Јокиќ дојде вака облечен на Ол-Стар и ги насмеа сите кои забележаа - Канал 5

Јокиќ дојде вака облечен на Ол-Стар и ги насмеа сите кои забележаа

Цел НБА свет обрнува внимание на облекувањето на кошаркарите, а особено забележуваат како се облечени на натпреварите Ол-стар.

Јокиќ дојде вака облечен на Ол-Стар и ги насмеа сите кои забележаа

Српскиот центар во неделата го одигра четвртиот НБА Ол-стар натпревар во кариерата и остави одличен впечаток, како на теренот, така и надвор од него. Денвер Нагетс побараа од своите следачи на Твитер петстотини „лајкови“ за да објават фотографија од Џокер во костум. Тоа се оствари многу брзо и Денвер Нагетс мораше да го испочитува својот дел од договорот.

Јокиќ „во панталони“

Никола Јокиќ на Ол-стар натпреварот во Кливленд дојде во „панталони“, тоа не е некој вид мејнстрим или дел од светската мода, но секако дека зад овој изглед стои анегдота. И тоа, анегдота од концерт во Нови Сад 2005 г. на најголемиот кантавтор на овие простори Ѓорше Балашевиќ. Ѓоле на концертот ги спомнал тренерките како решение за затегнување на тој дел од телото кога панталоните веќе почнуваат да создаваат проблеми.

-Ги имате оние мерки XL, XXL... и имате „U“. Што е „U“? „У“ е учкур. На новогодишната ноќ сите дојдоа во тренерки, демек, опуштени сме, а всушност, никој ништо не може да облече. Сите панталони со V изрез, рече Балашевиќ на концертот.

Детаљ што многумина не го забележаа е учкурот на панталоните што ги носеше Никола Јокиќ, необична ситница која ги насмеа оние што ја забележаа.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ал-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбил

Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили откри дека бил подготвен да го урне светскиот рекорд за највреден договор во спортот само за да го доведе Лионел Меси.

Ал-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбил

Според првиот човек на Ал-Итихад, клубот му понудил на капитенот на Аргентина фантастични 1,5 милијарди евра по заминувањето од ПСЖ, за трансвер во Саудиска Арабија, но Лео без двоумење ја одбил понудата и се решил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами.

„Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби понудата затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, изјави Ал Хаили.

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата без многу размислување ја одбил фанстатичната понуда бидејќи сакал да остана доследен на своите лични приоритети и изборот во иднина да продолжи да живее во САД иако саудискиот клуб бил подготвен да понуди историски договор.

39 годишниот Меси по заминувањето од Париз, од 2023 живее во Мајами во САД, каде го носи дресот на Интер Мајами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите

Премиерот Мицкоски денеска одржал работен состанок посветен на реформската агенда, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите

На состанокот се зборувало за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети. На состанокот на кој учествувал и заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимовски, во фокусот биле и реформите во јавната администрација, информираа од ресорното министерство

Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата, изјави денеска Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра

„Со денешниот договор започнуваме конкретна работа за ажурирање и комплетирање на документацијата која е потребна проектот да влезе во следната инвестициска фаза“,

Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и директорот на ЈП Хидросистем „Злетовица“, Златко Стојановски, денес во Пробиштип потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции, со кој се отвора патот за практично спроведување на грантот од 2 милиони американски долари, обезбеден од Светската банка. Грантот е наменет за подготовка на фазата 2 – наводнување и фазата 3 – производство на електрична енергија, како дел од идната инфраструктурна инвестиција проценета на околу 103,2 милиони евра.

„Со денешниот договор започнуваме конкретна работа за ажурирање и комплетирање на документацијата која е потребна проектот да влезе во следната инвестициска фаза“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Тој појасни дека во следните 18 месеци ќе се ревидираат техничките студии и инженерските решенија, ќе се зајакне документацијата за безбедност на браните и ќе се подготват еколошките, социјалните и тендерските документи за следните две фази од развојот на хидросистемот.

„Нашата задача е да обезбедиме квалитетна документација, целосна институционална подготвеност и проект способен навреме да премине во реализација. За таа цел државата ќе се вклучи со околу 27 милиони евра, средства што ќе ги опфатат трошоците за експропријација, ДДВ и други релевантни јавни давачки“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот информираше дека со фазата 2 е предвидено наводнување на околу 4.500 хектари земјоделско земјиште во Пробиштипско и Кратовско. Фазата 3 го опфаќа хидроенергетскиот потенцијал на системот, со вкупна проектирана моќност од околу 10 мегавати и очекувано производство од приближно 48 милиони киловат-часови електрична енергија годишно.

„За земјоделците од Пробиштипско и Кратовско, наводнувањето ќе овозможи производството да се планира според потенцијалот на земјиштето и потребите на пазарот, а не според количината на врнежи“, нагласи министерот Серафимовски.

Осврнувајќи се на придобивките, министерот истакна дека со ставањето на водата во функција на земјоделското производство се отвора простор за воведување нови култури, поефикасно користење на обработливите површини и развој на локални капацитети за откуп и преработка на земјоделски производи.

„Со целосното искористување на хидроенергетскиот потенцијал, „Злетовица“ ќе придонесува и за производство на чиста домашна електрична енергија и за поголема енергетска отпорност на државата. Наша одговорност е овој систем да го довршиме и водниот потенцијал на регионот да го претвориме во конкретна вредност за земјоделството, за енергетиката и за луѓето што живеат овде“, изјави министерот Серафимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер