3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
ЖивотЈавно достапен регистар на осудени злоставувачи на животни- гувернерот на Делавер потпиша нов закон Гувернерот на Делавер, Мет Мејер, потпиша нов закон со кој ќе се создаде јавен регистар на осудени злоупотребувачи на животни.Гувернерот на Делавер, Мет Мејер, потпиша нов закон со кој ќе се создаде јавен регистар на осудени злоупотребувачи на животни, со цел да се спречат осудените злоупотребувачи да поседуваат домашни миленици или да работат со животни. Предлог-законот, потпишан на 21 август, воспоставува онлајн регистар низ целата држава што го води Канцеларијата за благосостојба на животните, објави КоустТВ. Регистарот ќе биде достапен на веб-страницата на агенцијата и ќе ги вклучува имињата, датумите на раѓање, фотографиите и пресудите на возрасни лица осудени за кривични дела против животни. Оние со прекршочни пресуди ќе останат на списокот пет години. Оние со кривични пресуди ќе останат на списокот 15 години. Законот, исто така, им забранува на засолништата за животни низ Делавер да прифаќаат секој што е наведен како криминалец или злоупотребувач на животни. Законот, исто така, вклучува процес за отстранување од списокот: оние осудени за прекршоци можат да аплицираат за рано отстранување по две години, додека оние осудени за кривични дела мора да чекаат седум години. Во двата случаи, рехабилитацијата мора да се докаже и осуденото лице мора да се покаже дека повеќе не претставува ризик за животните. Поддржувачите на законот велат дека регистарот е неопходен за да им биде достапен на групите за права на животните и на луѓето што живеат во Делавер. Законот доби двопартиска поддршка во Генералното собрание.Тагови: животни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook