањето активен простор за сите генерации.

По успешното прво издание во 2025 година, кога турнирот беше инициран со цел да придонесе кон подобрување на условите во основното училиште во село Маврово, годинава Маврово Опен ја продолжува истата мисија, но ја проширува својата програма и влијание.

Она што особено го одбележува второто издание е растот на самиот турнир. Интересот за учество оваа година е повеќе од двојно поголем, со вкупно 84 натпреварувачи во категориите мажи, жени и полу-професионалци. За првпат, полу-професионалната категорија ќе игра и во двојки, со што турнирот носи уште повозбудлив тенис за публиката.

„Веруваме дека спортот не е само натпревар, туку начин да се поврзат луѓето, да се оживеат јавните простори и да се создадат места каде што децата ќе имаат причина да останат, да се дружат и да растат. Токму затоа годинава уште поголем фокус ставаме на детската програмата и искуствата на децата“, велат организаторите.

Една од главните цели на Маврово Опен е да покаже дека јавниот простор има вредност само доколку навистина се користи. Организаторите сметаат дека предност во користењето на овој простор треба да имаат децата од локалната заедница.

„Нема смисла да имаме прекрасно тениско игралиште изградено по професионални стандарди, ако децата од општината немаат можност да го користат и да го запознаат тенисот како спорт. Затоа оваа година, покрај турнирот, сакаме да им дадеме на децата можност навистина да влезат на теренот, да земат рекет и да го искусат спортот одблизу.“ - вели Филип Крстевски, претседател на МО.

Во рамки на детската програма годинава ќе се реализира и посебен тенис тренинг за децата од ОУ Денче Дејаноски во Маврово, со професионален тренер и тениска опрема, на официјалното игралиште на турнирот. Програмата се реализира со поддршка од Европската Унија.

Оваа година за првпат е отворена и волонтерска програма, преку која младите имаат можат активно да се вклучат во реализацијата на настанот и да придонесат кон создавањето на заедничка иницијатива.

За посетителите кои не можат да бидат физички присутни во Маврово, натпреварите годинава ќе имаат и професионален пренос во живо. Македонски Телеком, како технолошки партнер на турнирот, ќе обезбеди и бесплатен стабилен интернет на целата локација.

Како и лани, и оваа година ќе биде организиран бесплатен превоз до Маврово и околу езерото, со поддршка од АБЦ Рент а кар, со цел посетителите да можат полесно, поекономично и поеколошки да пристигнат на настанот. Воедно, организаторите ова го прават за да испратат порака дека на Маврово му е потребен јавен превоз во високата сезона зиме и лете.

И за крај, во соработка со платформата за архитектура и урбанизам МЕЛЕЕМ, распишан е конкурс за архитектонско решение за трибина покрај тениското игралиште.

Со овој конкурс организаторите сакаат да отворат поширока дискусија за тоа како еден спортски терен може да прерасне во квалитетен јавен простор – место за гледање натпревари, дружење, престој и секојдневно користење од страна на локалната заедница.

Како и минатата година, Маврово Опен го задржува својот хуманитарен карактер. Турнирот е инициран со идеја да придонесе кон подобрување на условите во основното училиште во село Маврово, кое со само неколку ученици е еден од симболите на предизвиците со кои се соочуваат малите локални заедници.

Маврово Опен 2026 ќе се одржи од 28 август до 13 септември на тениското игралиште во Маврови Анови.

Маврово Опен е целосно волонтерска иницијатива, реализирана со поддршка од институции, компании, локални партнери, волонтери и пријатели на турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Бројот на жртви во ненадејните поплави што ја погодија границата Непал-Тибет, достигна 95, соопшти локалната полиција.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Најмалку 403 лица, вклучувајќи 341 странски државјанин, се водат како исчезнати соопшти туристичкиот одбор на земјата. Според објавените податоци, меѓу исчезнатите се 203 мажи и 200 жени. Странските државјани по кои се трага се од 26 различни земји.

Најголемиот број исчезнати странци се индиски државјани, 133 од нив. Потоа следуваат Соединетите Американски Држави со 47 и Обединетото Кралство со 33 исчезнати лица.

Според информациите доставени од туристичките оператори до туристичката комисија, повеќето патници биле на пат кон Мансаровар, област во близина на индиско-непалската граница.

Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи укажуваат дека ненадејните поплави можеби се случиле откако земјотрес предизвика лавина.

Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Денеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер