Јокиќ „гази“ и во новата сезона во НБА - Канал 5

Јокиќ „гази“ и во новата сезона во НБА

МВП на НБА лигата Никола Јокиќ и на стартот на новата сезона ја покажува истата форма од претходната.

Јокиќ „гази“ и во новата сезона во НБА

Денвер по гостинскиот триумф над вицешампионот Феникс, нокеска ја забележа и втората победа, овојпат над Сан Антонио со 102-96.

Никола Јокиќ играше 38 минути и повторно имаше дабл-дабл со 32 коша, 16 скока и 7 асистенции. Јокиќ во клучните моменти од мечот погодуваше од сите позиции а Сан Антонио не најде начин да го запре. Тој во првото полувреме имаше феноменален потег кога му додаде на портер низ целата гостинска одбрана што денеска е топ тема. Еден од коментарите е дека во таа една секунда никој во светот незнаеше каде е топката, а најмалку кошаркарите на Сан Антонио.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денес известија за прекини на електричната енергија, кои се случија „поради ненадејна промена во протокот на енергија“ од централноазиската мрежа, објави Министерството за енергетика на Казахстан.

Прекини на електричната енергија во четири азиски земји

Министерствата за енергија на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната енергија. Тие изјавија дека се работи на враќање на снабдувањето со електрична енергија.

Репортерите на Ројтерс во Алмати, најголемиот град во Казахстан, и Бишкек, главниот град на Киргистан, известија за прекини на електричната енергија. Локалните медиуми во Таџикистан известија за прекини во главниот град Душанбе и вториот по големина град Хуџанд.

Прекините на електричната енергија се чести во Централна Азија

Узбекистанските власти известија за прекини на електричната енергија во некои јужни делови од земјата, главно во близина на границата со Таџикистан.

Недостатокот на електрична енергија е честа појава во Централна Азија, каде што традиционалното потпирање на хидроенергија предизвикува проблеми бидејќи климатските промени ги прават хидроцентралите ранливи на недостиг на вода.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Денес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.

Грција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот

Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“.

Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација.

Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Утре сончево со мала до умерена облачност

Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер