3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие
БалканЈавниот долг на Албанија изнесува 63,27 отсто од БДПАлбанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на денешната прес-конференција изјави дека на крајот на првиот квартал од годинава јавниот долг на Албанија достигнал ниво од 63,27 отсто од Бруто домашниот производ (БДП).- Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помал од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и во првиот квартал од годинава. Во однос на Бруто домашниот производ на крајот на 2022 година, јавниот долг изнесуваше 66,97 отсто, рече Ибрахимај. Таа додаде дека на крајот на првото тромесечје јавниот долг се намалил за 3,7 отсто. - Од кога го изготвивме буџетот за 2023 година изјавивме дека главната фискална политика на Министерството за финансии и економија ќе биде политиката на фискална консолидација, каде што имаме за цел намалување на јавниот долг и дефицитот, како и главните показатели за фискалната одржливост, што ќе ни овозможи во иднина да го имаме потребниот простор да се соочиме со секакво неочекувано нешто што може да ни се појави. Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помалку од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и во првиот квартал од годината. На крајот на првиот квартал од годинава долгот достигна ниво од 63,27 отсто од БДП, изјави министерката. Нашата основна цел, посочи таа, беше, од една страна, да ги зголемиме инвестициските приходи на албанските граѓани, а од друга страна, да ја зголемиме побарувачката за инвестиции, влијаејќи на забавување на каматните стапки. - Токму тоа се одрази и се случи. Сметаме дека политиката што ја следевме во однос на издавањето обврзници, во леки и во евра, е правилна политика и очекуваме намалувањето на каматните стапки за леки да ја поттикне побарувачката за кредити, и побарувачката на потрошувачите и онаа за инвестициите, оцени Ибрахимај. Таа додаде дека отворањето на шалтерите на Централна банка на Албанија за инвестиции во државни обврзници имало за цел да ги поттикне инвестициите на физичките лица во државни хартии од вредност, инвестиции со минимален ризик и кои би влијаеле на зголемување на побарувачката за владините инструменти. Надолниот тренд на нивото на јавниот долг, очекува министерката, да се забрза во наредните години. Оптимистички се процените и за нивото на економски раст со стапка од 2,6 отсто во 2023 година и се очекува да биде во просек околу 3,9 проценти годишно во следниот среднорочен период 2024-2026 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаЈП. Улица и патишта. Известување за одлагање на датум за изведба на активности на мост „БлизнакЈП Улици и патишта-Скопје известува дека планираните активности за санација на заштитната ограда на мост „Близнак“,кои беа предвидени за денес 08.10.2026г., се одложуваат.За новиот термин на реализација на активностите граѓаните ќе бидат навремено информирани. Ви благодариме на разбирањето. Со почит,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаО. Карпош: Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во КарпошОпштина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот.Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош. Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош. Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Апелираме за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие Филипче не смее и не може да си поигрува и да си прави внатрепартиски пресметки кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреби.Венко Филипче излезе во јавност со обвинувања и сомнежи и директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Филипче расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие. Не може сериозни обвинувања за злоупотреба на десетици милиони евра да се користат како оружје во внатрепартиски конфликти. Ако постојат докази, Филипче треба да ги достави до надлежните институции и целосно да се истражат. Граѓаните имаат право да знаат кој носел одлуки, кој ги одобрил набавките и дали државниот буџет бил оштетен. Наместо партиски пресметки на Филипче, очекуваме институционална постапка и одговорност. Секој сомнеж за злоупотреба на јавни средства мора да биде расчистен. Правдата не смее да зависи од тоа кој со кого е скаран. Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook