Јокиќ ѝ се изнавика на судијката и доби казна (ВИДЕО) - Канал 5

Јокиќ ѝ се изнавика на судијката и доби казна (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени многу убедливо во пресметката со Сакраменто Кингс во Калифорнија со 135:106 и сосема заслужено паднаа на четвртото место во вечно неизвесната Западна конференција.

Јокиќ ѝ се изнавика на судијката и доби казна (ВИДЕО)

Мајкл Портер Џуниор го немаше во ростерот, додека Никола Јокиќ практично го одржуваше тимот во живот цело полувреме, но потоа ривалот со тимска игра ги сруши шампионите.

Србинот го заврши мечот со 23 поени, 8 скока и 7 асистенции, но за жал, мечот го одбележа непријатна сцена и конфликт со службено лице.

Џокер побара прекршок при ударот, но Даника Мозер не зборуваше, што му пречеше на Јокиќ, кој ѝ упати неколку остри замерки.

Никола беше особено лут во моментот кога доби техничка, но ако е за негова утеха оваа ситуација не влијаеше на исходот на натпреварот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка маса

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив

САД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка маса

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив и да ги продолжат разговорите согласно меморандумот за разбирање што неодамна го потпишаа двете страни, потврдил американски функционер за неколку светски медиуми.

Веста за постигната согласност за прекин на непријателствата, како што наведуваат медиумите, ги зголемува надежите дека привремениот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран може да опстане и покрај меѓусебните вооружени судири во последните денови. Американскиот новински портал „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, објави дека разговорите меѓу претставиците на Вашингтон и Техеран треба да продолжат утре, во главниот град на Катар, Доха.

Засега не е познат ставот на Техеран во врска со наводите кои доаѓаат од страна на извори од американската администрација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со грант од еден милион евра од Светска банка ќе се прави проект за реформи во Железницата

Со еден милион евра грант од Светската банка ќе се прави проект за реформа во железничкиот сектор.

Со грант од еден милион евра од Светска банка ќе се прави проект за реформи во Железницата

Договорот за грант го потпишаа вицепремиерот Александар Николоски и директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

Договорот како што најави вицепремиерот Николоски треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на Македонски железници – транспорт со цел создавање на функционално претпријатие.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата прави анализа на цените на прехранбените производи по што ќе се знае какви мерки ќе има за нивно намалување

Владата прави детална анализа на цените на прехрнабените производи по што ќе се знае дали и какви мерки ќе бидат применети со цел нивно намалување. 

Владата прави анализа на цените на прехранбените производи по што ќе се знае какви мерки ќе има за нивно намалување

Премиерот Христијан Мицкоски вели лично тој се занимавал со тоа прашање и во моментов работат на методоглоија на идентификување на оние 600 -7 00 произовди кои влијаат врз потрошувачката кошничка.

Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува намалување на цените на храната, Мицкоски вели дека Владата темелно навлегува во проблематиката. Ова доаѓа откако пред една недела во владата се одржа средба со претставници на најголемите маркети во државата, а според најавите во деновите кои следат ќе има и средби со добавувачите и производителите..

„Јас лично еве ви велам работам на методологија на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме ако треба фактура по фактура и еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како така што ова е една темелна операција што лично ја водам и очекувам мнпогу скоро да имаме резултати кои ќе бидат видливи на терен. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Во однос на цените на нафтените деривати Мицкоски вели очекува и по денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, македонските граѓните да точат бензин и гориво по најниски цени, споредбено со земјите од регионот.

Во меѓувреме Цените на нафтата на светските берзи денеска повторно пораснаа по неколкудневните пресметки меѓу САД и Иран, кои ја истакнаа кревкоста на нивниот привремен мировен договор и повторно ја забавија испораката на енергенси преку Ормускиот теснец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер