ЈО: Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор - Канал 5

ЈО: Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и закани насочени кон оштетениот градоначалник на Кавадарци,

ЈО: Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинени против три лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик, додека првообвинетиот од нив се товари и за продолжено – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г.

Тој подолг временски период на неговиот личен профил на Фејсбук пишувал објави со говор на омраза, навреди и повици за насилство и закани насочени кон оштетениот градоначалник на Кавадарци, поттикнувајќи омраза врз основа на политичка припадност и општествен статус. Обвинетиот 32-годишник објавувал и фотографии од оштетениот и неговите малолетни деца, заканувајќи се и кон нив, а како потврда за сериозноста на заканите споделувал и видеа во кои самиот пукал со автоматска пушка и пиштол.

Од јули годинава започнал и преку телефонска апликација да се јавува кај градоначалникот, лично и преку пораки да се заканува по животот на оштетениот и неговото семејство.

Второобвинетиот, исто така телефонски, пренесувал дел од заканите и пораките во име на првиот обвинет. Третиот обвинет, пак, коментирал на Фејсбук објавите на првиот обвинет, заканувајќи се со убиство на оштетениот градоначалник.

За првообвинетиот, кој има двојно македонско и бугарско државјанство, јавниот обвинител процени дека постои реален ризик од бегство и опасност да го изврши делото со кое се заканува, па до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. 

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач

Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија.

Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето.

,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање.

Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“

Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата.

Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Со огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. 

Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот

Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот...

Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер