ЗдравјеЈавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку, покажува истражување на ЦГКЈавното здравство троши сѐ повеќе пари, а дава сѐ помалку услуги, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година.Според истражувањето, трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемиле два и пол пати, односно од 126 милиони евра во 2015 на повеќе од 315 милиони евра во 2024 година. Најголем раст на вредноста на јавните набавки е воочен кај клиниките и болниците, а во исто време бројот на прегледи во вкупно 55 клиники и болници е намален за 14 отсто, а на болнички денови за 24 отсто. Сабина Факиќ, која работела на ова истажување во изјава за Канал 5 вели дека се отворени сериозни сомнежи дека јавните набавки се користат како канал за финансиско извлекување средства, наместо како инструмент за унапредување на здравствената заштита. Факиќ објаснува дека со истражувањето се воочило дека тендерите за набавка на реагенси и тестови, кои достигнуваат и до 29 милиони евра, во најголем дел се само формалност бидејќи се спроведуваат за веќе одбран апарат, што значи дека, уште пред да почне постапката, јасно е кој ќе го добие тендерот. Истражувањето открива дека од 110 здравствени институции, дури во 23 нема ниту едно лице со положен испит за јавни набавки, што е спротивно на Законот за јавни набавки. Тагови: Бирото за јавни набавки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМодриќ: Ќе играм додека чувствувам страст Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот. Дерби и амбиции за титулата По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот. „Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ. Продолжување на договорот и планови за иднината Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина. „Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28