Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија
2Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија
3Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?
Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
1Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
МакедонијаЈавна расправа за новиот закон за јавно обвинителствоРеформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител.Детална реформа на дисциплинските постапки, јасни гаранции за самостојноста на јавните обвинители, зголемување на институционалните капацитети и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител се клучните точки во новиот Предлог‑закон за јавно обвинителство што универзитетската професорка Александра Деановска - Трендафилова, која беше дел од работната група за изработка на законот, ги истакна на денешната јавна расправа во Собранието. Деановска - Трендафилова нагласи дека изработката на законот била тешка задача поради комплексноста на материјата, различните ставови и уставните ограничувања, но и поради потребата да се исполнат меѓународните препораки. Според неа, првичната задача била детална разработка на дисциплинските постапки, согласно препораките на ГРЕКО. - Се случуваше дисциплинска постапка против јавен обвинител да трае со години и да виси како Дамоклов меч врз него, без рокови, без евиденција, без бришење на осуди, истакна професорката. Новото решение, како што рече, воведува три категории на дисциплински повреди, со јасни рокови, мерки и критериуми за постапување. Деановска - Трендафилова посочи дека реформите мора да бидат придружени со реално зајакнување на институцијата и потенцира дека без силно обвинителство, ниту судот може да донесе квалитетни пресуди - Она што Јавното обвинителство не го поднело како обвинителен акт, судот не може да го пресуди, нагласи Деановска Трендафилова. Професорката истакна дека работната група се движела во рамките на уставните ограничувања а едно од нив е и потребното мнозинство за носење на законот, но настојувала да ја зголеми транспарентноста. Таа го нагласи и значењето на улогата на Советот на јавни обвинители. - Советот е сериозен филтер, ако не даде позитивно мислење за ниту еден кандидат, Владата не смее да предложи ниту еден од нив, појасни Деановска Трендафилова. Според неа, во делот на разрешувањето, работната група ги следела препораките на Венецијанската комисија, а во однос на одговорноста на државниот обвинител објасни дека таа мора да биде поврзана со неговите надлежности. Работната група, според неа, се одлучила за решение адаптирано на нашата ситуација, имајќи ги предвид долгогодишното искуство и резултатите на дел од обвинителите. Според јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, недоволно дефинираните гаранции за платите на јавните обвинители, ограничувањето на надоместокот за дежурства, изоставениот пристап до работно место, како и нејасната институционална позиција на јавното обвинителство, се клучните забелешки што треба да бидат поправени со Предлог‑законот за јавно обвинителство. Јавната расправа претставува важен чекор кон донесување на квалитетно и европски усогласено законско решение, кое ќе придонесе за унапредување на правната сигурност и владеењето на правото и следува откако Собранието ја утврди потребата од донесување на законот и ја помина првата фаза од собраниската процедура. Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност. Меѓу клучните новини се поефикасен систем за оценување, прецизирани критериуми за професионалност, подобрено управување со предметите и подетализирана дисциплинска постапка со јасни рокови и механизми за спречување злоупотреби. Законот ги зголемува и стандардите за транспарентност при изборот на јавниот обвинител, преку јавни седници на Советот на јавни обвинители, јавно презентирање на програмите на кандидатите и објавување на нивните биографии. Тагови: Јавна расправа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фабрика од талогот на лажни вести од СДС повторно погреши Фабрика од талогот на лажни вести повторно погреши.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА АЛЕКСАНДАР САША ДИМИТРИЈЕВИЌ Прво, МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата. Второ, не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаецот, туку во домот на неговиот татко. Трето, СДС нема докази, само шарена приказна и шпекулации. Тоа е исто така како да кажеме дека Венко зема пари за операции и тоа е јавна тајна. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе години, македонската дипломатска мрежа повторно се собира на едно место за директна, суштинска и стратешка координација. „Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува“, истакна Муцунски. Во фокусот на Советот ќе бидат европската и евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење. Во рамките на Советот, дипломатите ќе имаат директен дијалог со претседателката на државата, претседателот на Владата и претседателот на Собранието. „Кога станува збор за нашите стратешки интереси, потребни ни се институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап. Во време на длабоки геополитички промени, дипломатијата не смее да биде пасивна. Потребна ни е дипломатија која предвидува, реагира навремено, гради партнерства и одлучно ги штити националните интереси“, нагласи Муцунски. Тој посочи дека европската интеграција останува еден од централните стратешки приоритети, а дипломатската мрежа има задача јасно и аргументирано да ги претставува позициите и реформските резултати пред европските партнери и да се залага за фер и предвидлив европски процес, заснован на резултати, европски вредности и взаемна почит. Посебен акцент на годинашниот Совет ќе биде ставен на економската дипломатија. „Мојата порака до нашите амбасадори е едноставна: секој амбасадор мора да биде и економски промотор на нашата држава. Повеќе инвестиции, поголем извоз, нови деловни контакти и нови пазари за македонските компании мора да станат мерлив дел од работата на нашите претставништва. Нашите амбасади треба да отвораат врати за македонските компании и добрите политички односи да ги претвораат во конкретни економски можности“, порача министерот. Значаен дел од Советот ќе биде посветен и на модернизацијата и дигитализацијата на конзуларните услуги, подобрата институционална координација и поблиската комуникација со дијаспората. „Дипломатијата има смисла само ако создава конкретна вредност за државата и за луѓето на кои им служи. Нашата цел е македонскиот граѓанин, каде и да се наоѓа, да знае дека неговата држава е таму кога му е потребна“, истакна Муцунски. Советот ќе биде и можност директно да се слушнат амбасадорите и генералните конзули за предизвиците со кои се соочуваат на терен, како и за потребните чекори дипломатската мрежа да стане поефикасна, попрофесионална и подобро подготвена. „Од нашата дипломатска мрежа очекуваме три работи: да ги штити нашите национални интереси, да отвора можности за нашата држава и да им служи на македонските граѓани. Во четврток и петок овие принципи ќе ги претвориме во конкретни задачи, подобра координација и мерливи резултати“, порача Муцунски. Тој нагласи дека силната дипломатија не се мери само според бројот на средби, посетени престолнини или потпишани документи, туку според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради, можностите што ги отвора и резултатите што ги создава за државата и за граѓаните. „Градиме модерна и активна, професионална и самоуверена, стратешки координирана дипломатија која знае кои се нашите интереси и има капацитет да ги застапува. Дипломатија во служба на нашите граѓани, на нашата држава и на нашата татковина“, заклучи Муцунски. Министерот најави и дека утре во официјална посета на државата ќе престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој ќе биде и еден од говорниците на Амбасадорскиот совет. Во фокусот на разговорите ќе бидат продлабочувањето на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАДрама околу „Лејкерс“: Џини Бас ги тужи своите браќа и сестри поради продажба на удели Џини Бас, сопственичката и раководител на „Лос Анџелес Лејкерс“, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестри да го продадат преостанатиот удел од 17,8 отсто од семејната сопственост во клубот на Џош Кушнер и Боб Ајгер.Доколку се реализира ова, Бас би можела да ја загуби функцијата што ја извршува од 2013 година. Семејството Бас овој месец гласаше за продажба на својот преостанат удел во „Лејкерс“, но Џини тврди дека гласањето е неважечко. Нејзиниот адвокат, Адам Страјсанд, во писмото наведе дека продажбата не може да се спроведе без согласност на актуелните довереници на семејниот фонд – Џини, Џени и Џои Бас. Проблемот е во тоа што за функцијата гувернер на „Лејкерс“ е потребно најмалку 15 отсто сопственост. Доколку се продаде уделот од 17,8 проценти на семејството, Џини Бас повеќе нема да го исполнува тој услов и ќе ја изгуби својата улога како контролен сопственик. Според претходниот договор со Марк Волтер, тој требаше да остане на таа позиција барем до 2030 година. Конфликтот во семејството Бас трае со години, уште од смртта на Џери Бас во 2013 година. Џини го разреши својот брат Џим од функцијата раководител на кошаркарските операции во 2017 година, по што уследија судска тужба и обид на Џим и Џони да ја отстранат од позицијата сопственик со контролен удел. Ниту продажбата на мнозинскиот удел на Марк Волтер минатата година не помина без контроверзии. Волтер тогаш ја презеде контролата врз „Лејкерс“, при што франшизата беше проценета на 10 милијарди долари. Сепак, сега Волтер се согласи да ги продаде „Лејкерс“ на Кушнер и Ајгер за рекордни 12,5 милијарди долари. Доколку се реализира договорот со семејството Бас, тие двајца би контролирале околу 83 отсто од клубот. Според ESPN, Џини била единствената од шесте деца на Џери Бас која не ја поддржала конечната продажба на семејниот удел. Остатокот од семејството изјави дека донеле заедничка одлука да ги продадат преостанатите акции. „Ги сакаме Лејкерс и нивните навивачи и ќе продолжиме да го поддржуваме Лос Анџелес, но време е да ја искористиме оваа можност и достоинствено да се повлечеме“, се вели во соопштението на семејството Бас. Сепак, страната на Џина тврди дека семејните довереници имаат обврска да зачуваат најмалку 15 проценти од сопственоста, за таа да може да остане контролен сопственик. Семејството Бас е сопственик на „Лејкерс“ уште од 1979 година, кога Џери Бас го купил клубот од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.Тагови: ЛА Лејкерс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook