Јокиќ: Гордон влијаеше на мојот избор на патики од „361 Degrees“ - Канал 5

Јокиќ: Гордон влијаеше на мојот избор на патики од „361 Degrees“

Најдобриот кошаркар во американската НБА лига, центарот на Денвер Никола Јокиќ објасни зошто го избрал кинескиот производител на патики „„361 Degrees“.

Јокиќ: Гордон влијаеше на мојот избор на патики од „361 Degrees“

Српскиот кошаркар претходно имаше договор со „Најки“, но според него, соиграчот од Денвер Ерон Гордон влијаел на неговиот нов избор.

„Гордон имаше големо влијание, но тие (марката 361) исто така беа навистина директни и искрени со мене. Зборував со Ерон за се, тој ми рече дека се добри, брзи и го слушаат играчот. Навистина сум среќен од досегашната соработка изјави Јокиќ.

Интерсно во разговорот со медиумите Јокиќ открил дека не знае колку е долг договорот.

„Не знам ни за колку години е договорот, но навистина се трудат да направат што е можно поудобна патика за мене. Ме прашуваат после секој тренинг и после секој натпревар“, истакнал Јокиќ.

Предводникот на НБА шампионот Денвер првиот меч во нови патики во најсилното првенство Јокиќ го одигра против Торонто, кој грутките го добија со 113:104.

Инаку „361 Degrees“ е најголемиот спортски бренд во Кина основан пред 20 години во Ксиамен. Има речиси 6.000 продавници во Кина и речиси 8.000 овластени продавници ширум светот.

Во 2022 година компанијата работеше со вкупен приход од речиси 800 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите.

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период.

На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето.

Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот.

Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

На 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено.

На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер