Јотовски напредуваше десет места на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски бележи прогрес од десет позиции на најновата АТП ранг-листа, објавена денеска.

Јотовски, кој изминатите две седмици настапуваше на два турнира во Анталија, Турција, првиот турнир го заврши во четвртфиналето, а на вториот беше елиминиран во осминафиналната рунда.

Сепак, со новите освоени бодови Јотовски напредуваше десет места. Така сега 28-годишниот Јотовски е рангиран на 572. место на АТП ранг-листата, на која, пак, и во конкуренција на двојки има напредок од една позиции, па сега е рангиран на 1017. место.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конферениција на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

притисни ентер