Јавна дебата за примената на канабисот во медицински цели - Канал 5

Јавна дебата за примената на канабисот во медицински цели

Примената на индискиот коноп и канабисот во медицински цели, ова беше темата на јавната дебата што ја организираше министерството за здравство и агенцијата за лекови, а во која учество зедоа и голем број на експерти и граѓани.

Јавна дебата за примената на канабисот во медицински цели
За потврдување на ефектите од канабисот потребни се строго дефинирани дополнителни клинички студии со кои ќе се потврди терапевтскиот ефект и користење во строго дефинирани индикации. Медикаментите на база на канабис засега даваат резултати само во симптоматската терапија.

Ова денеска го констатираа доктори-специјалисти од различни медицински области, како и фармацевти, претставници на граѓанскиот сектор и граѓански здруженија на јавната дебата на тема „Примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели“.

Министерот за здравство Никола Тодоров на отворањето на дебатата, а во контекст на употребата на канабисот во Европа информира дека минатиот месец, вкупно 13 земји од ЕУ овозможиле употреба на канабисот во медицински цели, меѓу кои, како што наведе, се Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, ...

- Секоја од наведените земји е потписничка на Единствената конвенција на Обединетите Нации за опојни дроги од 1961 година, Конвенцијата на ОН за психотропни супстанции од 1971 година, Конвенцијата на ОН против недозволен промет и психотропни супстанции од 1988 година. Воедно, на овие конвенции е потписничка и Република Македонија, истакна Тодоров.

Министерот го поздрави присуството на доктори-специјалисти од различни медицински области кое, како што рече, ќе овозможи од повеќе различни аспекти да се согледаат можните бенефити и ризици од примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели.

Доктор Дарко Крстевски од Центарот за превенција и третман на зависници од дрога при ГОБ „8 Септември“, истакна дека пред се потребно е да се направи разлика меѓу корисниците на дрога кои употребуваат канабис и лицата кои го користат за лекување. Потенцира дека иницијативата за употребата на канабисот не произлегува од корисниците на дрога, туку од пациентите. Според него, од маслото од канабис во Македонија нема да има зависници.

Игор Кузмановски од Клиниката за нефрологија појасни дека досега легислативата околу одобрувањето за користење на препаратите од марихуана се единствено кај најтешките и хроничните болни каде што има одобрување за користење за медицински цели но, потенцира, не за излекување, туку како само симптоматска терапија.

- Најчето се користи кај болеста мутиплекс склероза како симптоматска терапија за третирање на мускулниот грч каде што дефинитивно помага, и во редукција на централната болка, како и со проблемите со мочниот меур. Тоа се единствените три симптоми каде што помага медицинската марихуана, додаде Кузмановски.

Дебатата ја организираа Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија, а е иницирана од најновите научни и медицински сознанија за употребата на канабисот во медицински цели.




YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат  Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер