3Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати
НБАЈокиќ казнет со 25 илјади долари поради туркање на сопственикот на Феникс Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е казнет од НБА со 25.000 долари.Дваесет и осумгодишниот Србин го оттурна сопственикот на Феникс, Мат Ишбија за време на четвртиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција. Во исто време, Јокиќ не доби суспензија од натпреварите. Јокиќ постигна 53 поени, но Феникс победи на натпреварот со 129:124 за израмнување на серијата (2-2). Следниот дуел на овие две екипи е утре во 4 часот по македонско време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТурскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПККГолемо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партијаГолемо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава. Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија.. ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава.. Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на миротУкраинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната. Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница. Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПродолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинатиНајмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата. Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините. Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter