Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар
2Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар
КошаркаJончевски: Претквалификациите ќе ни бидат мерило, да видиме до каде сме Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, синоќа, со првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ги стартуваше подготовките за настап на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин.Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, синоќа, со првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ги стартуваше подготовките за настап на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин, односно во Гљивице (втората фаза). Селекторот Александар Јончевски има свои очекувања во пресрет на она што следува во наредниот период: „Имаме тринеделни подготовки. Ќе се подготвуваме во Скопје и закажавме две ‘контроли’ со Полска во Белград, единствени дуели на кои би можеле да видиме до каде сме. Првата недела ќе бидеме некомплетни бидејќи ќе отсуствуваат играчите што имаат обврски кон своите нови клубови како лекарски прегледи и слично. Но верувам дека од идната недела ќе бидеме комплетни. Имаше откажувања, неделава имавме уште неколку непланирани, но тие играчи кои ќе се јават во овој циклус, се надевам дека ќе ја искористат шансата. Крстевски нема да игра од приватни причини, се повредија Митревски, Мекиќ и Мемед, а последниот што го одби повикот е Андреј Јакимовски од кого јас се уште не сум се откажал. Сметам дека во разговор со неговиот тренер во Вашингтон Стејт, можеме да најдеме решение и тој да се најде на конечниот список на кошаркари“- објаснува селекторот. Пред нашиот сениорски тим е еден голем предизвик, настап на претквалификацискиот олимписки турнир во Талин... „Последен пат Македонија се натпреваруваше на ваков предолимписки турнир во 2012 година, паметам, бидејќи и тогаш бев дел од стручниот штаб на репрезентацијата. Многу тешко натпреварување, со оглед на тоа што само 12 селекции ќе се пласираат на Олимписките игри, но добра можност да ги одмериме силите со посилни ривали со кои можеби ќе играме и во квалификациите за Европското првенство. А овие претквалификации ќе ни бидат мерило до каде сме, бидејќи главна цел ни е пласман на Европското првенство во 2025 година. Сега ќе можеме да спарингуваме со вистински противници кои ќе ни бидат конкуренција во квалификациите за континенталниот шампионат“ – потенцира Јончевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗемјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протестЗемјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест, незадоволни од откупната цена на црвената пиперка позната како „ајварка“, која најчесто се користи за подготовка на ајвар.Како што објави „Струмица Денес“, производителите бараат повисока откупна цена, посочувајќи дека сегашните услови не ги покриваат вложувањата и трошоците за производство. На протестот земјоделците носат транспаренти преку кои го изразуваат револтот од состојбата со откупот. Дел од пораките се насочени кон откупувачите и трговците, а производителите предупредуваат дека со ниските цени земјоделското производство станува сè понеисплатливо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во ГостиварТалогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот.Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот. Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат. Филипче, ДУИ и партијата на Таравари требаше веднаш да ја земат работата во свои раце, но затоа што се неспособни, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење. ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите. Талогот од СДС најмалку што можеа да направат е да се извинат и да донираат некој пакет вода за жителите, но тоа не го очекуваме затоа што тие немаат чест и углед. Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотФото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиониРедок модел на Ferrari Monza SP2, со проценета вредност од 3,7 милиони фунти, било запленето во Лондон за време на викендот. Автомобилот беше еден од 90-те возила што полицијата ги заплени при акцијата против несовесното возење во областите Кенсингтон, Челзи и Хајд Парк. Вкупната вредност на запленетите возила надминува 8 милиони фунти, пренесува BBC News. Скапоценото Ферари ( Ferrari Monza SP2) – модел од кој се произведени само 499 примероци, било запленето само половина час откако по прв пат се појавило на улиците на Лондон. Според информациите од полицијата, возачот бил зад воланот помалку од триесет минути. Утврдено е дека поседувал само привремена возачка дозвола и дека возилото не било осигурено. Модел од овој тип беше продаден на аукција претходно оваа година за 3,7 милиони фунти. Полицијата на лице место запленила петнаесет возила, користејќи овластувања што дозволуваат конфискација без претходно предупредување доколку автомобилот се користи на начин што го загрозува јавниот ред. Главниот инспектор Џеф Татман, кој ја предводеше операцијата, ги објасни мотивите зад оваа акција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter