Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
МакедонијаЈавно обвинителство: Двајца осомничени за насилство врз градоначалничката АрсовскаОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата „Севастополска“. Тој, како што се наведува, се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал. - Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, пред се поради ризикот да го повтори, односно да го изврши делото со кое се заканувал, но и поради опасноста од бегство. За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост кои вклучуваат забрана за приближување и воспоставување контакт со градоначалничката и другите оштетени, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патната исправа и повремено јавување кај определено службено лице во судот. Тагови: Данела Арсовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаЛукровски со апел до карпошани: Да делуваме локалноГрадоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски со апел да излезат граѓаните на своите улици да ги поттргнат гранките и она што е полесно, а потоа службите ќе ги подигнат.Лукровски рече дека добил повици за паднати дрвја и кровови и дека засега нема повреднео. Вели дека делуваат организирано на ниво на град и дека се на терен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНевремето го оштети и објектот на Македонската опера и балет (ВИДЕО)Силното невреме што попладнево го зафати Скопје, предизвика оштетување и на објектот на Македонската опера и балет.Според фотографиите и видеата , скршени со прозорците на влезот од објектот, а водата од силниот дожд навлегла во фоајато. Вработените во МОБ веднаш по невремето почнаа со расчистување на скршените стакла. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
БизарноНеверојатна сцена во автобус: Возач ја поместил торбата поради мајка со детска количка, кога се слушнале чудни крици Напуштена женка мајмун беше пронајдена во лондонски автобус откако патник забележа чудна торба што го блокираше преминот, соопштија властите.Мајка со количка се обидела да излезе од автобусот, но торбата штрчеше од багажниот простор. Возачот потоа ѝ притрча на помош - не знаејќи какво изненадување ги чека. Оставена во кафез Кога возачот ја помести торбата, почнаа да доаѓаат звуци од неа. Набрзо беше откриено дека мајмунот е внатре. RSPCA беше повикана на местото на настанот и ја именуваа женката „Oyster“, по името на билетот за автобус во Лондон „Oyster“. Главниот инспектор на RSPCA Лондон, Клер Дју, рече дека женката мармосет била скриена во бел метален кафез завиткан во пластична кеса. Таа ги пофали возачот на автобусот и персоналот на Метролајн за тоа што останале смирени, го однеле мајмунот на безбедно место и контактирале со RSPCA. Организацијата сега се обидува да утврди кој го оставил животното во автобусот. Покрената е истрага Истражителите ќе ги прегледаат снимките од безбедносните камери и записите за пристигнување и заминување на патниците за да го пронајдат одговорното лице. Животното сега е во резерват со специјализирани установи за примати, каде што наскоро треба да биде запознаено со машки мармосет кој бара друштво. Специјалистот за егзотични животни на RSPCA, Еви Батон, рече дека приматите се многу интелигентни и социјални животни на кои им е потребен простор, ментална стимулација и соодветно друштво. Таа рече дека воведувањето на лиценцирање на примати во Англија е важен чекор кон нивна заштита, но изрази загриженост дека некои сопственици кои не сакаат да се придржуваат кон новите барања би можеле да одлучат да ги напуштат своите животни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter