Јотова тврди дека официјална Софија ги спровела сите препораки од Советот на Европа - Канал 5

Јотова тврди дека официјална Софија ги спровела сите препораки од Советот на Европа

Бугарската претседателка Јотова тврди дека официјална Софија ги спровела сите препораки од Советот на Европа поврзани со македонското здружение ОМО „Илинден“. 

Јотова тврди дека официјална Софија ги спровела сите препораки од Советот на Европа

Јотова ваквиот став за предметите поврзани со македонската организација како што кажа, му го пренела лично на генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, на вчерашната средба што ја имале во Стразбур. Според Јотова, проблемот за регистрација на ОМО Илинден не бил кај бугарските власти туку во пропусти од македонското здружение, а оваа тема, како што изјави, исклучително многу се користела против Бугарија. Јотова тврди дека Бугарија нема билатерален спор со Македонија, а земјава според неа не ги почитува обврските од францускиот компромис.

– Втората тема беше, се разбира за движењето на досието ОМО „Илинден“ и многу се надеваме дека на една од наредните седници таа сага ќе заврши. Се разбира, јас го потцртав бугарскиот став уште веднаш, за да чуе тој (Берсе) од прва рака, дека ние сме ги спровеле сите нивни препораки до овој момент. Го променивме законот заедно со Агенцијата за регистрација, за да можат таму да се регистрираат. За жал, тие секојпат пропуштаат по некој документ, изјави Јотова.

Од ОМО ,,Илинден-ПИРИН’’ тврдењата на бугарската претседателка ги оценија како целосни невистини и манипулација. Стојко Стојков за Канал 5 вели дека бугарските судови организирано измислуваат непостоечки грешки за да ја одбиваат регистрацијата на македонските организации.

-Ова е директна лага што го кажува. Вистината е дека тие немаат исполнето ништо бидејќи исполнувањето значи да ги регистрираат организациите. Комитетот на министри ги натера да запрат да користат аргументи од типот нема македонско малцинство затоа нема да ве регистрираме и нив им остана само да се повикуваат на технички грешки. Комитетот на министри побара од Бугарија да даде пример бидејќи беше хаос и никој не можеше да разбере што точно е грешка, а што не, да дадат пример на три организации кои што се регистрирани и чиишто документи се перфектни и нема никакви грешки и бугарските власти дадоа три организации минатата година. Од тогаш наваму има десетици обиди на наши организации да се регистрираат користејќи ги документите на овие организации и секој пат, секој суд си измислува нови грешки во документите., изјави Стојков, – ОМО Илинден Пирин.

Европскиот суд за човекови права во повеќе наврати утврдуваше повреди на правото на слобода на здружување и мирно собирање на македонските здруженија во Бугарија, а во моментов има околу 14 пресуди кои Софија не ги спроведува, на што неодамна за време на посетата на Македонија укажа и самиот Берсе. Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, туку и да се прифати обврската на сите пресуди на овој суд, изјави Берсе во мај годинава.

Токму пресудите од судот во Стразбур се еден од главните аргументи и барање на македонската Влада – Бугарија да ги спроведе пресудите како израз на добра волја за подобрување на добрососедските односи, а во услови кога Софија настојува Бугарите да се внесат во македонскиот устав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во топлес

Младата и атрактивна српска пејачка Сара Џо повторно предизвика големо внимание и ги привлече погледите со провокативна објава на социјалните мрежи. 

Фото: Српска пејачка во топлес

Таа сподели серија фотографии на Инстаграм на кои позира полугола, со долги прамени руса коса и раце што ѝ ги покриваат градите.

Облечена во фармерки со низок струк и придружена од песна на Бритни Спирс, пејачката ја покажа својата прекрасна фигура и предизвика вистинска бура од реакции меѓу своите следбеници.

Нејзината објава доаѓа во момент кога јавноста зборува за нејзината нова врска со синот на познатиот актер=, продуцент и режисер, Драган Бјелогрлиќ, младиот актер Алексеј Бјелогрлиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Хамза бин Ладен е жив?

Синот на некогаш најбараниот свтески терорист, Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив.

Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен – за кого американските власти претходно тврдеа дека загинал во воздушен напад во 2019 година – наводно е жив и ги предводи обновените напори на Ал Каеда за изградба на мрежа од милитантни групи во Азија и Африка.

Ова се наведува во нова разузнавачка проценка објавена од британскиот весник „Мирор“.

Според таа проценка, Ал Каеда наводно намерно ширела информации за смртта на Хамза за да го отстрани од списокот на цели и да му овозможи од сенка да преземе лидерска улога во организацијата.

Хамза бин Ладен, кој сега би имал 37 години, е најстариот син на Осама бин Ладен – основачот на Ал Каеда и идејниот творец на терористичките напади врз САД од 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Хамза бин Ладен бил убиен во американска операција во 2019 година.

Сепак, според разузнавачка проценка до која дојде весникот „Мирор“, Ал Каеда наводно манипулирала со телефонските разговори на членовите на семејството и соработниците на Хамза за да ги убеди американските разузнавачки служби дека тој е мртов.

Во проценката се наведува дека тогашниот лидер на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, наводно одиграл клучна улога во таа операција.

Според овие наводи, соработниците на Хамза отворено разговарале по телефон за неговата смрт, свесни дека комуникацијата може да биде прислушувана. Понатаму, во проценката се наведува дека по смртта на Ал-Завахири во американскиот напад во Кабул во 2022 година, Хамза ја презел лидерската улога во организацијата.

Тој потоа наводно воспоставил мрежа од кампови во Авганистан и се поврзал со разни милитантни групи, вклучувајќи организации поврзани со Иран, Хамас и Исламската држава.

Во документот се проценува дека потенцијалната закана за Обединетото Кралство и САД може да вклучува напади со голем број жртви, киднапирања, поединечни напади, саботажи, атентати, како и напади врз транспортната инфраструктура и цели поврзани со Израел и еврејските заедници.

Ивор. Б92.нет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име

Дуа Липа се огласи на Инстаграм за да ја изрази својата поддршка за Ослободителната војска на Косово (ОВК) и нејзините поранешни водачи, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.

Дуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име

Пејачката го објави амблемот на ОВК со зборовите „Liria ka ĝemër“ или „Слободата има име“. Објавите дојдоа по пресудата на поранешните водачи на ОВК пред Специјалниот совет за Косово во Хаг.

Таа, исто така, сподели порака од нејзиниот татко

Потоа Дуа Липа сподели објава од нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, на својот профил. Во неа се зборува за улогата на ОВК во борбата за слобода и независност на Косово и се вели дека оваа борба не смее да се доведува во прашање.

„Слободата е освоена со крв - крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слобода. Никој нема право да ја оцрни нашата борба за слобода. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и секогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, сподели пејачката во објавата.

Таа често зборува за врската со Косово

Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на косовски Албанци, а дел од детството го поминала во Приштина, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа била девојче.

За време на нејзината кариера, пејачката неколку пати зборуваше за нејзината врска со Косово и важноста што ја има за нејзиниот идентитет. Таа исто така нагласи дека сака да ја искористи својата меѓународна популарност за да придонесе за поголемо препознавање на Косово во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер