КултураЈавна расправа за Предлог законот за култура Јавна расправа за Предлог законот за култура - дел од забелешките околу децентрализација на институциите и стручните звања. Во НУ Кинотека денеска се одржа јавна расправа за новиот Предлог закон за култура. Како што информираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, законот се работеше од 2017 година и со него се очекува да се постигне современа правна рамка, која ќе биде основа за развој и унапредување на условите за ументичко творење и за заштита на културното наследство. -Нормирањето на културата ги засега сите субјекти што ја остваруваат културата и оттука од исклучитена важност е и текстот на законот да го утврдиме заеднички, во конструктивна дебата, размена на мислења, аргументи и искуства. Културата е простор каде што креативните групи или поединци дејствуваат и го движат општеството кон подемократска свест. Затоа Македонија го следи принципот на регулирање на културата на земјите членки на ЕУ, рече Костадиновска Стојчевска во своето обраќање на расправата. Како што додаде, Предлог-законот го изготвија Министерството за култура, експерти од областа на културата, на културните политики и на менаџментот, претставници од независната културна сцена, претставници од организаторите на настани (ивент-индустријата), претставници од двата репрезентативни синдикати во културата – СОНК и СКРМ и вработени во установите од областа на културата. Членот на Работната група, директорот на Кинотеката Владимир Ангелов информираше дека со Предлог законот се даваат можности и лицата кои вршат стручни работи во културата во вид на занимање како менаџери, куратори, да можат да се стекнат со правото на поволнисти како самостојни уметници. Тој образложувајќи го законот на денешната расправа рече дека во посебна глава во законот е уредено финансирањето на јавниот интерес во културата, како еден од клучните сегменти во реформата во културата, со што ќе се овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на проектите и работата на установите во областа на културата. Додаде дека како клучни прашања кои се утврдени се донесување на годишен план за финансирање во културата, со кој ќе се остварат приоритетите за финансирање на културата наредната година и како новина, донесување на план на финансирање на заштитата на културното наследство за период од пет години. -Националните установи како и до сега да доставуваат годишна програма за работа со која министерот за култура ќе биде вклучен за финансирање на годишната програма и како новина е утврдена обврската годишната програма за работа на националните установи од областа на заштитата на културното наследство, задолжително да содржи најмалку еден проект што ќе биде реализиран во партнерство, односно во продукција со уметници, културни работници, самостојни ументици, здруженија и или фондации од областа на културата, рече Ангелов. Тој напомена дека новина во законот меѓудругото е министерот за култура да може да склучи посебен договор или програма за повеќегодишно финансирање на одреден проект или активност на национална установа во согласност со законот за буџетите. Со Предлог законот, како што додаде, е утврдена и можноста врз основа на конкурс да се склучи договор за период од три години за финансирање програми, односно проекти на приватни установи, здруженија и фондации на други правни лица чиј основач не е Северна Македонија. Вера Атанасовска од СКРМ кој учествуваше во работната група за изготвување на овој Предлог закон, за време на расправата рече дека главните забелешки на овој Предлог закон се околу децентрализација на националните институции, но и во однос на стручните звања во заштитата на културно наследство. -Имаме забелешки и во однос на стручните звања во заштитата на културно наследство, значи начинот на добивање и стекнување на стручно звање и распоредување на вработените на соодветно стручно звање, бидејќи знаеме дека добивањето на стручното звање не е само работно место туку и поголеми работни обврски и водење на проекти, а во државата недостасува таков кадар. Затоа сакаме со овој закон да се доуредат тие работи да може луѓето кои ќе добијат стручно звање соодветно да им се валоририза трудот, рече Атанасовска. Јелисавета Костадиновска од Универзитетската библиотека „Св Климент Охридски“ од Скопје рече дека нејзината забелешка е за членот 76, каде што на давателите на услуги се регулира давањето на звања. -Ние се вработуваме како библиотекари, и потоа добиваме звања. Сметаме дека критериумите кои се одредени во законот се малку благи. За да станете виш библиотекар треба да имате три години работно искуство, што сметам дека е многу малку, додаде Костадиновска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter