Јорданов: За три години реализиравме над 400 проекти за Штип

Како одговорна и транспарентна локална власт во изминатите 3 години, со чесен пристап реализиравме повеќе од  400 проекти кои придонесоа граѓаните на Општина Штип да имаат подобри услови за живот.

Јорданов: За три години реализиравме над 400 проекти за Штип

Денес Штип е општина со променет лик, која секојдневно се менува според потребите на граѓаните, бидејќи нашата визија и работа ја фокусираме на потребите на граѓаните.

Со многу љубов, труд и работа во Штип се реализирани голем број на проекти за сегашните и идните генерации.

Во делот на инфраструктурата

-Асфалтирани и реконструирани се голем број на улици во секоја населба во вкупна должина нешто повеќе од 10 километри.

-Изградени се конзоли на река Отиња со што се проширија главните улици во централното градско подрачје долж коритото на реката Отиња.

-Извршено е проширување нa постоечки мост на река Отиња и изградба на нов мост со што се овозможува побрза фреквенција на возилата во централното градско подрачје.

- Започнавме со изградба на булеварот ,,Партизанска” и воедно се зафативме со промена на главната водоводна линија која што минува по трасата на овој булевар.

- Започнуваме со Изградба на нов мега парк во вкупна површина од 70 000 м2 веднаш до булеварот ,,Партизанска“.

- Уредена е крстосницата во населба Сењак како црна точка во минатите години со нова сообраќајна сигнализација.

- Континуирано вршиме партерно уредување околу станбените единици во секоја населба во нашиот град.

-Градиме нови тротоарски површини и реконструкција на постоечките со цел пешаците да се движат безбедно.

-Изграден е нов полузатворен пазар на повришина од 1200м2 со обезбедени нови паркинг места.

- Започнавме со изградба на спортски центар Џексон, спортска сала со капацитет од 1000 посетители.

- Изграден е нов турбо кружен тек кај “Порта пролет” со кој ќе се подобри безбедноста на сообраќајот и пристапот до клиничката болница.

- Улицата “Ванчо Прке” e пренаменета во пешачка зона збогатена со многу урбана опрема и декоративни садници.

- Изградивме 2 нови катни гаражи во централното градско подрачје со што драстично го зголемивме бројот на паркинг позиции, а во моментот е започнато со градба и нова катна гаража која што е трета по ред во централното градско подрачје веднаш до зграда Промаја.

-Ќе се започне со изградба на обиколницата Пребег, Железничка Плуждино со која ќе се избегне сообраќајниот метеж и ќе се овозможи урбанизација на овој дел од градот со оглед на тоа што веќе тендерската постапка е во тек.

-Извршено е партерно уредување со поставување на урбана опрема и обезбедување на нови паркинг места на следните локации:

-Населба Aвтокоманда, Леваци, Сењак, Ул.Борис Кидрич,

-Населба 8 Ноември, ул.Пиринска, Партизанска, Христијан Карпош.

-Продолжуваме интензивно со изградба на линија 2 со што ќе се подобри водоснабдувањето на голем број на населби којшто во летните месеци имаат проблем со притисокот на чиста вода за пиење.

-Започнуваме со изградба на резервари за водоснабдување, Пребег–Мерит и Каваклија со што ќе се подобри водоснабдувањето во високите зони од градот во летните месеци.

-Континуирано се врши промена на примарната и секундарната водоводна и канализациона мрежа и за таа цел се вложени 200 милони денари во изминатите 3 години.

-Воведен е јавен градски превоз на територијата на Општина Штип, после, 40 години со комплетно нови 7 автобуси.

Мултифункционални паркови и спортски центри

-Изградени мултифункционални спортски игралишта во населбите: Баби ,Сењак,8ми Ноември, Балканска, Леваци, Пребег, Караорман, Чардаклија, Три Чешми, Ново Село, Железничка, Дузлак.

-Нова памп патека во паркот во населба Баби

-Изграден нов парк за миленици веднаш на велосипедско-пешачката патека кај р. Брегалница

-Изградена е нова балон спорска сала во населба Три Чешми, а целосно е реконструирана спортката сала во населба Караорман.

Во делот на образованието:

-Обезбедени се униформи за учениците во основните училишта од 1 до 5 одделение.

-Приспособивме простории во населба Три Чешми со што ќе се овозможи во иднина да се згрижуваат дечиња од предучилишна возраст.

-Училиштата и градинките во општина Штип се енергетски ефикасни со поставени фотоволтаици.

-Пуштивме во употреба реновирани простории во подрачното улилиште Ванчо Прќе во Ново Село за продолжен престој на учениците.

-Континуирано се реконструираат образовните институции и се создаваат подобри услови за настава.

-Во основните училишта, конкретно во Основното училиште Димитар Влахов реконструирани се спортските терени и изградено е детско игралиште.

-Ново спортско игралиште е исто така изградено во СОУ Јане Сандански.

-Отворени сензорни соби, реквизити и стимулативни алатки во многу основни училишта.

Во делот на културата, активно се залагаме и за развој на културата и зголемување на културно уметничките настани во нашиот град.

Успешно продолжуваме со организирање на Макфест, Штипско Културно лето, Shtip Fashion Days, концерти со реномирани изведувачи, ликовни колонии, изложби и многу други настани кои оставаат белег на денешницата.

Во делот на спортот, продолжуваме да ја подобруваме спортскта инфраструктура.

Финансиски ги поддржуваме нашите спортски клубови и организираме голем број на спортски манифестации со цел да ги мотивираме најмладите генерации да спортуваат и создаваат здрави навики.

Сето ова придонесе градот Штип на свечена седница во европскиот парламент да биде прогласен за европски град на спортот за 2024 година од страна на асоцијацијата ACES EUROPE.

Почитувани, продолжуваме и понатаму, чесно, посветено, во интерес на граѓаните, за нова иднина, за нашиот град Штип.

Ви благодарам.

Прес-конференција на градоначалникот на Штип Иван Јорданов

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Маж тепа крокодили со лопата (ВИДЕО)

Збунувачкото и бизарно видео е објавено на интернет и за кратко време стана вирално.

Маж тепа крокодили со лопата (ВИДЕО)

Се гледаат огромни крокодили како лежат на брегот на езеро, по што непознат маж почнува да ги брка со лопата. Врз основа на реакцијата може да се заклучи дека сакал да ги истера назад во водата.

Локацијата останува непозната.

Покрај тоа што овој потег е крајно ризичен, повеќето гледачи го поставија истото прашање - дали имало потреба да се бркаат крокодилите со лопата?

Times Now News известува дека не можеле да го одредат датумот и локацијата каде е снимено видеото.

Некои беа вознемирени и потегот на човекот го нарекоа „суровост кон животните“. Само на страницата Amazing Nature, објавата собра повеќе од 420.000 прегледи.

Онлајн осуди

„Ова не е смешно, можеби е дури и суровост кон животните. Ако редовно ги удира со лопата“, напиша едно лице.

„Не ми е гајле дали е фарма за крокодили или нешто друго. Да ги удираш со лопата е кукавички“, додаде друг.

„Тој не требаше да го направи вака. „Само опуштено лежеа“, заклучи трето лице.

Во еден момент може да се забележи како мажот со лопата удира крокодил по муцката.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Ричард Бароус, кој го украл идентитетот на тешко болен човек и бегал од правдата речиси три децении, е прогласен за виновен по 54 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Бароус побегнал од Британија во 1997 година за да избегне судење за обвиненијата за сексуална злоупотреба на деца.

Сепак, по 27 години во бегство, тој е уапсен минатата година на аеродромот Хитроу во Лондон, а сега е прогласен за виновен пред судот Честер Краун.

Тој малтретирал малолетни момчиња во интернат и како водач на извидници.

На судењето било слушнато како Бароус малтретирал момчиња на возраст од девет години додека бил учител во интернат во Чешир и како водач на извидници во Западен Мидлендс помеѓу доцните 1960-ти и средината на 1990-тите.

Бароус признал 43 од 105 обвиненија, додека обвинителството отфрли осум точки од обвинението. Тој ги отфрли преостанатите 54 обвиненија, но поротата го прогласи за виновен по сите точки од обвинението.

Осумдесетгодишникот од Бирмингем треба да биде осуден на 7 април.

Речиси три децении бегство и живот под туѓо име

Бароус исчезнал во 1997 година пред да може да му се суди за сексуални злосторства на деца. Полицијата со години се обидувала да го пронајде, но безуспешно.

Неговите злосторства се делумно поврзани со неговата работа во интернатот во училиштето Денесфорд во Чешир од 1969 до 1971 година, како и со извидничките групи во Сатон Колдфилд и Стритли. Злоупотреба се случила и за време на извиднички патувања во Велс, Рос-он-Вај, Котсволдс и Лондон.

На судењето тој тврдел дека побегнал во Тајланд затоа што сакал да плови и дека не извршил никакво злосторство. Тој исто така рече дека решил да се врати во Британија по 27 години бидејќи останал без пари.

Пронајден благодарение на напредната анализа на фотографии

Полицијата во Чешир конечно го пронашла во 2023 година користејќи специјализиран софтвер за анализа на слики на Интернет.

Откриле дека тој го користел лажното име Питер Смит додека живеел во Пукет, Тајланд. Понатамошната истрага открила дека Бароус го украл идентитетот на тешко болен човек и незаконски добил пасош во 1997 година.

Додека британските власти го подготвувале процесот на екстрадиција, откриле дека Бароус планирал сам да се врати во Британија, што овозможи негово апсење во Хитроу.

Полицијата: Ги оставил своите жртви да страдаат додека живеел во рајот

По пресудата, детективот Елеонор Аткинсон од полицијата во Чешир рече дека Бароус систематски ги малтретирал своите жртви и потоа избегал за да ги избегне последиците.

„Наместо да се соочи со последиците од своите постапки, тој побегна како кукавица и го искористи украдениот идентитет на болен човек“, рече таа.

Таа нагласи дека Бароус поминал речиси три децении „живеејќи во рај“, како што тој самиот го опишал својот живот во Тајланд, додека неговите жртви биле оставени да се справат со траумата и да се обидат да ги обноват своите животи.

Посебно е трагично што четворицата жртви не ја добиле правдата бидејќи починале пред да го видат на суд.

Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Префектурното собрание на Шизуока донесе резолуција со која се воведува такса за туристите кои сакаат да се искачат на планината Фуџи користејќи три главни патеки.

Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Почнувајќи од ова лето, секој алпинист ќе треба да плати 4.000 јени (околу 24,8 евра), пишува Kyodo.

Мерката доаѓа откако соседната префектура Јаманаши објави зголемување на таксата за користење на патеките на истиот износ. Целта е да се намали прекумерниот број посетители и нивното влијание врз природата на највисоката планина во Јапонија, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Освен што наплаќаат такса, властите во Шизуока воведуваат и ограничувања за пристап на нивните планински правци - помеѓу 14:00 и 03:00 часот, качувањето нема да биде дозволено, освен за оние кои имаат резервации во планинарски домови. Ова правило има за цел да го спречи ноќното качување без соодветен одмор, што е вообичаена практика меѓу туристите.

Новите прописи стапуваат на сила на 9 мај, пред почетокот на официјалната сезона за искачување во јули. Префектурата Шизуока управува со патеките Фуџиномија, Готемба и Субашири, додека патеката Јошида е под надзор на префектурата Јаманаши. Во текот на летните месеци, планината Фуџи привлекува стотици илјади авантуристи, а овие промени имаат за цел да обезбедат побезбедно и поодржливо искуство за сите посетители.

притисни ентер