СветЈеменските Хути ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз аеродромот во Тел АвивЈеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз аеродромот „Бен Гурион“ во Тел АвивЈеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз израелскиот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, пренесоа агенциите, повикувајќи се на телевизиско обраќање на портпаролот на вооружената група, Јахја Сарија. Во обраќањето Хутите посочија дека „го нападнале аеродромот Бен Гурион со хиперсонична балистичка ракета која успешно ја погодила својата цел“. Сарија го повтори предупредувањето на групата до авиокомпаниите дека израелскиот аеродром „веќе не е безбеден за воздушен сообраќај“. Тој рече дека нападот ја демонстрира „неспособноста на американските и израелските системи да ја пресретнат“ ракетата. Како резултат на нападот, операциите на најголемиот меѓународен аеродром во Израел „целосно прекинаа со работа повеќе од еден час“. Претходно Израелските одбранбени сили соопштија дека остатоци од ракета испукана од јеменска територија против Израел се пронајдени во областа на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив. Од своја страна, израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека неговата земја ќе одговори „седум пати посилно“ на нападот. Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и многу топлоВремето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончевo УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09