3ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветЈетен: Треба брзо да се формира стабилна Влада на ХоландијаПроцесот на формирање нова холандска Влада нема да биде лесен, но потребно е да се искористи моментумот и брзо да се формира стабилен владин Кабинет, изјави денеска лидерот на партијата Демократи 66 (Д66), Роб Јетен.Процесот на формирање нова холандска Влада нема да биде лесен, но потребно е да се искористи моментумот и брзо да се формира стабилен владин Кабинет, изјави денеска лидерот на партијата Демократи 66 (Д66), Роб Јетен во очекување на конечните резултати од вчерашните парламентарни избори во земјата. Според последните објавени резултати околу 11:30, десно популистичката Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс води пред социјал-либералната Д66 со 1.984 гласа предност, но се уште се очекуваат гласовите на околу 135.000 Холанѓани во странство, кои би можеле да ја променат состојбата. Јетен, кого медиумите веќе го посочуваат како речиси сигурен нов холандски премиер, изјави дека не е сеедно која партија ќе освои најмногу гласови на изборите. - Дали најголема партија ќе биде Д66 или ПВВ, дефинитивно ќе направи разлика, изјави Јетен, посочувајќи дека иницијативата за формирање нова влада е на најголемата партија. Сепак, според него, по завршувањето на изборите партиите ќе им треба малку време да размислат за изборниот исходот и да донесат одлука за своите идни чекори околу формирањето на новата Влада. - Треба брзо да се формира стабилен Кабинет, во кој партиите нема да ги гледаат интересите само на своите поддржувачи, додаде претпладнево лидерот на Д66. Минатата ноќ кога неговата партија имаше предност во текот на броењето на гласовите, Јетен изјави дека многу логична опција за владина коалиција е онаа на неговата Д66 со конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), лево центристичкиот блок на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) и десно центристичкиот Христијанско-демократски повик (ЦДА). Ваквата „коалиција на центарот“ според сегашниот распоред на силите во Парламентот би имала 86 пратеници или 10 повеќе од потребните 76 за парламентарно мнозинство. Но, идејата Јетен за „коалиција на центарот“ веројатно нема да биде лесно остварлива, имајќи предвид дека лидерката на ВВД, Дилан Јешилѓоз-Зехериус во текот на изборната кампања во повеќе наврати повтори дека нема да прифати коалицирање со блокот на лабуристите и зелените. Токму изјавите на Јетен дека партиите треба „да размислат за изборниот исход“ и „да не ги гледаат интересите само на своите поддржувачи“, се толкува како порака упатена до Јешилѓоз. Јетен би имал опција наместо лево центристичкиот блок во Владата да ја вклучи десничарската ЈА21, создавајќи, но во моментов таквата коалиција на десниот центар би имала 75 места или едно помалку од потребното мнозинство, што значи дека тој би морал да бара и петти партнер или да се реши за формирање нестабилен малцински Кабинет. Според досега преброените гласови, ПВВ и Д66 имат по 26 пратенички места, пред ВВД со 22, блокот ПВДА-ГЛ со 20 и ЦДА со 18 мандати. Натаму следуваат десничарската партија Вистински одговор 21 (ЈА21) со девет пратеници, десно популистичкиот Форум за демократија (ФВД) со седум и Движењето на земјоделците-граѓани (БББ) со четири мандати. Демохристијанската Христијанска унија (ЦУ), конзервативната Реформистичка политичка партија (СГП), Партијата за животните (ПВДД), партијата на холандските Турци, Еднаквост (Денк) и левата популистичка Социјалистичка партија (СП) би имале по три пратеници, партијата на пензионерите 50 Плус (50+) два мандати, а социјал-либералната Волт едно пратеничко место.Тагови: Холандија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлбанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независностаАлбанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег... Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаатМинистерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат... Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното. „Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“ Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година. „Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“ Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата Поскапувањето на цената на парното е резултат на покачувањето на цената на гасот, која на светските берзи вртоглаво расте. И тоа не зависи ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДС.Според споредбените пресметки, граѓаните во Софија плаќаат за 18 проценти поскапо парно отколку граѓаните во Скопје, во Сараево за 44 проценти, во Белград за 81 процент, а во Љубљана за дури 86 проценти. Додека просечната референтна месечна сметка за парно во Скопје ќе изнесува 2.681 денар, во Сараево таа изнесува околу 3.858 денари, во Белград 4.860 денари, а во Љубљана околу 5.000 денари. Разбираме дека секое зголемување на цените претставува дополнителен трошок за граѓаните, но фактите и регионалните споредби покажуваат дека цената на централното греење во Скопје и натаму е значително пониска од цените во повеќе главни градови во регионот. СДС и понатаму тоне во сопствениот талог, криминален ум и безидејност, без никаква корист за граѓаните, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31