Јокиќ збесна на судијата, играчите го влечат, се вмеша и Мелоун (ВИДЕО) - Канал 5

Јокиќ збесна на судијата, играчите го влечат, се вмеша и Мелоун (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс одиграа вистински „трилер“ меч со Сакраменто во кој водеа во најголем дел, но Кралевите успеаја да ги стигнат и да го доведат мечот во неизвесна завршница и на крајот победија со 102:98.

Јокиќ збесна на судијата, играчите го влечат, се вмеша и Мелоун (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ како и во поголемиот дел од сезоната е во фокусот на противничките редари, а она што е исто така забележливо е големиот број на непресудени фаули врз него. Така, во една од ситуациите во третиот дел, Никола отиде на леј-ап, но не доби фаул. За време на акцијата имаше протест до судијата, но немаше промена на одлуката.

Бидејќи направи прекршок во следниот напад, следеше нов протест на Никола, кој заработи техничка грешка. Тоа беше моментот кога српскиот кошаркар „полуде“, го извади штитникот за уста и се упати кон судијата за да му каже „што не е во ред“.

Неговите соиграчи веднаш се собраа околу него и го повлекоа за дресот и го вратија назад, а потоа во дискусијата се вклучи и тренерот Мајк Мелоун, кој доби техничка грешка. За среќа, се се смири без поголеми инциденти.

Како изгледаше сѐ на лице место погледнете во видеото:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)

Денес се случи сообраќајна несреќа на автопатот А3, меѓу клучката кај мостот на Сава и клучката „Загреб-исток“, во правец кон Липовац.

Тешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)

Поради сударот, сообраќајот беше целосно запрен накратко, што предизвика колона долга околу два километра. Возилата моментално се движат низ овој дел од автопатот со ограничена брзина од 60 км/ч.

Загрепската полиција за „Индекс“ потврди дека во несреќата учествувале два камиона и три патнички возила. Екипите на итната помош се на терен, но засега нема информации за загинати или повредени лица.

Еден автомобил целосно смачкан

Црвен шлепер директно удрил во задниот дел на бел автомобил; силината на ударот целосно го смачкала автомобилот и го заглавила под камионот, додека жолт камион со кран е позициониран веднаш до нив. Во далечината се гледаат запрени возила на итните служби, како и колона од автомобили наредени по лентата за застанување во итни случаи и по сообраќајните ленти.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светскиот шампион Шпанија донесе одлука за селекторот Де ла Фуенте

 Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте постигна огромен успех со најдобрата селекција и сега треба да биде награден за тоа.

Светскиот шампион Шпанија донесе одлука за селекторот Де ла Фуенте

Де ла Фуенте е многу блиску до нов договор со Шпанската фудбалска федерација, според кој би требало да остане на чело на репрезентацијата до 2030 година, пренесува „Атлетик“.

Преговорите траат веќе два месеца, а извори запознаени со ситуацијата тврдат дека двете страни сега влегле во завршната фаза.

Де ла Фуенте ја презеде репрезентацијата во декември 2022 година и многу брзо почна да ниже успеси. Првиот голем успех дојде уште во 2023 година, кога Шпанија ја освои Лигата на нации.

Една година подоцна следеше Европското првенство во Германија. „Фуријата“ ја совлада Англија со 2:1 во финалето и се искачи на европскиот трон, а ова лето, освојувањето на Светското првенство дојде како шлаг на тортата.

Продолжувањето на соработката до 2030 година би имало и посебна симболика. Токму тогаш Шпанија ќе биде еден од домаќините на Светското првенство, заедно со Португалија и Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано

СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано

СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен.

Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии.

Во нивното владеење парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, одеа во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами.

Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер