Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
АвтомобилизамЈирген Клоп jа превзема новата Opel Astra Plug-in-Hybrid„Еве ја!“: успешениот менаџер сега вози електрифициран бестселер од компактна класа.Црната убавица: новата Astra, на опеловиот амбасадор на брендот, во Ultimate врвно ниво на опременост. Моќен и без CO2 емисија на покуси релации: моќност од 133kW, со 180КС и вртежен момент од 360Nm, како и опсег на возење во елетричен режим до 60km. Забавно е да се вози електрично возило: Klopp ужива во првото возење во Ливерпул. Руселсхајм. „Тоа е тоа!“ Како и обично за Jürgen Klopp, успешниот менаџер директно поентира: „Еве ја!“ Долгогодишниот амбасадор на Opel, се интересираше за најновата генерација на возилото од компактната класа уште од минатата есен од нејзината светска премиера. А сега, Jürgen Klopp беше воодушевен да ја превземе својата нова Opel Astra Plug-in Hybrid, во близина на својата „канцеларија“ во Ливерпул, Англија. Со новата Astra Plug-in Hybrid, Klopp влегува во нова ера. „Ова е моето деби во електричната мобилност. Сега возам електрично возило - возбудливо!“ изјави двократниот добитник на наградата за „Најдобар машки тренер во FIFA“. Со моќност од 133kW, 180КС и максимален вртежен момент од 360 Nm, перформансите кај неговиот нов автомобил се комбинираат со одговорност (комбинирана потрошувачка на гориво/емисии WLTP: 1,1 l/100 km; емисија на CO2 26-24 g/km). Забрзувањето од нула до 100km/h е за 7,6 секунди, а Astra може да помине до 60km придвижувајќи се само на електрична енергија, локално без емисии на CO2 (WLTP). Заклучокот на Klopp за неговата нова Аstra: „Изгледа одлично, се чувствува добро. Токму ваков треба да биде еден автомобил!“ Покрај технологијата во новата Astra, Jürgen Klopp е подеднакво импресиониран од нејзиниот дизајн. Тој беше инволвиран уште од самиот почеток, посетувајќи го Центарот за дизајн во Руселсхајм, во периодот кога новата Astra беше во развој. Неговата нова Astra е со највисоко ниво на целосно опремена и управувач од десната страна. Значајно е да се истанке, во вистинска смисла на зборот, дека новата Astra Plug-in Hybrid на Klopp, со Ultimate ниво на опременост, ја има најновата верзија на Intelli-Lux LED® Pixel светла. Адаптивниот систем за осветлување има 168 индивидуално контролирани LED елементи. Ова возило е опремено и со систем за помош на возачот Intelli-Drive, head-up дисплеј Intelli-HUD и целосно дигитален Pure Panel. „Сè е таму каде што треба и одлично изработено. Браво Оpel“, рече 55-годишниот Klopp. Во новата Astra, Klopp ќе ужива во удобноста на ергономските AGR спортски седишта во црна Nappa кожа и функциите за: греење, масажа и вентилација. Покрај компатибилноста со Apple CarPlay и Android Auto, инфозабавниот систем содржи и навигација и hi-fi звучен систем. Воздухот во внатрешноста кај новата Astra останува што е можно почист за возачот и патниците благодарение на Intelli-Air. Jürgen Klopp му се придружи на Opel како амбасадор на брендот во 2012 година. Тој сe појави во повеќе од 20 ТВ реклами за овој германски производител на автомобили. Покрај тоа, тој често учествуваше на дилерските настани и во неколку наврати разговараше со вработените во седиштето во Rüsselsheim. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаТурист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)Она што требаше да биде возбудлива авантура се претвори во кошмар за турист од индиската држава Карнатака, откако паднал од висина од речиси 12 метри додека се возел со жичарница во одморалиште во Дандели.Инцидентот се случил кога, според семејството, безбедносниот механизам откажал, објавува NDTV. Видеото се појави на мрежите Туристот, идентификуван како К. С. од градот Виџајапура, претрпел повеќекратни скршеници во рацете и нозете откако ја изгубил заштитата на средина од возењето и паднал на земја. Страшниот инцидент бил снимен со камера, а видеото брзо се проширило на социјалните мрежи. 🚨 HORRIFYING ACCIDENT: Zipline Cable Snaps at Dandeli Resort 😱🛑 A terrifying video has surfaced capturing the exact moment a tourist fell from a dangerous height of 30–40 feet after a zipline lock broke mid-ride. Here is what you need to know about the incident: 📍 WHERE… pic.twitter.com/rNBi6grq0l — ViralDecoder (@ViralDecoder) July 19, 2026 Според семејството, безбедносната сопирачка на жичарницата „попуштила“, додека К. С. висел во воздух, по што се струполил на земја. Семејството го обвини менаџментот на одморалиштето за небрежност, тврдејќи дека опремата „не била правилно одржувана“. Бараат одговорност од менаџментот Повредениот маж прво бил однесен во Владината болница во Дандели, по што бил префрлен во болница во Виџајапур. Поради потребата од специјализиран третман, тој подоцна бил префрлен во Мираџ, каде што бил згрижен. Семејството бара одговорност од менаџментот на одморалиштето, тврдејќи дека „несреќата можела да се спречи“ со редовно одржување на опремата и соодветни безбедносни проверки.Тагови: туристот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЖена била избодена за време на молитва во црква Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска.Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска, за време на рецитирањето на бројаницата, непосредно пред мисата во 10 часот наутро. Таа била во главната црква кога била нападната, објавува RTE, по што била однесена во Универзитетската болница Вотерфорд со сериозни, но не опасни по живот повреди. 🚨 IRELAND A woman in her 50s has been STABBED this morning on the altar inside Holy Cross Church in Tramore, Waterford Gardaí have arrested a MAN in connection with the attack 📸 WLFRM pic.twitter.com/V2aytEio7a — Catholic Arena (@CatholicArena) July 21, 2026 Полицијата уапсила маж во 30-тите години во блиската куќа и му бил запленет нож. Тој моментално е во притвор во полициската станица во округот Вотерфорд. Парохискиот свештеник, отец Ричард О'Халоран, потврди дека еден верник е повреден во нападот. Епархијата Вотерфорд и Лизмор изјави дека е „длабоко шокирана од насилниот инцидент“ што се случил за време на службата, со порака за поддршка на повредената жена и благодарност до верниците кои помогнале „за време на овој ужасен настан“. Истрагата е во тек, според ирската телевизија.Тагови: Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)Две жени и тројца мажи се удавија во американската држава Охајо.Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О'Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во државата Охајо, објави Њујорк Тајмс. Група од најмалку седум лица - два пара, нивниот возрасен пријател и две деца - престојувале покрај брегот на реката при зајдисонце. „Некои од нив ловеле риба кога еден од возрасните влегол во реката да плива“, рече шерифот Џефри Балцер. Детето истрчало на патот и запрело автомобил Кога пливачот почнал да се бори да остане на површината, двајца други возрасни се обиделе да му помогнат, но самите почнале да тонат. „После тоа, уште двајца возрасни се обиделе да ги спасат, пред сите петмина да исчезнат во реката“, им рече Балцер на новинарите на прес-конференција. „Не е невообичаено едно лице да почне да се дави, а други да се обидуваат да го спасат, иако немаат потребни вештини, па затоа завршуваме со повеќе смртни случаи“, нагласи шерифот. Властите беа известени за несреќата откако едно од двете деца истрча на блискиот пат и го запре автомобилот. На возачот му беше кажано дека „неговото семејство е удавено во реката“. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот и брзо ги пронајдоа двете жени и ги извлекоа од водата. Набргу потоа, тие беа прогласени за мртви во блиската болница. Телата на тројцата исчезнати мажи беа пронајдени следниот ден. Шерифот рече дека двете деца, и двете под десетгодишна возраст, биле згрижени од локалните служби за заштита на деца по трагедијата.Тагови: Охајо удави Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook