Јевтимов: Во Дојран не се работи во интерес на општината, туку во интерес на СДС - Канал 5

Јевтимов: Во Дојран не се работи во интерес на општината, туку во интерес на СДС

​Наназад 8 години сме сведоци на локалното неработење на градоначалникот и потесниот круг на пријатели, опкружување кое води кон патеките на безидејност и неконтролирано работење кое тежнее на страната на интересите на СДС.

Јевтимов: Во Дојран не се работи во интерес на општината, туку во интерес на СДС

Партија која се води по принципите на евро за општината евро за партијата. Реални проекти, кои во подобро време би значеле раст и напредок на општината, меѓутоа никогаш нереализирани во целост со недостатоци, а како и што рековме погоре економски исплатливи само за џебовите на градоначалникот и партијата.

Би сакале да спомнеме неколку неуспешни проекти, масовно најавувани но никогаш не на висината на успешен проект.

Проект за изградба на монтажна прочистителна станица во вредност од 266 милиони денари која би работела само за потребите на резидентното население на Општината без притоа да се земе во предвид летната сезона чиј број на граѓани достигнува и до 15 000.

Ново Јавно претпријатие ЈПДП Тауријан, кој работи со загуба, а истата покриена со средства од буџетот на Општина Дојран во вредност од 3 милиони денари. Инаку претходно средства кои се слеваа на сметка на ЈПКД Комуналец Полин, кои како такви го одржуваа претпријатието на повисоко ниво од кое што се наоѓа сега во моментот. Проблеми со исплаќање на плати за вработените, потешкотии со јавните набавки за потребите на претпријатието, огромни сметки за потрошена електрична енергија која тарифа комуналното претпријатие не е во можност да ја исплати на ЕВН Македонија.

Континуирани партиски вработувања во Општина Дојран кои би довеле до преоптоварување на буџетот на Општината со што би се создал нов проблем со потешкотии во реализација на капиталните проекти на наредниот градоначалник на Општина Дојран кој ќе биде од редовите на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата.

По објавувањето на официјалниот кандидат на СДС за Дојран, се разјаснија дилемите за продолжената рака на актуелниот градоначалник преку новиот кандидат кој инаку е и поранешен претседател на советот и учесник во креирањето на политиката за Дојран преку погрешни проекти на товар на граѓаните на општината.

YouTube video

Дарко Јевтимов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер