Јохансон – Керидис: Борба со криумчарите и нелегалната миграција - Канал 5

Јохансон – Керидис: Борба со криумчарите и нелегалната миграција

„Борба со криумчарите и нелегалната миграција, но и инвестиција во легалната миграција“.

Јохансон – Керидис: Борба со криумчарите и нелегалната миграција

На значајниот прогрес што Грција, како што рече, го прави во управувањето со мигрантското прашање, се осврна еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на денешниот настан организиран во Министерството за миграција и азил на Грција на тема „Европски решенија на заедничкиот предизвик на миграцијата“, јави дописничката на МИА од Атина.

Јохансен говореше за соработката со Грција и разговорите со надлежниот министер за миграција и азил Димитрис Керидис со кој дискутирале за предизвиците, за продлабочување на соработката, за депортациите и враќањето на мигрантите кои немаат право на азил во земјите на потекло, но и во инвестирање во легалната миграција, бидејќи, како што посочи, тоа и е потребно на Европа, поради недостигот на работници.

Паралелно, порача дека е неопходна обединетост во борбата со криумчарите на мигранти, за кои рече дека треба да се апсат.

Министерот за миграција и азил на Грција, за време на дискусијата со Јохансон истакна дека „мрежите се рушат со мрежи“, односно со соработка на сите инволвирани и посочи дека се потребни европски решенија, базирани на европските принципи и вредности.

На почетокот на настанот се обрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој порача дека „праведна миграциска политика не значи отворени или непостоечки граници, туку правила, хуманост и чувствителност заедно со законот и редот“.

- Во 2023 година веруваме дека постигнавме значајни успеси во грчката миграциска политика. Со меѓународно зголемениот миграциски притисок, верувам дека се справивме подобро од многу наши партнери. Брановите на нелегалните пристигнувања беа многу помали и во однос на рутата на централниот Медитеран и на рутата на Западен Балкан, додека во последните месеци забележавме дополнително намалување на брановите, благодарение и на подобрата соработка што ја постигнавме со Турција, истакна грчкиот премиер.

Пред почетокот на дискусијата во Министерството за миграција и азил, Мицотакис оствари средба со еврокомесарката Јохансон, која претходно се сретна и со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер