Јавна кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк - Канал 5

Јавна кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк

Јавна кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк започнуваат со спроведува Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП)

Јавна кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк

Кампањата, како што информираат од МЖСПП, на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни кои гравитираат на подрачјето на идниот национален парк, со цел да бидат добро информирани и запознаени што претставува национален парк, кои се придобивките, вклучувајќи ги и социо-економските аспекти и зошто Шар Планина треба час поскоро да се заштити со закон.

Од МЖСПП информираат дека кампањата ќе започне со „Патувачко кино" во руралните средини на идниот национален парк со проекција на промотивното видео и дискусија со локалното население, а ќе продолжи со организирање тематски форуми со засегнатите страни на различни теми, како што се ловството, туризмот, руралните активности и др.

За подобро разбирање на процесот, ќе биде спроведена и јавна презентација на Студијата за валоризација на Шар Планина, а ќе се обезбеди и поголема застапеност на темата во медиумите преку гостувања и интервјуа со експерти од различни области, редовни брифинзи на новинари за процесот, како и објавување на колумни на експерти и поддржувачи.

За подобра презентација на Шар Планина и на нејзините убавини за кои се слуша надалеку, ќе бидат организирани прошетки низ природните убавини на Шар Планина, ќе се изработат и фотоприказни од успешни локални претприемачи и истите ќе бидат споделени во социјалните медиуми.

Кон кампањата се приклучуваат и организациите од платформата „Пријатели на Шара" преку конкретни активности на терен и медиумска промоција, а од МЖСПП информираат дека добредојдени да се вклучат со свои активности се и сите други организации кои ја изразија својата желба да го помогнат процесот со потпишувањето на меморандумот за соработка.

На веб страницата на МЖСПП се објавени документите поврзани со процесот и се достапни на следниот линк: https://bit.ly/3l6Ek3R

Јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк се спроведува во рамки на проектот „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето", финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а имплементиран преку Програмата за животна средина на Обединети Нации (УНЕП), регионалната канцеларија во Виена и Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија како главен партнер и корисник. Центарот за едукација и развој (ЦЕД) е локален партнер одговорен за спроведување на Јавната кампања. Дел од активностите се поддржани и од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а во спроведувањето се вклучени и Македонско еколошко друштво (МЕД) и платформата „Пријатели на Шара"./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА ги казни БиХ, Хрватска и Унгарија

 УЕФА изрече казни за фудбалските сојузи на Босна и Херцеговина, Хрватска и Унгарија поради прекршоци за време на октомвриските натпревари во Лигата на нации.

УЕФА ги казни БиХ, Хрватска и Унгарија

Најголема сума ќе треба да платат Унгарците, кои веќе имаат изречена условна казна.

Федерацијата на БиХ е казнета со вкупно 50.500 евра по натпреварот против Полска, одигран на 5 октомври.

Причините за казната вклучуваат расистички извици, употреба на ласери и пиротехника, фрлање предмети на теренот и доцнење на екипата.

Исто така, изречена е мерка за затворање на пет отсто од капацитетот на стадионот, но оваа мерка е условна во следните две години.

Хрватската федерација ќе треба да плати 57.000 евра поради инцидентите на натпреварот против Шпанија на 6 октомври.

Казните се однесуваат на употреба на пиротехника, блокирани премини и други прекршоци на трибините. Делумното затворање на стадионот, кое опфаќа 20 отсто од капацитетот, исто така е условно во траење од две години.

Според истиот извор, Унгарија е казнета со 77.578 евра по гостувањето во Украина. Поради расистичко однесување, активирана е условната казна изречена во октомври 2024 година, па така федерацијата нема да може да продава билети за еден натпревар на гостински терен.

На Унгарците им е изречена нова условна забрана за продажба на билети за гостувања, како и парични казни за употреба на пиротехника, фрлање предмети, непочитување на националните химни и оштетување на стадионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите

Бугарскиот премиер Румен Радев го изненади Брисел утринава со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин, и покрај западните санкции против Москва.

Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите

„Знаете кој е нашиот проблем во моментов во европа? Високите цени на горивата. Секој чекор за намалување на цените на горивата и за гарантирање на нашата конкурентност, го цениме“, рече Радев по пристигнувањето на дводневниот самит.Неговите коментари го доведоа во конфликт со неговите колеги лидери на ЕУ, кои остро го осудија договорот како ризичен, опасен и погрешен.

„Многу жалиме за овој договор за дизелот. Очигледно не е многу голем дел, но сепак е во погрешна насока“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Секој чекор сега за да им се помогне на Русите да го зголемат финансирањето на војната е лош знак. Затоа, ние цврсто се држиме до ставот на Зеленски.“рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФ

Фискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли  и високи претставници на ММФ

Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст.

„Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти.

Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години.

На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст.

Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година.

На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост.

На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер