3Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение против интернисти од битолската болница за несовесно лекување со тешки последициОсновното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски”.Основното јавно обвинителство Битола, врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесе Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски” за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024 година, на Одделот за интерни болести во болницата, несовесно лекувале 40-годишна пациентка, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба кое резултирало со смртен исход. Пациентката се јавила во болницата по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнение за воспаление на вените – тромбофлебитис. Но, по почетниот преглед на интерното одделение, без целосна анамнеза и детални анализи, и била поставена дијагноза – ревматоиден артритис и била дадена терапија, по што била пуштена дома. Како резултат на тоа, не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба, со што била пропуштена реална можност за навремено откривање и лекување на тромботичниот процес кај оштетената, за спречување или ограничување на напредувањето на тој процес, како и на последователното влошување на нејзината здравствена состојба. На 01.06.2024 година пациентката со силни болки во стомакот и влошена општа состојба повторно се јавила на преглед во болницата. Иако тогаш била хоспитализирана, во следните четири дена, и покрај абнормалните вредности на лабораториските и биохемиските анализи, ниту еден од дежурните лекари не презел дополнителни дијагностички испитувања со цел да се испитаат причините и да се одреди соодветна терапија. Затоа здравствената состојба на оштетената продолжила значително да се влошува. Попладнето на 04.06.2024 година, таа побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба. При итно извршениот хируршки зафат и била констатирана тромбоза на горната и долната мезентерична артерија со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Таа состојба веќе била неоперабилна и на 05.06.2024 година оштетената починала, стои во соопштението од Обвинителството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
ФудбалСега е официјално: Кристијано Роналдо објави дека ја напуштил репрезентацијатаНајплатениот светски фудбалер, 41 годишниот Кристијано Роналдо официјално го објави своето заминување од португалската фудбалска репрезентација, откако претходно го напушти тренинг-кампот на тимот. Роналдо ја соопшти одлуката на Инстаграм, наведувајќи дека таа уследила по прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација. „По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам тренинг-кампот на репрезентацијата. Во соодветно време, на португалскиот народ ќе му ја откријам вистината за причините за моето заминување од репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил посветен. Сега е време да им посакам многу среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, напиша 41-годишниот Роналдо. Според извештаите, Роналдо го напуштил кампот само неколку часа откако Жезус зборувал за играчите кои се загреваат, но не добиваат шанса за игра. Во таа прилика, тренерот конкретно го спомнал капитенот на Португалија. „Кога играч се загрева 20 или 30 минути, а не влегува во игра, никој не е среќен. Особено Кристијано. Особено Пеле или Марадона“, рекол Жезус. Роналдо го држи рекордот на сите времиња за Португалија со 234 настапи и 146 постигнати гола. Со националниот тим, тој го освоил Европското првенство во 2016 година, како и Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски во Брисел: Во фокус европската интеграција, планот за раст и инфраструктурните проектиЗаменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Bрисел, каде што учествува на официјални средби организирани од европската комисија.На средбите се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, планот за раст, како и за процесот на интеграција и проширување на Европската унијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Рецептот на БокиВо четврток (24.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојан Илиевски.Состојки за денешниот рецепт: 3 парчиња пилешки стек 350 гр. доматно пире 250 гр. кашкавал малку оригано масло сол, сув зачин и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook