Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
2Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
3Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
КултураЈордан Плевнеш добитник на највисокото општинско признание на ОхридПоетот, драматургот и романсиерот, амбасадорот Јордан Плевнеш, е годинешниот добитник на највисокото признание што го доделува Општина Охрид - наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“.Членовите на Стручната комисија едногласно ја донеле таквата одлука, имајќи ја предвид импозантната биографија на проф. д-р Плевнеш, неговото животно дело и неговата завидна научна дејност во областа на драматургијата и неговата афирмација на Охрид и Република Македонија насекаде во Светот. „Земајќи го предвид предлогот на Стручната комисија и општопознатите факти за неговата голема високовредносна и величествена идеја за Охридската академија на хуманизмот, со востановување на Охтидската Светиклиментова Светска награда за хуманизмот со која досега беа овенчани седумнаесет светски хуманисти – великани во своите професионални сфери, на Охрид му се даде уште една историска улога во неговата осум милениумска предисторија и историја. Наградата за хуманизам го осмислува Охрид од длабокото возбудливо историско минато, преку фактот дека Охрид во денешнината станува хуманистичко-филозофски стожерник, а аналогно на тоа Јордан Плевнеш е еден од најзаслужните такви стожери и неговите врвни долгогодишни остварувања кои се од особено значење и имаат голем придонес во развојот напредокот и севкупната афирмација на Охрид во Република Македонија и светот“, посочува градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој ја потврди одлуката на Комисијата. Јордан Плевнеш e роден на 29-ти октомври 1953 година во селото Слоештица, Демирхисарско. Основно училиште заврши во Демирхисарско, средно во Битола, а факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и магистрира на Филолошкиот факултет, на тема „Македонската народна драма“. Карактеристично за него е да се каже и тоа дека во текот на 1973 и 1974 година работеше како метач на гробиштата „Пер Лашез“ во Париз и со еден патувачки театар на илузионисти ја пропатува Европа, што несомнено говори за неговиот нескротлив дух. Од 1975 година беше уредник на културната рубрика во „Студентски збор“. Од 1980 до 1985 година беше уредник во Издавачката куќа „Мисла“. Исто така значајно е да се истакне дека од 1985-1988 година работеше и како асистент на Институтот за литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а член е на ДПМ од 1982 година, како и на Македонскиот ПЕН центар. Предава креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети, како на пример: Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз, Универзитетот Оресе во Париз, Универзитетот на Тексас во Далас, Универзитетот Јеил. Од декември 2000 година па сè до 2005 година беше амбасадор на Република Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и при УНЕСКО. Од 2005 година е потпретседател на Интернационалната асоцијација на УНЕСКО од Париз, Република Франција, за дијалог меѓу цивилизациите, а од октомври 2008 година е ректор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности при ESRA – Европската филмска академија „Скопје-Париз-Њујорк“. Во однос на неговото творештво карактеристично е тоа што неговите дела се објавувани во педесетина земји во светот, преведувани на повеќе од петнаесетина јазици, а неговите драми изведувани во над триесетина земји во светот. Тој пишува на македонски и француски јазик, а преведува од српскохрватски, грчки и француски јазик. Негова прва книга е „Теорија на отровот“ (збирка поезија, 1980), по што следуваат: „Еригон“ (драма, 1980), „Мацедонише цуштенде“ (драма, 1984), „Југословенска антитеза“ (драма, 1987), „Р“ (драма, 1987), „Бесовскиот Дионис“ (студија, 1989), „Драми“ (1996), „Подземна република“ (драма, 1991), „Безбог“ (драма, 1991), „Среќата е нова идеја во Европа“ (драма, 1998), „Јустинијан први“ (монодрамски спев, 2001), „Последниот ден на Мисирков“ (пиеса, 2003), „Осмото светско чудо“ (неговиот прв роман, 2005). Добитник е на следните награди: во „Студентски збор“ за дебитантска книга, награда за најдобар југословенски драмски текст на XIII МЕСС во Сараево, вонредна награда на „Стерино позорје“ Нови Сад, за драмата „Подземна република“ изведена од Битолскиот театар, високата награда на Националниот центар за книжевност на Република Франција за драмата „Среќата е нова идеја во Европа“, добитник е на интернационалната награда на франкофонијата „Сребрен јасмин“, во 2004 година, за целокупното негово творештво, а во 2008 година, на отворањето на првиот Фестивал на француски филм во Охрид, амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Бернар Валеро, во името на претседателот на Франција, Никола Саркози, му ја врачи високата француска награда „Витез на книжевностите и уметностите“. Добитник е и на многу други награди и меѓународни книжевни признанија. Добитници на повелбaта „Патрон на градот - Св. Климент Охридски“ за оваа година се манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, постхумно неодамна починатата спикерка на Радио Охрид, Леонора Чекреџи и младата спортска надеж на Охрид, таеквондистката Христијана Парулеска. Наградата и Повелбите на добитниците ќе им бидат врачени на Свечената академија што по повод празникот „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи во четврток, 7 декември 2023 година, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19:30 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
БалканЛокални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон ЉубљанаДенес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот. Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело. Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати. Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник. Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември. На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени. Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.Тагови: словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во МакедонијаФилипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен? Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото. Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГДодека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски. Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“. Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции. Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт. Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра. Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија. Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот. Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност! Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Тагови: Маја Серафимовска -Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook