Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда
2Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда
СветЈеменските бунтовници ослободија петмина вработени во ОНОбединетите нации денеска соопштија дека петмина од нивните вработени во јеменскиот главен град Сана, кои претходно беа заробени од бунтовниците Хути, се ослободени, додека на другите затвореници им е дозволено да се движат во зградата на ОН.„Движењето во зградата во Сана е овозможено за 15 членови на меѓународниот персонал на ОН и тие се во контакт со надлежните субјекти на ОН и нивните семејства. Петмина членови на националниот персонал кои беа заробени на 18 октомври во истата зграда се ослободени“, се наведува во соопштението на ОН.Тагови: Јемен ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураРаботилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“Работилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“: Иднината на кинематографијата- вештачката интелегенција како алатка, а не како закана.Во рамките на годинашното издание на Фестивалот за балкански и медитерански филм „Преку езерото“, во изминатите два дена во просториите на „ЕУ хаус“ (EU House) во Струмица и во Дојран се одржа стручна работилница на тема „Вештачката интелигенција во филмот“. Настанот, кој предизвика голем интерес кај филмските професионалци и ентузијасти, беше реализиран со финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа“. На работилницата се говореше за иднината на кинематографијата под влијание на вештачката интелигенција, како и за трансформацијата на филмските професии. Главни говорници на настанот беа Милош Џукелиќ, филмски продуцент од Србија, Момчило Алексиев, експерт од Бугарија, и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија. Српскиот продуцент Милош Џукелиќ порача дека филмските креативци не треба да чувствуваат страв од новата технологија, туку треба да ја искористат вештачката интелигенција како моќно орудие во својата работа. „Сигурно ќе се промени состојбата во филмот, многумина ќе ја загубат работата, но победници на овој процес на користење на вештачката интелигенција ќе бидат оние кои ќе успеат да се прилагодат и кои ќе научат да ја користат и како креативно средство, но и како помагало. Тоа е всушност една совршена алатка доколку умееме да ја користиме, но и мошне опасна доколку не умееме. Би ја споредил со огнот кој може да запали нешто, а човекот, пак, кога го открил огнот завладеал со светот – така е и со вештачката интелигенција“, изјави Џукелиќ. Во однос на неизвесноста што ја носи брзиот технолошки напредок, бугарскиот експерт Момчило Алексиев истакна дека иако е тешко точно да се претскаже иднината, филмската уметност дефинитивно ќе опстане, но со променети процеси на работа. „Како и секоја нова технологија, и вештачката интелигенција доаѓа со прашањето дали ќе исчезнат некои професии или ќе се појават нови. Од денешен аспект може да се рече дека ќе се променат некои професии и некои процеси на работа. Ова е најточното што може да го кажеме во овој момент, бидејќи условите и технологијата напредуваат толку брзо што е тешко да се претскаже. Јас сум оптимист во поглед на тоа дека киното ќе остане кино и ќе гледаме филмови, макар биле снимени и со вештачка интелигенција. Но, сепак зависи од нас дали ќе финансираме такви процеси, како ќе ги регулираме и на кој начин ќе се пристапува кон неа“, заклучи Алексиев. Работилницата успешно ги отвори клучните прашања за креативниот потенцијал, етиката, регулацијата и финансирањето на проекти кои користат AI алатки, потврдувајќи дека адаптацијата кон новите технологии е клучна за идниот развој на регионалната кинематографија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаЌе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агендаДенеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда, но нема изгледи дека ќе дојде до поместување кај политичките партии. Евроамбасадорот Рокас вчера рече дека очекува решение и ги повика политичките партии да постигнат договор затоа што решението е важно за реформите, европските средства и за напредокот на државата. – Навистина се надевам, има уште еден ден за да се постигне консензус. Координаторите на партиите се среќаваат на дневна основа и се надевам дека овој чекор ќе биде постигнат. Како што знаете и како што беше објавено во јавност се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени како бенефит за македонските граѓани и се надевам дека овој консензус ќе биде постигнат до крајот на утрешниот ден, изјави вчера евроамбасадорот Михалис Рокас. Левица се обиде во понеделникот да иницира средба на опозициските партии на која требаше да ги усогласат барањата за да и ги достават на власта, но до средба не дојде откако опозициската СДСМ одби да присуствува. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората, наведоа од СДСМ.Тагови: Михалис Рокас Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаМВР: Лишен од слобода Александар Лазаров- Цуната кој избега од Полициска станица во КочаниНа 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook