Јончевски:Во моментов сме далеку од квалитетот на репрезентациите со кои сме биле рамо до рамо - Канал 5

Јончевски:Во моментов сме далеку од квалитетот на репрезентациите со кои сме биле рамо до рамо

Видно изменениот и подмладен состав на Македонија не успеа да обезбеди пласман во следната фаза од претквалификациите за Олимписките игри во Париз. 

Јончевски:Во моментов сме далеку од квалитетот на репрезентациите со кои сме биле рамо до рамо

На турнирот во Талин нашите најдобри кошаркари забележаа три порази во дуелите Израел, Чешка и домаќинот Естонија.

Доволно за едно резиме на селекторот Александар Јончевски.

Прво за последниот натпревар со Чешка во кој нашиот национален тим прикажа и најмногу за време на престојот во естонската престолнина:

„Направивме низа на грешки, и тоа во серија, што нè чинеше,Чесите да се одлепат резултатски. Повторно се вративме но не целосно, за да успееме и да изненадиме.Сепак се работи за селекција во која имаат играчи од НБА и од Евролигата, за кои, во одредени делови од натпреварот и немавме адекватен одговор. Таков всушност беше и целиот турнир.Додека сите други екипи имаа играчи од најсилните светски лиги, ние имавме огромни проблеми и да го составиме тимот по многубројните откажувања. Па така шанса за настап добија играчи, многу поголема и од онаа која ја имаат во нивните матични клубови“.

Токму тој краток простор за маневар, за ваков, турнирски систем на натпреварување, е и основната причина за овие резултати кои се далеку од некои поранешни, смета Јончевски.

„Можеби тоа е и најголемиот проблем, каде дел од нашите стандардни , а сега и потенцијални репрезентативци не добиваат доволно простор каде би можеле да напредуваат , а со тоа и самата репрезентација. Некои од нив ги одиграа и првите минути во сениорска репрезентативн кошарка оваа сезона. Верувам дека од овој турнир ќе извлечеме огромна поука, не само ние во стручниот штаб, туку и самите играчи. А тоа е дека во моментов сме далеку од квалитетот на репрезентациите со кои сме биле рамо до рамо, а некогаш и многу подобри. Треба да сфатиме дека тоа време помина, и дека сега е времето на новата генерација која треба да даде резултат во наредниот период.За да се случи тоа треба огромна работа, пожртвуваност и желба од страна на потенцијалните репрезентативци, а секако и услови во клубовите во кои настапуваат“ – потенцира Јончевски во својата кратка анализа на случувањата во Талин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид.

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид, каде со раководството разговараше за актуелните безбедносни предизвици и унапредувањето на полициското работење.

Фокусот беше ставен на ризиците од прекуграничен криминал долж зелената и водената граница, состојбата на граничните премини, движењето и престојот на странски државјани, како и потребата од навремено препознавање и спречување на безбедносните ризици.

„Безбедносната состојба е стабилна и поволна, но стабилноста не значи пасивност. Полицијата мора навреме да ги предвидува, анализира и спречува ризиците“, истакна Јанев.

На средбата беше разговарано и за материјално-техничкото и кадровското зајакнување на капацитетите, функционирањето на регионалните командни центри, како и за унапредување на координацијата и размената на информации со надлежните институции.

Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на концептот „One Stop“ на граничните премини со Албанија, почнувајќи од ГП „Ќафасан“.

„Целта е јасна – сигурна граница и полиција која делува превентивно и е чекор пред безбедносните предизвици“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи

Дали Коридорот осум ќе финишира до 2032 година..

Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи

И бугарската министерка и министерот Муцунски на конференцијата во Софија порачаа дека ќе се забрза реализацијата на Коридорот осум...

Еврокомесарката Кос пак посочи дека посакува еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од Европа.. Но позициите Скопје-Софија и по тет- а -тет средбата Муцунски- Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит- остануваат непроменти...

Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања...

Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Кос. Разговарале и околу билатералниот спор, но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во тој процес, изјави Муцунски...

За пораките од овие средби повеќе детали од Софија има Дејан Србиновски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

15 Попова Шапка, 20 Крушево, 22 Маврови Анови, Охрид, Претор, 24 Берово, Тетово, 25 Крива Паланка, Прилеп, 26 Битола, Зајчев Рид, 27 Демир Капија, Виница, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 28 Велес, 28 Скопје Петровец, Штип.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и релативно топло попладнево имаше зголемена облачност. До крајот на денот ќе има услови за појава на врнежи во северните и западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер