МакедонијаЈОРМ: Две лица под истрага за „Примање награда за противзаконито влијание“Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредби за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание.Осомничените – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, во периодот од август 2025 година до 07.04.2026 година директно примиле награда во паричен износ од 500 евра и 60 000 денари од сведок, за посредување на судскиот полицаец во повисоките судови со цел да издејствува ослободителна пресуда. Сведокот, кој поднел жалба против првостепена пресуда со која бил огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од една година, преку сосед стапил во контакт со осомничениот доставувач, кој го упатил кај судскиот полицаец како лице што може да посредува. Судскиот полицаец кој бил претставен како лице кое долги години работи во судот и има контакти со судиите во сите степени, при што може да ургира пресудата да биде заменета со ослободителна. Убеден во неговото влијание, сведокот во текот на 2025 година на доставувачот му предал 500 евра со цел истите преку судскиот полицаец да бидат предадени на судија од Апелациониот суд Скопје кој би донел ослободителна пресуда. Во текот на 2026 година, сведокот на осомничениот судски полицаец му исплатил 30 000 денари како награда за посредувањето. Откако Апелациониот суд Скопје ја потврдил првостепената пресуда, сведокот преку својот бранител поднел вонреден правен лек пред Врховниот суд на РСМ. На 07.04.2026 година сведокот на осомничениот полицаец му исплатил уште 30.000 денари како награда за наводно посредување пред судиите на Врховниот суд кои треба да одлучуваат во постапката. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување на мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог што беше делумно прифатен. Со решение на судот на осомничениот судски полицаец му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на доставувачот му е определен куќен притвор, за што предметниот обвинител незадоволен од одлуката на судијата достави жалба.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизАрнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм Иако се приближува кон својот 80-ти роденден, легендарниот Арнолд Шварценегер не покажува намера да забави, а камоли да се повлече од светот на филмот.Откако неодамна се врати за две сезони од акционата серија на Нетфликс, ФУБАР, во која глуми заедно со ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“, Моника Барбаро, Шварценегер веќе подготвува нов проект. Иако публиката со децении дебатира за неговата најпозната улога, многумина ќе се согласат дека станува збор за научно-фантастичниот класик од 1984 година, филмот што ја лансираше една од најуспешните акциони франшизи на сите времиња. Нов криминален трилер за „Прајм Видео“ Шварценегер ќе ги здружи силите со Лиам Хемсворт во новиот криминален трилер „Келис“, за кој правата ги обезбеди „Амазон МГМ“. Филмот нема да има кино-дистрибуција, туку ќе биде објавен на стриминг услугата „Прајм Видео“. Заплетот следи еден посрамен њујоршки полицаец чија сопруга е киднапирана од терористи. За да ја спаси, тој е принуден да побара помош од своето семејство. Режисер е Бред Пејтон, познат по соработката со Двејн Џонсон на филмовите „Rampage“ и „San Andreas“ и по научно-фантастичниот филм „Atlas“, кој го режираше за Netflix минатата година. Премиерата се очекува најрано следната година Доаѓањето на филмот „The Kellys“ се очекува најрано кон крајот на следната година, иако не е исклучено премиерата да биде поместена за 2028 година. Во меѓувреме, Шварценегер продолжува да работи на нови проекти, потврдувајќи дека нема планови да ја напушти филмската индустрија.Тагови: Арнолд Шварценегер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаПредлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура
Во наелектризирана атмосфера, во Собранието почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Долгонајавуваниот законот за правична и соодветна застапеност влезе во собраниска процедура – со часови трае расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците за законот кој треба да го замени балансерот. Предлагачот, пратеникот и вицепремиер Беким Сали, во Собранието порача дека со овој закон се прави историски чекор кон унапредување на рамковниот договор и дека правичната застапеност во институциите ќе се уредува законски, наспроти со Балансерот, кој го оцени само како дигитална алатка.

„Сакам да истакнам дека овој закон ја ужива поддршката на Советот на Европа, бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија, а препораките содржани во нејзиното мислење кои беа насочени кон подобрување на текстот се вградени во одредбите на овој закон. Законот го штити правото на слободно самозијаснување но го спречува неговото злоупотребување и доколку има таков обид, кандидатите ќе бидат одбиени со забрана да се пријават повторно за вработување за три месеци.“

Сепак, албанските партии од власта и опозицијата со спротивставени гледишта на овој закон. Според опозицискиот блок, кои жестоко се противат на ова решение, се нарушува рамковниот договор и уставниот поредок, и најавија дека ќе направат се што е во нивна моќ истиот да не се донесе. Од ВРЕДИ пак порачаа дека опозициските партии манипулираат со чувствата на албанските граѓани и дека законското решение ќе доведе до попрофесионални вработувања во институциите.

На матичната комисија и претходеше жолчна расправа во Комисијата за политички систем, каде власта и опозицијата се судрија околу тоа дали да се носи со мал или голем бадентер - со 11 гласа за и двајца против, надвладеа ставот, тој да се донесе со мал бадентер, што значи мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

„Посакувам денешниот ден да не биде официјално почетокот на уништувањето на унитарниот систем на државата, бидејќи овој систем е можеби дојдено време и да се смени, бидејќи евидентно многу грешите ако не сметате за наивни.“

„Зошто се плашите, јас не знам од каде ви е оваа паника или тенденцијата ваша е да создате на секоја седница, на секоја комисија да имате шоу, драми и театар.“

„Вие донесувате закон кој ни го продавате како да живеете во Скандинавија.“

Пред да дојде на гласање на пленарна седница, законот ќе оди на јавна расправа.

<iframe allowfullscreen="" frameborder="0" height="315" src= Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоГрад падна во Пехчево и Берово, до крајот на денот променливо облачно со повремени врнежи и грмежиДо крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во о С) 14 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Лазарополе, Маврови Анови, 21 Претор, 22 Охрид, Берово, Крива Паланка, 23 Битола, 24 Прилеп, Виница, 25 Тетово, Скопје- Зајчев Рид, 26 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Струмица, 27 Кавадарци, 28 Велес. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 9 ЧАСА (во l/m 2 ) 4 Лазарополе, Виница, 3 Берово, 2 Гевгелија, Стурмица, Кавадарци, Штип, 1 Битола, Прилеп, Претор. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Во Пелагонија и југоисточните региони процесите беа поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и силен ветер. Во крајниот исток (Пехчево и Берово) имаше појава на град. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во текот на ноќта ќе биде променливо облачно време со услови за краткотрајни слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме, соопштуваат од УХМР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter