Јокиќ му удри „заушка“ на Дончиќ, неговата реакција е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Јокиќ му удри „заушка“ на Дончиќ, неговата реакција е хит (ВИДЕО)

Екипата на „Исток“ првпат ја проби границата од 200 поени и победи со огромни 211:186 во овогодинешниот Ол Стар меч, а поразот на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ не им падна премногу тешко.

Јокиќ му удри „заушка“ на Дончиќ, неговата реакција е хит (ВИДЕО)

Имено, балканското дуо одлично се забавуваше во текот на целиот викенд. Така беше и за време на самиот натпревар, при што Јокиќ смисли нова финта на загревањето. Српскиот кошаркар му го повлече дресот на Дончиќ, а потоа го „плесна“ по вратот.

Словенецот само се сврте и сфати за што се работи. И тој фрли нешто кон него, а нивните насмевки кажаа сѐ.

Гледате како изгледало сѐ на лице место:

Интересно, ова е само еден во низата „акробации“ на двајцата кошаркари, а погледнете како се забавуваа Јокиќ и Дончиќ за време на Ол Стар викендот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигранти

Пред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши со минимален триумф на гостите од 2–3, се случи инцидент што стана главна тема во Шпанија. 

Видео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигранти

Додека играчите од двата тима излегувале на терен носејќи над дресовите , маици за поддршка на Сеута, тројца фудбалери на Реал – Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучиле да не учествуваат во овој гест, пренесува „Марка“.

Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Винисиус му даде насоки на Мбапе што да прави со маицата.

На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата „Икс“ (X) забележуваа дека во видеото се гледа како Винисиус му дава насоки на Мбапе што да прави со маицата.

На предната страна на маицата бил испишан слоганот „Сите сме скуши“ (прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија), додека на задната страна едноставно пишува „Сеута“.

Иако ги земале маиците во тунелот пред да излезат на теренот, тројцата фудбалери на Реал не ги облекле маиците во целос.

Всушност, Конате само ја држел маицата во раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекле на таков начин што слоганот „Сите сме *skuše*“ (скуши/скумши) – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – бил едвај видлив.

Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројцата фудбалери на Реал целосно ги соблекле белите маици и носела замо дресови на Реал наменети за гостувања – потег што не им избега на камерите и на гледачите.

Ова беше особено забележливо бидејќи сите останати фудбалери на Реал и на Елче продолжиле да ги носат маиците.

Раководството на кралевите ја почитувало одлуката на тројцата ффудбалери.

Според „Ел Мундо“, клубот изјавил дека ја почитува одлуката на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“.

Инаку иницијативата за носење на маици за поддршка на Сеута била покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хозе Мартинез „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на Мека

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави  портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на Мека

Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека.

Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК

Американската амбасада во Приштина веќе издаде безбедносно предупредување поради очекуваните масовни протести во Косово.

Вчера во Скопје беше одржан собир за поддршка на обвинетите.

Настанот, се одржа на плоштадот „Скендербег“ и траеше околу половина час.на собирот покрај организаторите од албанскиот младински форум, се обрати и поранешниот командант на ОНА и поранешен пратеник во собранието Џезаир Шаќири – Хоџа.

Присутните на настанот носеа маици со ликовите на поранешните водачи на ОВК и од настанот упатија порака дека очекуваат ослободителна пресуда за обвинетите

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер