Јазовец им помогнал на шпанските археолози да дојдат до над 200 скапоцени монети - Канал 5

Јазовец им помогнал на шпанските археолози да дојдат до над 200 скапоцени монети

Археолозите во Шпанија, благодарение на јазовец, пронашле повеќе од 200 римски монети кои со векови биле скриени во пештера.

Јазовец им помогнал на шпанските археолози да дојдат до над 200 скапоцени монети

Животното пробило пукнатина во карпата во пештерата Ла Куеста во регионот Астуриас во северозападна Шпанија и ископал монети кои подоцна ги пронашол локалниот жител Роберто Гарсија.

Гарсија потоа контактирал со археолозите, вклучувајќи го и водачот на ископувањата Алфонсо Фанџул. Археолозите веруваат дека јазовецот барал храна или копал гнездо кога влегувал во пештерата.

„Кога стигнавме таму, најдовме дупка што водеше до гнездото на јазовецот, а земјата околу него беше полна со монети“, изјави Фанџул за CNN, додавајќи дека јазовецот ископал повеќе од 90 монети.

Тогаш археолозите извршиле археолошки ископувања во областа и пронашле вкупно 209 монети кои датираат од 200 до 400 година, односно од доцноримскиот период.

Фанџул верува дека монетите биле скриени од луѓе кои бегале од варварите.

„Сметаме дека тоа е одраз на социјалната и политичката нестабилност што дојде заедно со падот на Рим и доаѓањето на варварите во северна Шпанија“, изјавил археологот.

Монетите во моментов се чистат и ќе бидат изложени во Археолошкиот музеј во Астурија, рече Фанџул, кој планира оваа година да спроведе дополнителни ископувања на локацијата.

„Го извадивме првиот контингент, но мислиме дека таму се крие уште многу“, рече тој, додавајќи дека тоа е веќе најголемото римско складиште пронајдено во пештера во Шпанија.

„Ова е единствен момент за кој сонувавте уште од мали нозе“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!

Во свет кој се менува со неверојатна брзина, приказната за Џон (101) и Џери (100) Керол од Тенеси е прекрасен потсетник за значењето на љубовта, верноста и семејството.

Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!

Тие неодамна одбележале неверојатен јубилеј – 80 години заеднички живот! И покрај нивната возраст, и понатаму живеат активно и со ведар дух.

Секој петок наутро, без исклучок, Џон и Џери одат на доручек со пријателите во локален ресторан. Оваа традиција ја одржуваат веќе половина век.

Џон, кој е ветеран од Втората светска војна, за својата виталност се грижи и со редовни утрински вежби.

А кога станува збор за тајната на нивниот долг и успешен брак, неговиот совет е едноставен:

„Почитувајте ја сопругата, помагајте ѝ и трудете се!“

YouTube video

Големо семејство

Во текот на осум децении заеднички живот, Џон и Џери добиле три деца, седум внуци, 21 правнук и едно чукунвнукче.

Нивната приказна покажува дека понекогаш токму малите секојдневни навики, меѓусебната почит, поддршката и времето поминато заедно се најголемата тајна на долготрајната љубов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана ги покажа децата, ги одведе на своето посебно место

Светската музичка ѕвезда Ријана живее во нејзиниот роден крај, Барбадос, и ужива во одморот со своите три деца, што го покажа и на фотографиите што ги објави. 

Фото: Ријана ги покажа  децата, ги одведе на своето посебно место

Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“.

Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент.

„Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а во следниот – ги носам сопствените деца на улицата на Ријана. Неверојатно е како функционира животот!“, напиша Ријана покрај фотографиите на Инстаграм.

Претходно овој месец, таа го прослави третиот роденден на својот син Раџот со раскошна забава на тема „Спајдермен“, а списанието „Пипл“ (People) објави дека прославата се одржала во нејзиниот дом на Барбадос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер