Јокиќ се искачи на третото место по постигнати трипл-дабл во историјата на НБА - Канал 5

Јокиќ се искачи на третото место по постигнати трипл-дабл во историјата на НБА

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ имаше 34 поени, 21 скок и 14 асистенции ноќеска во првиот натпревар од полуфиналето на НБА против Лос Анџелес лејкерс (132:126).

Јокиќ се искачи на третото место по постигнати трипл-дабл во историјата на НБА

За Србинот овој трипл-дабл беше 12-ти во плејофот. Јокиќ се изедначен со Расел Вестбрук и со него го дели третото место во историјата на НБА според овој индикатор.

Рекордот за трипл-дабл во НБА плејофот му припаѓа на Меџик Џонсон (30), на второто место е Леброн Џејмс (28).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата

Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој.

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата

Арамијата од Вашингтон повторно ја промени бајката.

До вчера дата-центрите беа иднина без последици.

Граѓаните рекоа: вода. Сега вели: затворен круг, воздушно ладење, фреон.

Кој зборувал за вода и бучава, не се разбирал во технологија.

Се разбира. Физиката не е кампања.

Серверите прават топлина. Топлината мора да излезе. Ако не излезе со вода што испарува, излегува со вентилатори, клими и компресори. Тоа "јаде" струја.

Воздухот ја пренесува топлината лошо. Затоа воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот е голема клима.

Значи, пари на броило. Бучава околу објектот. Водата може да се тргне од приказната. Сметката не.

Првата варијанта веќе беше скапа струја за самиот центар. Сега, со „новата“ технологија што ја продава како спас, ладењето станува уште "пожедно" на киловати електрична енергија.

Водата е помалку загрозена. Граѓанинот е повеќе загрозен.

Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата.

А кој тргува со струја знаеме. Мицкоски. И партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија.

Омилен бизнис на арамијата: увоз, разлика, провизија.

Дата-центарот е нова станица на истата мрежа.

Разговори со пет-шест фирми. Имиња под радар. Договор без бројки. Гаранција на камера.

Не може да избега од лагата, затоа што зад секоја лага стои криминал и корупција.

Прво ја скри водата. Сега ја крие струјата.

Америка носи закон да ги заштити домаќинствата од сметките на серверите. Тој дава интервју каде вели - кој прашува на темата е од 19 век.

СДСМ бара видлив проект на маса: колку мегавати, каков систем, која цена, кој ја плаќа разликата кога ЕСМ нема. Без тоа сето ова не е технологија. Туку е увоз, облечен во фреон.

Водата ја тргнаа од соопштението. Струјата ја оставија на народот. Провизијата кај арамијата.

СДСМ не е против дигитализација. Дата-центрите што ги увезува Мицкоски се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовност

Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина.

Предупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовност

Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Како што е соопштено, преземени се мерки за заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите што се граничат со зоните погодени од нападите. Активирани се потребните сили и средства, а системите за противвоздушна одбрана и радарско извидување се ставени во состојба на готовност.

Одлуката на Варшава уследи неколку дена откако руско беспилотно летало се урна на само четири километри од полската граница, погодувајќи бензинска пумпа на територијата на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Браќата Томпсон испишаа историја во НБА – договори вредни 363 милиони долари

Младите кошаркари, Аусар и Ајмен Томпсон испишаа историја во НБА, станувајќи првите браќа кои потпишале договори во вредност од најмалку 100 милиони долари.

Браќата Томпсон испишаа историја во НБА – договори вредни 363 милиони долари

Вкупната вредност на нивните нови договори изнесува 363 милиони долари.

Кошаркарот на „Детроит Пистонс“, Аусар Томпсон, се договори за продолжување на договорот на пет години во вредност од 155 милиони долари, при што договорот е целосно загарантиран, пренесува ESPN.

Неговиот брат близнак, Амен, претходно овој месец потпиша петгодишен договор вреден 208 милиони долари со „Хјустон Рокетс“.

Браќата Томпсон пристигнаа во НБА во 2023 година. „Хјустон“ му укажа доверба на Амен избирајќи го како четврти пик на драфтот, додека „Детроит“ веднаш потоа, од петтата позиција, го избра Аусар.

Аусар беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА минатата сезона, откако оствари просек од 9,9 поени, 5,7 скока, 3,1 асистенција и 2,0 украдени топки по натпревар – најмногу во лигата. Во гласањето за најдобар одбранбен играч во лигата, тој го зазеде третото место.

Тој исто така одигра одлични натпревари во плејофот, каде што оствари просек од 2,0 украдени топки и 1,8 блокади по натпревар на вкупно 14 средби.

Томпсон стана и првиот играч по Ентони Дејвис во 2020 година кој забележал најмалку 25 украдени топки и 25 блокади во една плејоф-серија. Ниту Ајмен не заостанува многу зад својот брат кога станува збор за одбраната.

Минатата сезона, тој беше избран во првата дефанзивна петорка на НБА-лигата, додека во нападот ги оствари најдобрите бројки во својата кариера.

Минатата сезона, тој имаше просек од 18,3 поени, 7,8 скока, 5,3 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар во дресот на Хјустон.

Браќата Томпсон уште во раната фаза од своите кариери обезбедија договори што ги вбројуваат меѓу најплатените млади играчи во НБА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер