Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
ЗабаваЈелена Томашевиќ: Иван и јас не сме романтични, но, сме практични...Минатата сабота (03.07.2021) во „G Carpet” гостуваше една од најпознатите балкански ѕвезди, Јелена Томашевиќ. Јелена е српска, поп пејачка, со ангелски глас. Таа и нејзиниот сопруг, актерот Иван Босиљчиќ, важат за најскладен и најромантичен пар од јавната сцена на овие простори. „Јас и Иван сме романтични, емоции и романтика има, но тоа е во интимноста на нашиот дом. Покрај тоа сме и практични, правиме се’ што прават сите родители, организирањето на сите обврски за мене е практичност. Впрочем, јас мора да сум практична за да можам да ја работам својата работа. Убаво е да си романтичен но, не да се претерува. Во јавноста нашата приказна е претставена како бајка, но, бајки не постојат. Има убави моменти, кои се и најважни, и сите кои се во брак треба да ги имаат.” „Јавноста те знае како секогаш мила, умерена, дали те имаат видено и во некое друго издание, на пример нервозна?” „Јас сум многу толерантна личност, сметам дека се’ што сакам да кажам, се’ што не ми се допаѓа, можам да го кажан на убав начин. Но кога е некој многу безобразен, арогантен знам да бидам многу отсечна, знам да се одбранам и да го поставам на свое место, тоа не можете ниту да го претпоставите и најдобро е да не ме запознаете во такво светло.” „Ти си еден пример како треба да изгледа една жена, но дали имаш желба некогаш да вградиш силикони?” „Ви благодарам за комплиментот, јас немам ништо против силикони но, се’ треба да биде умерено, така многу убаво би изгледало. Сите треба да го прават она што нив ги прави среќни. Јас на себе немам направено никаква корекција, освен природни интервенции како ласер, мезотерапија и т.н.” Изминатиот период за сите музичари беше многу тежок, Јелена, за времето поминато во пандемија, рече дека најтешко и било тоа што не може да си ја работи работата, колку и да сака. Иако и во тој период, таа не била на пауза, собирала нови песни, правела демо снимки, го спремала новиот албум, кој до есен треба да е готов. Се потсети и на еден неубав период од нејзиниот живот, на разделбата со Иван. „ Во тој период, кога јас и Иван ја прекинавме нашата врска, Сергеј Четковиќ ми ја напиша песната „Да ми је да ми се врати, мој драги”, но во тој момент јас не можев да ја испеам таа песна, бев преемотивна, не сакав да оставам впечаток дека сум патетична и како да молам, и ја одбив песната. По одреден период, откако јас и Иван се смиривме, се венчавме, добивме и дете, јас му ја пуштив песната, и тој ми рече – мора да ја снимиш оваа песна, преубава е. И по неколку години му се јавив на Сергеј да ми ја даде песната, ја снимивме и стана голем хит.” „Како доаѓаш до инспирација?” „Jас немам напишано многу текстови, но, најчесто ме инспирираат животни приказни на некој мој близок или некоја моја, моментална состојба.” „Многу жени би сакале да бидат на твое место, особено кога еден маж, како Иван, за нив ќе каже „Додека сум жив ќе го паметам моментот кога прв пат ја видов Јелена на телевизија, денеска таа е моја жена”, како ти се носиш со вакви емоции и со ваква љубов?” „Тој отсекогаш бил вешт со зборовите и знаел, убаво, јасно и јавно да ги искаже своите емоции, а јас многу години се срамев и се’ уште се срамам да го направам тоа. Секако дека и јас искажувам емоции но во интимноста на нашиот дом, не пред камери. Во секој случај ова се преубави зборови.” За својот однос со Марија Шерифовиќ вели дека се пријателки и дека, од деца, нивните животни патишта се вкрстуваат. Дека една на друга си се мотивација и особено и е драго што имаат изградено убави кариери и што си се поддршка една на друга. Сама себе би се прашала „Што чекаш со изворни песни Јелена?”, бидејќи ја сака изворната музика и со години спрема проект со изворни песни но никако да го заврши. За себе вели дека најголема трема имала за време на „Евровизија”, и дека тоа е искуство кое ќе го памети цел живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter