Кои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?
2Кои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ЗабаваЈокиќ: „Сега ќе видам дали Новак ми пишал!!Предводникот на новиот НБА шампион Никола Јокиќ ги воодушеви и насмеа новинарите на првата прес конференција по триумфот над Мајами и освојување на НБА прстенот. Српскиот центар остана шокиран кога го погледна својот телефон по освојувањето на титулата со Денвер Нагетс. Нагетси го победија Мајами во големото финале со 4-1 во серија, а по петтиот натпревар Јокиќ зборуваше на прес-конференција. На крајот од разговорот со медиумите, новинарот го праша Јокиќ дали ова е најголемата ера на српските спортисти со оглед на освојувањето на Ѓоковиќ на рекордниот 23 грен слем трофеј и неговата шампионска круна во НБА. -Би морала да биде, одговорил Јокиќ. Никола потоа го зел телефонот за да му честита на Ѓоковиќ и да види дали неговиот славен сонародник му испратил порака, по што следела урнебесна сцена бидејќи видел „мали милион“ пораки. Jokic checks his phone to see if Novak Djokovic texted him, scrolls for a few second "ah f*ck" "How many texts do you have" Jokic: "a lot, I'm going to turn off the phone" pic.twitter.com/Ic4AaDnNtw — CJ Fogler account may or may not be notable (@cjzero) June 13, 2023 Јокиќ потоа продолжи да зборува : "Спортот е нешто што секогаш ја турка Србија напред. Дури и пред 20-30 години. Го имаме Ѓоковиќ, кој за нас е најдобар на сите времиња. Сега имаме и шампион во НБА. Добро време е да се биде Србин", истакнал Јокиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпасен крлеж од Азија ги десеткува пчелните семјества, какви мерки за заштита се неопходни? Нова закана за пчеларството.Од Азија кон Европа забрзано се шири нов крлеж кој може да ги десеткува пчелните семејства и да нѐ остави без мед. Новиот крлеж кој се шири од азија полека тропа на вратите на Европа. Последната вест која ги загрижи пчаларите од Балканот е дека во Турција и официјално е регистрирана појавата на новиот крлеж Тропилелпас. -Како резултат на работата што ја вршев во изминатите две години – особено додека следев одредени сомнителни случаи за време на теренската работа го идентификував присуството на Тропилепс.. Tоа е болест што подлежи на задолжително пријавување. Затоа, веднаш ги известив владините претставници. Претставниците на министерството за земјдолство заедно со ветеринари извршија инспекции и го потврдија мојот наод на 31 август. Во моментов е откриен во регионот Артвин а ќе се спроведат и посеопфатни истражувања дали го има во другите региони во Турција. На конференција во Охрид се собраа сите европски научници и сите претседатели и претставници на пчалрските сојузи од Балканот за да разменат искуства и информации за новата закана за пчеларството која може за само два месеци да униште цело пчелно семејство, да го намали драстично бројот на пчели и да не остави без мед ако не се преземаат мерки со време да се адаптираат и едуцираат пчеларите како овој сите паразит да го држат под контрола. -Паниката никогаш не донела ништо добро. Мораме добро да го запознаеме непријателот на пчелите за да се бориме со него. Загрижувачка е состојбата бидејќи веќе доста блиску дојден овој крлеж а турските пчелари со селидбеното пчеларње може уште повеќе да го рашират. Дури и да се преземат ситемерки неможе да се запре ширењето на овој проблем кој е само прашање на време кога ќе пристигне и ќе направи дополнителни пробелми за пчеларите кои и онака заради климатксите промени и фалсификуваниот мед полека се откажуваат од пчеларството. Проблемот со новиот крлеж според пчеларите не само што е закана за производството на мед туку уште поголеми се штетите во земјдоелството ако ги снаме пчелите во опрашувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?Дали новата стратегија за проширување на Европската Унија отвора нови видици за Западниот Балкан и Македонија? Дали новата стратегија на ЕУ за проширување ќе го забрза полноправното членство на земјите кандидатки или ќе стане попатна замена за трајната дестинација? Дел од аналитичарите во однос на позицијата на Македонија со резерва гледаат на документот кој го подготвува Брисел за постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции во зависност од напредокот во реформите. Според Петар Арсовски, понудата од Брисел е логична, особено во време кога повеќе земји кандидати не гледаат перспектива во членството, но за државава, вели, останува главниот предизвик со уствните измени. - Проблемот е дали оваа понуда ќе стане замена за трајната дестинација. Постои ризик особено имајќи го предвид референдумот во Исланд кој покажа дека постои еден неизвесен златен појас – доволно блиску, а доволно далеку до ЕУ. И постои ризик за многу од земјите кандидати имајќи ги предвид политичките недоследности во ЕУ тоа да стане некакво трајно решение. Тоа за Исланд е во ред, но за Македонија не е, бидејќи нас ни е потребна трансформативната сила на преговорите. Што се однесува до политичката понуда, било која интеграција, забрзана, постепена, итн, важи за земјите кои се во процесот на преговори. Ние не сме во процесот на преговори. Ние би можеле да се надеваме на таква забрзана понуда кога би ги решиле домашните политички проблеми, би ги ставиле Бугарите во Уставот и со тоа би ги откочиле преговорите. Тоа не значи дека нашите предизвици ќе застанат. Но, имаме шанса да се качиме на тој воз до крајот на деценијата, смета Арсовски. Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во вчерашното гостување на Канал 5 оцени дека Македонија треба да прифати бенефиции од ЕУ доколку и се понудат, но прво смета дека треба да се види што точно ќе предложи Брисел за процесот на проширување. -Процесот на европското проширување претрпе еден сериозен удар со референдумот во Исланд. Делуваше на прв поглед дека ѕвездите се наместени Исланд да го продолжи својот пат кон ЕУ, меѓутоа тоа не се случи. Доколку се стави на маса влез во единствениот пазар, членство во Шенген, Македонија тоа треба да го прифати, тука нема никакви дилеми. Да видиме дали тоа ќе биде предлогот. Затоа што, на пример, имавме цела серија на предлози во минатото, каде што се нудеа мед и млеко. На крај ништо не испадна, изјави Боцевски. Еврокомесарката Марта Кос вчера од Даблин дека оваа есен ќе биде историска за проширувањето на Унијата, а ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување. Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Топлото време продолжува и следната недела Топлото време и високите температури, според прогнозата на УХМР, ќе се задржат и во наредните денови. Температурите и идната недела ќе останат без позначителни промени со дневни максимални вредности до 37 степени. Утре долж Повардарието се очекува засилен ветер, а во текот на следната недела времето ќе биде сончево и топло, со слаба и умерена облачност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter