Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар
1Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните
2Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар
МакедонијаЈавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која на седница на 27 март го усвои предлогот во прво читање. Законот го предлага Министерството за правда, а Владата на седница во февруари го утврди предложениоет текст на законот, со кој треба да се зајакне независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. Клучни измени во предлог-законот, како што посочи Министерство за правда, се: детаљно уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку четири члена на Советот; засилена улога на Советот во постапката за избор и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, вклучително и можност за поднесување иницијатива за разрешување до Собранието. Исто така, со законот треба да се овозможи зајакната транспарентност на работата на Советот, преку јавност на второстепената дисциплинска постапка, со јасно утврдени исклучоци за заштита на лични податоци, угледот на странките и други легитимни интереси; воведување прецизни и јасни критериуми за избор на членови на Советот, со кои се гарантира стручност, искуство и интегритет, по пример на новиот Закон за Судскиот совет и детаљно уредена постапка за разрешување на член на Советот, со прецизирани рокови и јасни критериуми. Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го разгледа и прифати во прво читање предлог-законот за Советот на јавните обвинители на седница на 27 март, кога министерот за правда Игор Филков истакна дека тој претставува „еден од клучните столбови во реформата на правосудниот систем и зајакнувањето на владеењето на правото“, напомнувајќи дека законот добил позитивно мислење и од Венециската комисија со неколку препораки, кои се вградени во предлогот. -Овој закон е дел од поширок реформски пакет и има цел да одговори на утврдените слабости во функционирањето на Јавното обвинителство и неговите управувачки структури, како и да обезбеди усогласување со европските стандарди и препораки. Предло-законот за Советот на јавните обвинители заедно со предлог-законот за јЈвното обвинителство беа доставени на мислење до Венециската комисија и притоа таа усвои позитивно мислење со неколку препораки. Сите препораки се внесени во предлог-законот, истакна Филков на комисисиката седница, додавајќи дека донесувањето на законот ќе значи исполнување чекор од реформската агенда во областа од владеење на правото.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБеким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓанитеПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, одржа говор во Институтот за меѓународни и европски прашања (IIEA) во Даблин, посветен на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор.Министерот Сали го истакна историското значење на Охридскиот договор за завршувањето на конфликтот во 2001 година и поставувањето на темелите за поинклузивно општество, засновано врз дијалог, еднаквост и меѓусебна почит. Тој нагласи дека Охридскиот договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како трајна обврска за градење институции што им служат подеднакво на сите граѓани. „Наследството на Охридскиот договор ќе биде најсилно кога еднаквото граѓанство ќе стане вообичаено искуство во секојдневниот живот“, беше една од централните пораки на министерот. Осврнувајќи се на искуството на Ирска со Договорот од Велики петок од 1998 година, министерот го истакна значењето на политичкиот компромис, помирувањето и континуираниот дијалог за одржлив мир. Тој посочи дека, и покрај историските и уставните разлики, двата договора ја потврдуваат потребата од доверливи институции и заедничка одговорност. Министерот ја нагласи потребата од ефективно остварување на правата, правична застапеност на заедниците, професионална администрација, функционална децентрализација и еднакви можности за младите. Посебно внимание беше посветено на европската перспектива на Македонија. Министерот истакна дека владеењето на правото, заштитата од дискриминација, отчетните институции и почитувањето на различностите се истовремено принципи на Охридскиот договор и темелни вредности на европската интеграција. Тој нагласи дека кредибилен процес на пристапување кон Европската Унија е важен за реформите, стабилноста и довербата на граѓаните во европската иднина на земјата. Настанот продолжи со дискусија за наследството на Охридскиот рамковен договор, предизвиците во неговото спроведување и поуките од европските искуства во градењето мир. Кабинет на министерот за европски прашањаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотАмериканскиот Конгрес застана во одбрана на Килијан Мбапе!Од Вашингтон велат дека светската фудбалска ѕвезда не смее да се извинува за зборовите кажани за Мао Це Тунг!Специјалниот комитет при Претставничкиот дом на САД за Комунистичката партија на Кина упати остра порака до јавноста, нагласувајќи дека француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе не треба да се извинува што го нарече поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг тиранин. Во официјалното соопштение на американските претставници се истакнува дека Мао Це Тунг бил несомнен диктатор, кој со своите деструктивни одлуки и автократија му нанел на кинескиот народ неспоредливо поголема штета отколку што тоа би можела да го стори која било изјава на некој врвен спортист. Американските законодавци потсетија дека Мао Це Тунг, како еден од основачите и долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Кина уште од нејзиниот прв собир во 1921 година, е главната историска личност одговорна за децениско угнетување, идеолошки чистки и тешки страдања. Неговото владеење го одбележаа трагични периоди, како што се таканаречената Културна револуција и Големиот глад, за време на кои десетици милиони невини луѓе ги загубија своите животи. Властите во Пекинг и денес продолжуваат со истата практика на ускратување на основните човекови права – вклучително и слободата на говорот и вероисповедта – права што ги уживаат Мбапе и милиони граѓани ширум слободниот свет. Посебниот акцент во соопштението е насочен кон меѓународните компании кои побрзаа да се извинат и да ја прекинат соработката, со цел да го зачуваат пристапот до кинескиот пазар. Вашингтон потсетува дека Комунистичката партија на Кина е најголемиот угнетувач на сопствениот народ и дека секое потчинување на нејзините барања од страна на западните компании претставува срамно оправдување на угнетувањето и прифаќање на условите што ги диктира еден недемократски режим. Според американските претставници, Мбапе би требало да ја искористи својата светска препознатливост за да продолжи да сведочи за вистината за природата на автократијата во Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаСредба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај БланарПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста на континуираната словачка поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да биде кредибилен, предвидлив и заснован врз заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми. За неа, постепената интеграција и пристапот до единствениот европски пазар, европските фондови и заедничките програми, води кон приближување кон ЕУ, но не може да биде замена за полноправното членство. Таа изрази подготвеност за сестран дијалог со Република Бугарија, во духот на европските принципи и вредности, гарантирани во основачките документи. Министерот Бланар ја реафирмираше словачката заинтересираност и посветеност на евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и нашата. Тој силно го поддржа македонско-бугарскиот дијалог, како единствен начин за надминување на проблемите. Како многупати досега, министерот нагласи дека Словачка е против било какви двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ. Соговорниците ги истакнаа блиските јазични и културни врски меѓу двете земји, втемелени во делото на сесловенските браќа Кирил и Методиј. Претседателката изрази длабока благодарност за објавувањето на првиот учебник за изучување на македонскиот јазик за словачките говорители и отворањето на првиот лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Нитра, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook