Јавна расправа за Предлог – законот за критична инфраструктура - Канал 5

Јавна расправа за Предлог – законот за критична инфраструктура

Јавна расправа за Предлог законот за критична инфраструктура ќе биде одржана денеска во Клубот на пратеници во организација на Министерството за одбрана.

Јавна расправа за Предлог – законот за критична инфраструктура

Јавната расправа ќе ја отвори министерката за одбрана Славјанка Петровска, а ќе учествуваат проф. д-р Марјан Ѓуровски, претседател на Комитетот на проектот МКД НАТО 2030, универзитетските професори Александра Деановска Трендафилова, Весна Поповска и Горги Алчевски, Роберт Микац од Хрватска, како и претставници од Министерството за одбрана и другите безбедносни институции во земјава.

За време на јавната расправа ќе биде презентиран Предлог – законот за критична инфраструктура чија цел е градење ефективна стратегија на заштита на критичната инфраструктура како врвен национален приоритет. Во Предлого-законот се нуди решение со кое се дефинира националната инфраструктура како инфраструктура од суштинско значење за одржување на виталните општествени функции, здравјето, безбедноста, сигурноста, економската или социјалната благосостојба на луѓето и животната средина.

– Бројни се причините поради кои инфраструктурата мора да биде добро обезбедена и заштитена. Некои од причините се потенцијалните загрозувања и можноста критичната инфраструктура да биде селектирана како потенцијална цел на најразлични форми на закани вклучително и терористички напади. Други причини се поврзани со имликациите кои произлегуваат од меѓузависноста и поврзаноста на различните видови на критична инфраструктура. Дополнително, критичните информациони инфраструктури се асоцирани во сите општествени сегменти и може да бидат особено чуствитепни и ранливи на напади од страна на хакери, криминалци или терористи. Електроенергетската инфраструктура, транспортот на нафта и природен гас, снабдувањето со прехрамбени продукти и вода, здравственото обезбедување и банкарскиот и финансискиот систем се најранливи сегменти на инфраструктурата со што сами по себе заради своето значење може да претставуваат потенцијални цели на напад. Со оглед дека еден од главните предизвици во полето на безбедноста во Република Македонија денес е идентификација на сите безбедносни ризици и закани со кои може да се соочи државата, како и нивното влијание врз општественото живеење, заштитата на национална критичната инфраструктура и градењето на нејзината оптпорност заслужува соодветно нормативно уредување, наведуваат од Министеството за одбрана. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

„Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода.“

СДСМ: Мицкоски призна дека тој гони и апси

Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги одлуките на Врховниот суд за Ласкарци и Јакимовски.

Како еден премиер да брка и да затвора?

Како еден премиер да гони?

Ова е уште еден јасен доказ дека обвинителството работи по налог на Мицкоски.

Тој повеќе ниту се крие.

Тоа го кажува јавно – на телевизија, во Собранието, каде сака.

Премиерот не е обвинител.

Премиерот не е судија.

Премиерот не е полициски инспектор.

Но Мицкоски јавно признава дека „тие“ бркаат и затвораат, а „другите“ (повторно тие) пуштаат.

Тоа значи само едно:

Обвинителството, судовите, АНБ и полицијата се под негова контрола.

Правдата е селективна.

Институциите се инструмент на политичка волја.

Кога сакаат – гонат.

Кога сакаат – се оградуваат.

Кога сакаат – пуштаат, затвораат.

Ова е владеење на една организирана криминална група што ги зароби институциите и јавно се фали со тоа.

СДСМ бара итно враќање на независноста на обвинителството и судството.

Премиерот не смее да гони и да апси.

Законот мора да важи еднакво за сите – не според наредба од владината фотелја.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Психолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“

Во ООУ „Војдан Чернодрински“, се реализираше психолошка креативна работилница на тема „Мојот внатрешен чувар“, наменета за учениците од II-б одделение. 

Психолошка креативна работилница во ООУ „Војдан Чернодрински“

Целта на работилницата беше учениците да го препознаат стравот како природен заштитен сигнал на телото, да ги забележуваат телесните реакции при вознемиреност, како и да усвојат едноставни техники за смирување и начини за барање поддршка.

Преку приказната за ежето Боцко, активноста „Семафор за сигурност“ и практични вежби, учениците учеа дека храброста не значи отсуство на страв, туку способност да се препознае стравот, да се реагира соодветно и да се донесе правилна и безбедна одлука. Во рамки на работилницата, учениците изработија цртежи под наслов „Мојата картичка за храброст“, преку кои ги претставија знаците на вознемиреност, начините кои им помагаат да се смират, како и личностите од кои би побарале помош кога им е потребна. Работилницата ја реализираше училишниот психолог Наталија Наумовска Велковска, со цел преку креативни и интерактивни активности учениците да стекнат корисни знаења и вештини за препознавање и справување со сопствените емоции.

Преку реализација на вакви активности, ООУ „Војдан Чернодрински“ придонесува кон развивање на емоционалната писменост, самодовербата, чувството на сигурност и социјално-емоционалните вештини кај учениците.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“

Со апел до Републиканците да излезат масовно на изборите за Конгресот на трети ноември и соочен со можноста да го загуби мнозинството во двата дома, американскиот претседател Трамп ја заокружи дводневната конвенција во Далас.

Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“

Тој приреди необична сцена во салата, симулирајќи положување заклетва со присутните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер